ПИВОЛЕНД 2011, СЦ Борис Трајковски - 31.8 до 04.9.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Барем еден асолен бенд да имаше ќе беше добро. Овие трибјут бендовиве уште најдобри ќе испаднат на крај.
 
За локацијата нема да коментирам,се разочарав скроз ама тоа е.
Сепак, ради Љубојна ке гледам да дојдам.
 
Hladno Pivo на Пиволенд. И Синтезис. И други некои што не ги знам...
 
Само Хладно Пиво ми се по мерак од до сега откриените :)
 
Hladno Pivo на Пиволенд. И Синтезис. И други некои што не ги знам...

Толку е, кругот се затвора.
Ама што е причината што идат „иститепакистите“?
- Не се способи да привлечат други, тазе, грејт бендови
- нашата audience ги знае две три песните на „ладното пиво“ што е прекрасно во односн ан други бендови. Односно, тоа што се бара, тоа се носи. Не можеш прасе да однесеш во „рибнион“ во Охрид.
 
Hladno Pivo никогаш до сега не свиреле на Пиволенд. Таксират - да, али тоа е друга тема. Како и да е, одлично што доаѓаат сега, тоа и се очекуваше...свиреа сегде, освен кај нас. А пред некој месец им излезе и нов албум. Одлична можност за промоција :)
 
Добро бе,златна локација...зашто сега ова?
 
Не би да се бунам за локација... никоаш не сум бил... ама будучи да на први ќе сум скопје ако иам кај да преспијам сигурно ќе поминам (well зависи шо ќе свири и зависи кеш)... зато уште нема да почнам да кењам безвезе, мада радо би ги слушал ареа и хладно пиво чак и синтезис, ареа пошо ги пропуштив лани :)
 
Значи годинава место Пиволенд имаме Трибјут ту Пиволенд.

Не знам што е муабетов со трибјут бендови, ама ова ми е као место адидас, адибас патики... лејм. :/
 
Не знам што е муабетов со трибјут бендови, ама ова ми е као место адидас, адибас патики... лејм. :/

Мислев на друго :), годинава нема фестивал него има Трибјут ту фестивалот, односно Кавер Пиволенд :)))).

А иначе од традиционалните АБРЕ МАКЕДОНЧЕ (само да се мрчело) на темава, локацијата се согласувам дека е срање, од естетстка гледна точка, го уништува ефектот, на сред асфалт си, нема никаков шмек, како што кажа момчено пред некоја страна фестивали не за џабе се одржуваат на такви места ливади, тврдини, полиња итн од Вудсток до Гластонбери до Егзит.
Точно е дека нема ни автобус ни тротинет до таму, ама не можам да ви го сфатам Македонскиот дембелски синдром, да не се поодело 10 минути, од Партизанска кај што миљон автобуси застануваат до Борис Трајковски. Македонче да може со кола како драјв ините во Мекдоналдс или како на патарина да се паркира пред штандот на дугме да отвори прозорот и да рече дечко две пива, и после тоа со колата пред бина да се паркира. А кога немате кај да ебете, не се буните што се пентарите до Водно и МЗТ фабриката или до паркингот кај Балканика. Не тогаш мудата и јајниците во глава ви маваат а колку бензин сте потрошиле и како сте стигнале до таму не ви е битно. Другари што не се од Скопје, со денови штеделе, доаѓале аутостоп, спиеле кој кај ќе се снајдел по Медицинари се шлепале у кола, па дури и под отворено небо, па пак после аутостопот за назад у ниедно време аутостоп, само и само да дојдат на некој концерт или фестивал, господава не знаат како да стигнат од Кисела Вода до Палас, ко да е ова пат око света за 80 дана. Лимузина да ви пуштиме јебига, да ве земе и врати.
Исто така ги поддржувам мрчачите за цената, не знам дали самите производители и импортери си ставаат по која цена ќе настапат, по договор со организаторот или како и да е, ама во секој случај промоција на пиво е ебаго не аукција на Пикасо или кафич во Охрид. Обзир треба да се има, на светски фестивали за пиво, цените и до упола паѓаат кога се фестивалските денови, тоа на крају краева е и поентата...
Што се тиче бендовите дека истите се вртеле цело време (од Балканов), ќе кажам само ок, со тој буџет и средства, и со без пари влезници нека ги донесе Мадона и Ролинг Стоунс прв јас ќе му отидам и ќе спијам у вреќа шаторска секој ден. На Балканов нема миљарда бендови тие се... Ајде бре момци малце логика. Врбување бендови значи да му платиш хонорар, патни трошкови, смештај, јадење пиење и други манипулативни и непредвидливи трошкови, а не наплаќаш карта. Добро дел покриваат спонзори ама колку може спонзори да покријат? Плус Македончето сата музика да му дрнда цело време, па мораш секаков тип на музика да имаш, и цело време од почеток до крај да нема тишина, оти ако има рок на темава ќе цмиздрат само рок имаше а јас сум хаусер, па мораш и тоа и тоа, на сите да им угодиш, и пак не чини. Ај ставете се малце од другата страна и во другата кожа. Сакаш да направиш нешто фестивалско, Пиволенд, лимитиран си со буџет и со се, немаш многу капацитети, ама се трудиш, носиш бендови, и пак не му чини ништо на Македончето кое сака авиони парада да му прават над глава за после да каже не беше Боинг авионот Ербас беше.
Немам ништо против и кавер бендовите, кога веќе тешко дека оригиналниот бенд ќе го чујам а обожавам да го слушам Пинк Флојд на пример зошто да не е и кавер? Битно ми е што е во живо песни што ги сакам, атмосфера итн.. Башка момците ги гледав на Гурманфест или како и да се викаше оној фестивалот на храна на плоштад и позитивно ме изненадија. Трибјут бендовите не се ништо поразлични од обичните тезга бендови кои ми прават и правеле ќејф во Маракана, Хавана, Балет, Мамас, Кастро... Само овие свират од повеќе бендови а другиве од еден.

Е тоа е тоа. За тие пари (ич пари) и тоа мислам дека на некои луѓе не заслужуваат ни 2% од тоа, толку музика.

На крај ќе звучам како да сум во организација на фестивалот ама не е битно :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom