Playstation 3

  • Креатор на темата A__
  • Време на започнување
D

Deleted member 53418

Гостин
Се исплати ли сега да се купи PS3 ?
Колку од прилика одат на старо, да може на него да се играат и пиратски игри?
Дали може да го купам нов од Анхоч (ми одговара затоа што даваат на рати) па подоцна да го однесам во некоја од продавниците и да го хакнат?
Ја мислам не вреди имам 360ка ја ни една нова игра нема моментално ништо од јаки наслови само нов генерација ако имаш мерак што има до сеа искочено да ке има пример фифа нешто такви игри има добро видео едно за ова дали вреди сеа моментално ако најда ке ти пратам
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.903
Земав ps3 slim 120gb ама неможам да играм пиратски игри (оригинали не ми се исплаќа). Дали мора да се чипува и како оди тоа само во Скопје ли има човек што го прави тоа или како што ми кажа еден другар може да се купи USB и немора ни да се отвара. Некој шо знае сигурно да ми објасни да не давам џабе пари за USB
Тој USB мод се вика PS3 Jailbreak, а за таков мод можеш да се обратиш кај Драган ИДЦ во Аеродром или во трговскиот центар Буњаковец горе на 1. кат.

Исто така, имаш алтернатива - Cobra ODE, модификација која опфаќа отворање на конзолата и модификување за да може да се пуштаат пиратски копии од видео игри преку надворешен хард диск. И за ова можеш да се консултираш дополнително со Драган ИДЦ во Аеродром или во трговскиот центар Буњаковец горе на 1. кат.

Во постовите #2084 и #2086 убаво е прикажано и објаснето како функционира и како се модификува PlayStation 3 конзола со Cobra ODE, кој работи и со понов firmware, односно не е потребно да се врши downgrade на firmware - от на конзолата. Но дали и каде во Скопјево се инсталира Cobra ODE, ќе треба да го прашаш Драган ИДЦ или тој типот во Буњаковец.

Бидејќи видео клипот од пост #2086 не е достапен, еве друг видео клип на кој е прикажано како се модификува PS3 Slim, а кристално истата постапка е изводлива и кај PS3 Super Slim, кој се продава во Сони Галерија продавниците на Пан Европа по цена од 11.990 денари, без хард диск, односно со сопствена меморија со капацитет од 12 GB, или по цена од 18.990 денари за Far Cry 4 изданието кое доаѓа со оригинална копија од Far Cry 4 и со хард диск со капацитет од 500 GB.

Се исплати ли сега да се купи PS3 ?
Колку од прилика одат на старо, да може на него да се играат и пиратски игри?
Дали може да го купам нов од Анхоч (ми одговара затоа што даваат на рати) па подоцна да го однесам во некоја од продавниците и да го хакнат?
Секако дека се исплати, оригиналните видео игри можат да се играат бесплатно преку Интернет, за разлика од Xbox 360, Xbox One и PlayStation 4, кај кои мора да се плаќа месечна претплата за играње на оригинални видео игри преку Интернет.

Но тоа важи само за оригиналните копии од видео игри, пиратските копии од видео игри не можат ни вака ни така да се играат преку Интернет, само по дома.

Според тоа што го видов на официјалниот веб сајт на Анхоч, во моментов немаат PlayStation 3 конзола на залиха.

Но сепак ја има конзолата на залиха во Сони Галерија продавниците на Пан Европа, каде што исто така дозволуваат плаќање на рати.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 53418

Гостин
Тој USB мод се вика PS3 Jailbreak, а за таков мод можеш да се обратиш кај Драган ИДЦ во Аеродром или во трговскиот центар Буњаковец горе на 1. кат.

Исто така, имаш алтернатива - Cobra ODE, модификација која опфаќа отворање на конзолата и модификување за да може да се пуштаат пиратски копии од видео игри преку надворешен хард диск. И за ова можеш да се консултираш дополнително со Драган ИДЦ во Аеродром или во трговскиот центар Буњаковец горе на 1. кат.

Во постовите #2084 и #2086 убаво е прикажано и објаснето како функционира и како се модификува PlayStation 3 конзола со Cobra ODE, кој работи и со понов firmware, односно не е потребно да се врши downgrade на firmware - от на конзолата. Но дали и каде во Скопјево се инсталира Cobra ODE, ќе треба да го прашаш Драган ИДЦ или тој типот во Буњаковец.

