Супер нумерче, особено што е од 70те ми се допаѓа, релативно непознат (за мене) бенд, малкѕ trippy на почеток (но у добра смисла). Не сум луд по вокалите, некако ми се претивки за типот музика што го слушав, не знам дали е од снимката или друго е во прашање, ама само тоа така нешто не ми беше баш по мерак многу. Како музичари се феноменални по мое мислење. Оваа на пијано уште поубаво би звучело .
Не е мој жанр на музика, но по прво слушање ми се допадна. Убава воведна мелодија, убав текст. Интересен изведувач, не би ми дошло лошо вечерва да прелистам уште нешто од него.
Radiohead ги сакам колку што ги мразам... Првите 2 албуми се добри, по ха це. овие другите ме нервираат.
Песнава е даун, бавна, ме нервира, вокалот најмногу од се... Жалам, песнава добива НЕ од мене...
Ретко поднесувам женски вокали, оваа се вади за влакно. Музичето е класика, јако нешто, доста едноставно и лесно за слушање. Поминува кај мене. The Soft Machine - Tale of Taliesin
Не сте навикнати луѓе, тоа е. Јас од цела Eвропа слушам песни а најчесто врска немам за што пејат. За текстот лесно може да се најде превод, вокалите можат да се оценат, како и музиката, no big deal really. Ви треба exposure малце, тоа е. Што се однесува до песнава над мене, не ја знам групава, но ради неа ме тера нешто да ја запознаам подобро и да преслушам повеќе материјал. Ми се допаѓаат вокалите, музиката, текстот. На моменти потсеќа на Нирвана, but that could be just me. Фала за парчево Andrew
EDIT: Аман бе луѓе а пишувам пост и стискам пушти веќе некој пишал пак . Сеа нека седи коментарот за претходната песна. За таа после неа можам да пишам дека дечкиве можат рамо до рамо со светски бендови да се стават бидејќи имаат некој светски звук со себе (се надевам дека песнава не е само некоја таква убава нус-појава од тоа што го создаваат/ле до сега). Текстот е одличен, музичето оптимален носач на истиот, вокалите се супер ко за жанрот на кој тераат.
Шкорпи, навикнат сум на други јазици освен англисиот. Слушам исландски, француски, руски рок, па и полски. Али музикава на немциве ме напнува. Плус не сум по тој тип на метал.
Како и да е, песната над мојата, нежни вокали, и онаа мејнстрим електроника со силен бас. Не ми е нешто посебно, премногу вештачки.
Од turvior не се очекува и лоша песна. Иако прв пат ја слушам, на почетокот ми призвучи како Lotus Flower, не знам зошто. Мада после стилов ми е некако како Coldplay, али сеедно добра песна.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.