се исплашив кога видов 16 минути ама си ја ислушав цела до крај, одлична е! веќе е ставена во плејлиста и барам и друго да чујам од бендов...мислам дека ептен ептен ќе му легне на шефот
Кога го прочитав насловот си помислив дека ќе биде алахуакбаренстафлакјдет, ама после ми се заарни. Интересно и уникатно за мене, немам нешто вакво слушано. Малку средношколски и комерцијално ми звучи ама не е лошо.
Ритамот константен, а вокалите ептен јако ги извозил. Ролеркостер.
Гледам доста луѓе што се соочиле со песнава се во дилема за жанрот. Останатите не сме засегнати со класификации, само уживање
Не ги знам, ја ислушав песната, интересно и добро. Иако со металот раскрстив скоро 2-3 години, пошто прибегнав кон помирна музика некако. Особено интересен ми беше делот после половината на песната, каде оди оној инструментален дел, без вокали, со пост метал жичка и таква боја на гитара.
Joк. Никош чинам не би ја слушал музиката. Чинам и дека најдобро психичко малтретирање би добил да ме врзат на столче во самица и да ми ја акнат да свири 24/7
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.