Со себап излегувањето на Рагнарок, од денес ја почнувам God of War 2018. Отсекогаш планирав со оваа игра да го почнам моето патешествие наречено ПС5, но едно друго и ме заврти, изиграв ТЛОУ, РДР2, Спајдермен, Рачет & Кланк, Астробот, Хот Њеелс (пре-јака), Ит тејкс Ту, на паузи од работа Фифа 22 (оставив 250+ часа на играва и искрено жалам што сум го направил тоа, не вредеше, само што ми створи комплекси). Имам големи очекувања и од ова што го читам што го дискутирате на темава, одвај чекам да ја преџвакам, па да си ја купам Рагнарок.
Инаку, збор два за РДР2 - стигнав до Епилог 1, и решив да направам пауза за во меѓувреме да ја изиграм Год оф вор. Неверојатно искуство беше Chapter 6, играта е феноменална и затоа сакам што побавно да го „изгустирам“ епилогот, а од друга страна, и да си оставам време да ми легнат некои работи што се случија на крајот.
Од оваа перспектива, само една ствар некако не ми се допадна премногу во играта, а тоа е Chapter 5 на Гуарма. Јасно ми е зошто го ставиле тоа, има таму една сцена каде Дач ладнокрво ја убива бабата што ја потплатил да им помогне, и со тоа се гледа неговиот descent into madness, но мислам дека немало потреба да се потроши цело поглавје толку далеку од главните збиднувања, некако го убива и онака бавното темпо, шо знам...