Разликата е околу 100тина евра на конзолите? На твое место би зел диск верзија од проста причина што оваа разлика во цена ќе си ја „извадиш“ со тек на време. Јас на пример досега сум позајмил 3 игри од другари, сите три дури и на онлајн промоции држат цена, па ако пресметам дека сум заштедил околу 40 долари од една од нив, во просек досега сум играл игри што во реалност би биле околу 120 долари ако немав опција за диск. Следно што чекам е другар да ја изигра Астро бот новата, па да ми ја даде да ја поминам и јас. Нормално дека и јас ќе дадам игра на цд некому, иако севкупно само 5 игри имам на диск. Диабло 4 ја купив на release и досега, покрај мене, уште двајца ја играа. Од друга страна, The Last of Us 2 ја купив за 590 денари нова од Галерија, а Elden Ring за 1500 денари од групите на фб од еден дечко. Онлајн, дури и со попуст, е поскапо од ова, барем беше во периодот кога ги купував.
tl;dr секогаш е добро да имаш плус опција, еднаш го купуваш ова и ќе ти трае со години.