Бидејќи видео клипот од пост #2086 не е достапен, еве друг видео клип на кој е прикажано како се модификува PS3 Slim, а кристално истата постапка е изводлива и кај PS3 Super Slim, кој се продава во Сони Галерија продавниците на Пан Европа по цена од 11.990 денари, без хард диск, односно со сопствена меморија со капацитет од 12 GB, или по цена од 18.990 денари за Far Cry 4 изданието кое доаѓа со оригинална копија од Far Cry 4 и со хард диск со капацитет од 500 GB.

Секако дека се исплати, оригиналните видео игри можат да се играат бесплатно преку Интернет, за разлика од Xbox 360, Xbox One и PlayStation 4, кај кои мора да се плаќа месечна претплата за играње на оригинални видео игри преку Интернет.

Според тоа што го видов на официјалниот веб сајт на Анхоч, во моментов немаат PlayStation 3 конзола на залиха.

Но сепак ја има конзолата на лагер во Сони Галерија продавниците на Пан Европа, каде што исто така дозволуваат плаќање на рати.
Реално да дадеш сега 19 илјади за пс3 е тешка глупост за 9 илјади плус имас пс4 со една игра не вреди да се земе конзола од прошлата генерација сеа моментално ништо нема https://www.youtube.com/watch?v=9WHy0q_eE-E и ке нема
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.903
Реално да дадеш сега 19 илјади за пс3 е тешка глупост за 9 илјади плус имас пс4 со една игра не вреди да се земе конзола од прошлата генерација сеа моментално ништо нема https://www.youtube.com/watch?v=9WHy0q_eE-E и ке нема
И немаш пиратерија ни за PlayStation 4, ни за Xbox One.

А доколку сакаш да играш оригинални копии од видео игри преку Интернет, барем со PlayStation 3 можеш бесплатно да уживаш во таквото задоволство.

PlayStation 3 има богата ризница на видео игри, кои кога ќе се купат на старо се уште поевтини и поисплатливи.

На крајот на краиштата, се зависи од вкусот на играчот, доколку очајнички сака да го има најновото, тогаш ќе си купи PlayStation 4 или Xbox One - особено сега кога Мајкрософт на нивната конференција на E3 2015 најавија дека почнувајќи од ова лето 2015, ќе може на Xbox One да се играат и видео игри наменети за Xbox 360.

Но сепак останува фактот дека PlayStation 3 е поевтин, може бесплатно да се играат оригинални копии од неговите видео игри преку Интернет, може да се играат и пиратски копии од видео игри на него и не е прескап во споредба со PlayStation 4.

И немој да се навредиш, но не ќе биде лошо да се префрлиш на некој поверодостоен извор на информации, бидејќи Machinima и не се баш веродостоен извор на информации, бидејќи за жал, премногу тропаат глупости, но на крајот на краиштата, тоа им е работа, за тоа ги плаќаат.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 53418

Гостин
Цело време пратам ни еден трипл а наслов нема да дае на стариве конзоли така да се мртви во поглед на некоа игра добра да излезе освен мода код и фифа ако праат друго тешко
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Нема ни да има нешто спектакуларно.А и последно време све што излезе беше крш графички.Кога ја пуштив Shadow of mordor се срамев од тоа што го гледав.ГТА беше (y),другото све шит.
 
Се си е прашање на вкус - на личен вкус.

Прашањето беше:

Дали се исплати да се купи PlayStation 3 ?

Одговорот на ова прашање зависи претежно од вкусот на играчот, можеби сака најнови видео игри, па затоа би требал повеќе да го земе во предвид PlayStation 4 наместо PlayStation 3, а можеби сака постари видео игри и не е фанатик по јака графика и софистициран гејмплеј.

Се е прашање на вкус - на личен вкус.
 
Тука и ја се сложувам со тебе добро е да има 2 типа на мислење па да си одлучи :D препорачај некоја добра игра :D за 360кава да ја играм слабо ја користам ептен
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.903
Тука и ја се сложувам со тебе добро е да има 2 типа на мислење па да си одлучи :D препорачај некоја добра игра :D за 360кава да ја играм слабо ја користам ептен
Се согласуваш дека добро е за човек да земе во предвид барем 2 типа на мислење за да донесе одлука, а истовремено бараш совет од некој кој појма нема за твојот вкус.

