PlayStation 4

Од каде купувате игри во Скопје? Сакам да ја купам GTA 5.
 
Исто пишав пред 1 недела, кој е расположен да пиши PSN ID тука или во порака за пополека да се створи комјунити, али само од Padroni di Roma добив одговор :D. Макелеле и Мартин пишете ми ID за да ве аднам, а Мартин ако сте 5,6 души веќе, радо би ви се придружил :)
Еве и од мене PeedMyPants_mkd Иначе супер е идеата. Може да се направи community и да се собереме сите :)))
 
Дали има информации за хакнување на новите конзоли? Дали ќе чекаме уште 2-3 години, или ќе биде во блиска иднина?
 
Дали има информации за хакнување на новите конзоли? Дали ќе чекаме уште 2-3 години, или ќе биде во блиска иднина?

Никогаш, а можеби ни тогаш.

Поминаа повеќе од 2 години откако излегоа PlayStation 4 и Xbox One во продажба, и до денешен ден не се хакнати.

Но истовремено, и некои видео игри за компјутер, како на пример FIFA 16, остануваат некракувани, што говори повеќе од доволно дека очигледно хакерските тимови си заработуваат добри пари од Мајкрософт, Електроник Артс и други компании, кои им плаќаат за да не ги хакнуват/кракуваат нивните производи.

Бизнис си е бизнис.
 
Последно уредено:
Значи сега може само да се надеваме дека ќе се најде некој непознат хакер...
 
хахахахах ама стварно ако гледаме, за наш стандард игрите се прескапи. За цената на конзолата и не е толку голем проблем, бидејќи цената е апсолутно реална, ама игрите се 3000+. Да бев у некоја од западните земји каде работа што во Македонија се плаќа 250 евра, таму 1200 евра, сигурно ќе ги земав оргинал игрите. Ама вака тешко... Да се работи цел месец и на крај да ги трошиш парите на игри и не е баш убава работа.
 
Имаш и користени игри за 10-20 евра. Има и сајтови(не знам кај нас дали има) во Србија razmenaigara.com каде што се регистрираш и се јавиш на оглас и добиваш логин податоци, еден човек на титлови ми кажа дека така набавил 7-8 игри за недела дена.
 
се крчка сега нешто, изглеа до нова година ќе биде хакнат:)
 
Ќе излезе хак кога на сони ќе му одговара тоа. Исто ко со тројката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom