Демек моменталните ГПУ и ЦПУ не можат да поднесат 4к а?
Поради оваа педерска политика наредната генерација ќе се префрлам на x-box.
		
		
	 
Е де, смири ги хормоните, нема никаква потврда на приказните кои се шират со брзина на светлината благодарејќи на Интернетот.
Можеби станува збор за нова софтверска надградба, што и не би било некоја голема новост.
Нешто слично направија и Тесла Мотори со нивниот авто-пилот, кој првично не доаѓаше инсталиран во новите автомобили на Тесла Мотори бидејќи сеуште беше во фаза на развој, но откако го развија до функционална верзија, овозможија негово симнување од Интернет и инсталирање кај веќе продадените автомобили на Тесла Мотори кои доаѓаа без инсталиран авто-пилот.
Или па можеби Сони ќе исфрлат нова конзола во продажба, а за одржување на ред и мир во куќа, ќе им дозволат бесплатна надградба на постоечките PlayStation 4 конзоли - ма да тешко ми е да верувам во овој "бесплатен" дел.
Веќе постојат модули за појачување на одредени модели на лаптопи од MSI и од други производители со кои можеш лаптопот да го појачаш со појака графичка картица и со појак процесор, повеќе RAM меморија и поголем хард диск без воопшто да го отвораш - иако технички сите лаптопи можат да се појачаат со повеќе RAM меморија и со поголем хард диск, но не сите лаптопи можат да се појачаат со појака графичка картица и со појак процесор.
Истото е изводливо и кај PlayStation 4. Со нов софтвер, конзолата ќе работи без никакви проблеми со модул за појачување на нејзините перформанси. Лично не верувам дека би станувало збор за бесплатна надградба, бидејќи така Сони се осудуваат себеси на финансиски загуби, но истовремено би се осудиле на губење на огромен број на потенцијални идни купувачи на PlayStation конзоли доколку одлучат преку ноќ да почнат со продажба на нова конзола, а претходната која не е баш стара, да оди во заборав.