За почеток, јас немам конзола, со исклучок на PS One кој ми дреме во станот викендица, каде што играм NASCAR, Metal Slug, Pang и други типично релаксирачки видео игри, наменети за луѓе кои отишле да одморат и да се релаксираат.

Од пукачки ете ти ги Call of Duty: Advanced Warfare, Far Cry 4 и Battlefield Hardline од поновите видео игри, а во првата недела на ноември 2015 ќе излезе Call of Duty: Black Ops III - сите овие видео игри се достапни за компјутер, за PlayStation 4, за PlayStation 3, за Xbox One и за Xbox 360. Исто така, меѓу поновите видео игри спаѓа и Destiny, која не е достапна само за компјутер. Watch Dogs исто така е одлична авантуристичка акциона игра, достапна за сите платформи кои ги спомнав претходно.

Од тркачки ете ти ги The Crew - не е достапна само за PlayStation 3, понатаму F1 2014 и NASCAR '15 - иронично, достапни се за компјутер, за PlayStation 3 и за Xbox 360, но не се достапни за PlayStation 4 и за Xbox One, Forza Horizon 2 - достапна за Xbox 360 и за Xbox One.

Од спортски ете ти ги FIFA 15 и NBA 2k15 кои веќе се излезени во продажба, и NBA 2k16 и FIFA 16 кои треба да излезат во продажба кон крајот на септември 2015 - сите се, односно ќе бидат достапни за компјутер, за PlayStation 4, за PlayStation 3, за Xbox One и за Xbox 360.

Но бидејќи ти најдобро си го знаеш сопствениот личен вкус, најдобро е лично да се информираш за тоа кои најнови видео игри се достапни за Xbox 360 и кои од нив се по твој вкус.

Имаш одлична понуда на видео игри за сите платформи, вклучувајќи го и Xbox 360, во Југотон и во Академска Книга, односно Гејм Он, за кои можеш дополнително да се информираш на нивните официјални веб сајтови.

http://www.jugoton.mk/

http://www.akademskakniga.mk/

http://www.akademskakniga.mk/BooksM/BooksPoSubCat/727

Во Сони Галерија продавниците на Пан Европа се продаваат видео игри само за PlayStation 3, PlayStation 4 и PlayStation Vita.

http://www.panevropa.com.mk/

И ќе те замолам да не одиме повеќе оф-топик, темата на дискусија е PlayStation 3, а не Xbox 360, за кој има соодветна тема на форумов.

http://forum.kajgana.com/threads/xbox360-гејмери.33767/
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2009
Мислења
91
Поени од реакции
5
Дечки, пред некое време добив на поклон PS3 го чипував кај тоа човечето во Буњаковец и си работи ок, арно ама сега покрај тие 5 игри што ги инсталира како гратис за чипувањето сакам да си инсталирам и други. Па би сакал да ве замолам ако има некој што се разбира во врска со тоа да ми објасни(со слики или било како), нормално и доколку не му претставува проблем :) многу ке ми помогне . Р.Ѕ. Ако треба да се премести прашањево слободно преместувајте
 
Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715
Некој заинтересиран да купи PS3. Купен лани во март, со еден контролер и 10тина игри оригинали. Нечипуван. Цена ке се договориме
 
Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715
Некој заинтересиран да купи PS3. Купен лани во март, со еден контролер и 10тина игри оригинали. Нечипуван. Цена ке се договориме
Еве ги игрите IMG_2209.JPG IMG_2210.JPG
Пишете во ПП ако сте заинтересирани
 
Член од
9 октомври 2013
Мислења
8
Поени од реакции
1
Ако земеш од Анхоч на ново тешко дека ќе го шакнеш, али ефтина опција ти е да зимаш користени игри од и-беј доста се ефтини може ѕирнеш погоре некој ги имаше пишано од прилика цените. Иначе за на старо цените се различни зависи дали сакаш хакната конзола, слим, фат верзија итн најдобро разгледај на пазар3 или реклама5. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom