Песната над мојата

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Добро е бе, чил онака. Би се вклопило во прилепско сидро онака спрема амбиент со пиво на шанк.

Deer Tick - '20 Miles'
 
Иако не го слушам, Наум го сметам за добар вокал во таквиот вид македонска музика. Воедно песната е интересна и има некоја лесна мелодија која без да сака чоек му останува в мозок после слушање.

THE GOVERNMENT - NEBO
 
Хипнотизирачки делува песната.
Со визуелните ефекти делува и смирувачки.

Fifth Harmony-Sledgehammer
 
Јас песнава би ја поделил на два дела. Едниот дел е оној потивкиот до 01:40, а другиот е оној побрзиот од 01:40, па до крајот на песната. Потивкиот дел мислам дека ме освои. Страшно пријатно за уво, гласот со музиката се совпаѓа целосно и иако има нешто ,,мистериозно" во овој дел од песната, сепак песнава до некаде и те одмара. Побрзиот дел ми е безвезе. Со тоа што ја убрзале музиката со гитари ја уништиле песната. Да би одела песната до крај како првиот дел би била идеална:)


Нокаут и Игор Џамбазов - Во бестрага


@Erich Zann тагни некој стар љубител на темава, можеби ќе се врати некој:D
 
Слободно ќе кажам една од најемотивните македонски песни. Многу добар текст на Џамбазов. Инаку оваа верзија е добра, и е веројатно најпозната, ама јас ја преферирам од Брејк. Сепак оригинал си е оригинал...

S.A.R.S. - Pepeo
 
Песнава е вотка и комунизам, песнава е том и џери :D
Делот што го покрива пијаното добро звучи, тука спијат и двајцата, и том и џери, после таму се будат и се бркаат до крај на песната. Не знам кој победува на крајот...

Arcade Fire - Une Année Sans Lumière
 
Песнава ме потсеќа на музиката/песнине од американскине филмови кога снимаат природа, како коњи трчаат, една семејна идила........., поточно во оние делови кога завршува една битна сцена/дејство, па се прикажуваат само снимки без зборење на глумците, па потоа следи пак нова сцена:D Воглавно ова не е нешто што на мене ми се свиѓа. Премногу е монотоно, но далеку е од непријатно за уши:)


Aleksandra Prijovic - Senke


:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom