Го изгледав сношти. Конечно, на саглам слика го најдов и со кејф седнав да го гледам.
Почетната сцена имаше напнатост, мислам дека всушност таа е единствената која е премногу напната од сите други во овој дел.
Немам некое определено мислење дали беше океј или не. Ама сигурен сум дека овој дел беше подобар од минатиот, кој не ми остана во некое посебно сеќавање.
Од друга страна, џабе е Пила кога е без Џигсо во главната улога, а го гледаме само во флешбек, ај колку толку да се задоволиме, ама не е тој осеќај да го гледаш Џигсо во улога на обичен човек кој оди да бара осигурување во таа установа, или да го гледаш од другата страна на кафезот со монитори околу него.
Една од подобрите страни како и секој Пила дел е саундтракот кој ја напнува повеќе ситуацијата. Мислам дека крајот би можел малу подобро да биде направен.
Низ целиот филм го имаме еден Вилијам кој некако многу лесно поминува низ стапиците. Све некако ми се чини како да не ставиле акцент на тој аспект од филмот. Колку само лесно ја помина првата стапица кога требаше да задржи воздух, па и кога мораше да бира дали да ја задржи секретарката или тој другиот. Немаше некоја голема тензија тука (според мене), само начинот на кој одбираше тој.
Убав дел, иако имам поделено мислење, од една страна ништо посебно (за разлика од 1виот дел, овој е нула), а од друга страна, имаше свои моменти филмов и некои филозофии така да.. не го оценувам, ама греота е после 5 делови од некој серијал, да не го гледаш 6тиот.