Песната над мојата

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Слушна га почетак и си викам морам да си га донесу веќ напраено кафе туј у собу. Рока ме слнце преко прозор и дип груви ритам у позадину, сфе тој га праи кафе поукусно. У траку и има мејл вокал а и луд бас кик и фанки бас линија, не е лоша прф пут гу слушам. Има малце зачини и од тек хаус, дефинитивно трака е за унутра, а не за санрајс парти или фулмун фестивали. Нешто пое алкохоли,ваљда некоја тема од хемију, знаеш алкохоли,ферментација,пјур емдиемеј,периодичен систем на елементи. Дефинитивно клаберска трака, ноќна, како што стои у наслоф. Не е лоша

Идемо нешто weird, нешто даунтемпо, јако
 
Песната на парва ќе ја слушам вечер коа ќе си дојдам, после полноќ. Таква е, за у темна соба со една флуоросцентна неонка и стапчиња шо светат. Убава ми е гитарата шо се јавува од време на време.

 
Шо да кажа за АрхиФ. Ко че се погоди Андрејов пред мене, исто ко сам да се оценувам иди :D Јаки се, и песната е јака, 10-минутни мераци се тоа.

 
Кај ги најдувате песниве, се непознато ми е :D
Значи јас како љубител на металов песнава добива огромно ДА! Стручен коментар неам, можи да се проверат и другите песници, чисто да видам дали му се добри како оваа.
 
СКА чуече :D Еднаш требаше да направам компилација со СКА музика, за в кафич, за во Апореа старата. Некој празник беше, и памта го имав и бендов во истата. Инаку не сум ептен огромен љубител на ска, но би ја слушал онака со добро друштво и пиФце. Песната си е добра, и бендот си е добар.

 
Малце оф топик
Предлог на пример да се отвори тема: Погоди го членот над тебе (со песна секако :) ).
Би била за во играчница или за тука, или воопшто да нема? Шо викате?

Иначе гледам другиве членој изгледа зафатени се многу па немаат време да ја коментираат песнава, па пак јас. Значи 2 дена ја слушам, на прво слушање ми беше досадна и монотона. Ама сеа ми стана некако интересна, и дури и мислам дека ја иам слушнато некаде ама не можам да се сетам каде :D
Добра е...
 
Ќе критикувам како и секогаш :гик:. Интересно песмиче, на пејачот некако дебел гласот ама ќе помине. Мелодијата и самата атмосфера е добра, а за солото не правам муабет, најмногу вреди од се!
Еве нешто тешко од мене.
 
Леџендарни се виа Раш. Одличен избор. Бендот кој откости во Америка, кај нас тро послабо, пошто не сме доволно хипстери и сакаме само познати песници.

 
Една девојка ја имаше постирано еднаш, ко да прошле 100 години од тогаш а не беше толку одамна.
Убава нумера, прилично меланхолична како и други што сум ги слушнал од нив, таман за сиви, студени, матни денови.

 
Јаки се брзите солажи, поготово коа ти ги размрдаат нозете, ко оро да сакаш да играш. :D Има енергија во ова првиот дел, али после е онака од шо си се изморил од рипање па стонираш. И после па...

 
Back to the basics.
Прогресив метал доколку не трипам, доста добри дечкиве според досега тоа што го слушнав.
Гитара, бас, вокал се си е на место.
Доволно добри за да ме убедат деновиве да им ја слушнам цела дискографија.

Ми имаа еден Риверсајд момент во овој дел:

The nothingness that we feel in the arms of the pale
In the shadow of the grim companion who walks with us

 
Како и секоја нивна песна текстот предизвикува мисли и добро е тоа што може да се толкува на повеќе начини. Легендата вели дека некој некогаш знаел што му се вртка на Морисеј низ главата.:D
Музиката наспроти мрачниот текст, искулирана и easy going. Така кроток и пријатен звук на гитарата. Таман за времево, оној кој ги слуша си прави услуга на сопствената душа. Едноставно музиката им се цеди меланхолија, а во текстовите обработуваат теми поврзани со самопознавање и суштината на човековиот разум. Прекрасна музика :love: . Да, дефинитивно треба да мрднам малку од The Queen Is Dead...

 
Тај е тај ритам. Тај е тај понес у музиката. Плус ми се свиѓа гитарата шо се убацува. И гласчето на Мартина<3

 
Ме нервираше првите 4 минути, после ми дојде тоа поарното делче, па пак тоа досадното експериментално... Не го очекував ова од Тул. Многу некако напнато се чуствував слушајќи ја песнава за прв пат. Слабо, слабо...
 
Цела ја ислушав бе, и ја издржав и убо ми беше. ПРетпоставувам дека Гонг е еден од оние бендови кои можат човека да го напнат доколку му сметаат звуците на прогресив, експериментирањето со фјужн џез и слично. Но напротив, си има магија оваа музика.
Ги имам чепнато како бенд, но не салам преслушано, али и тоа ќе биде. Песнава одлична.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom