PES 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата OMGWTFBBQ
  • Време на започнување Време на започнување
Дај кажете каде низ Скопјево можам да купам асален џоестик што ќе му работат двата аналога и ќе можам да ги користам финтите на играва.
ТНТ во ГТЦ, btw успат обавезно да му речеш на продавачот да провери дали аналозите се со 360степени контрола. Или пак во Нико доле барај Logitec Chillstream ако веќе до сега го нема купено Ilumious
И 2та типа се околу 1000-200ден.
 
Ако на некој му се дава 1590(толку беше) за Логитеч Ф310, нека иде до Анхоч. Јас од таму го земав.
Не знам дали го има на други места, но мислам би требало. 360* e џоистикот.

Има од позади копче за подесување, дали да биде Logitech Dual Action или Gamepad F310.

p.s. Поефтинел во Анхоч, сеа е 1470 денари.

Ај ако сака некој да ми помогне, пред малце е инстлирав пес релоад, се е во ред се пушта ама откако ќе го инсталирам пес патч едит не сака да ми се пушти играте, дали некој можи да ми помогне? Благодарам однапред!
 
Само на ПЕС ова е корнер, а не гол! :pos:

New GoalKeeper A.I.:facepalm:

Стварно незнам што е поретардирано во ПЕС-ов,дали гејмплејот со "паметното" A.I.,судиите што судат свашта и скоро се е жолт картон,модовите со црни копачки и други непотребни ствари или коментаторот кој е поочаен од очајното.До година нека направат да неможе да се подава уопште така А.И.-то ќе биде попаметно каде каде.
Да не се праиме глупи со сила,на нешто може да се прогледа низ прсти,ама ПЕС12 и 13 имаат премногу за прогледување.Заклучок е дека се одлични само за 1на1,2на2 или онлајн за оние што имаат пари нормално,другото е катастрофа.
 
По грешка го свртев натаму Лихштајнер и го наполнив до даска пасот и иде топката накај Буфон. Си викам, ај ќе ја фати и ќе си продолжам. Топката си влезе у гол, судијата им даде корнер на АИ-то, кое после ми шибна гол:tapp:
 
Заклучок е дека се одлични само за 1на1,2на2 или онлајн за оние што имаат пари нормално,другото е катастрофа.

Леле колку појма нема ни 1 на 1 :)
Пред 3 дена ја игравме со еден другар и живци искинавме.
 
И најдобриот натпревар што некад сум го изиграл на последниве две ПЕС.
Не мрдна противникот. Заебете што е Сампдорија, се важи и она, со оглед на тоа што сум губел и од 100 пати послаби.

Super Star, да нема сомнежи.:)
Резултатот е можеби ОК, но не мрднаа воопшто.

На мастер лигава на оваа пес, се добива толку многу пари на полу и на крај на сезона, што е невозможно да банкнотираш.
Ми се свиѓа што го тргнале тоа, give a Mr.Y a chance, или освои ЛШ, или што те знам.
pes2013 2012-09-24 21-09-01-05.jpg
 
Ај не туку млатете слама со таа ПЕС 6. Ќе се враќаме сега во антиката. Па ако ја споредуваме во концепт на играта, ПЕС 6 може вода да и носи на секоја ПЕС после 2009. Таму се е по шаблон, играчите се движат како роботи, не се уморуваат никако...па ако играш со некој 1 на 1 ако е малку подобар од тебе готово. ни топка не можеш да земеш, ни ништо..како да кажам....играта е премногу пластична ако можам така да се изразам..Барем на новите ПЕС, факторот неопределеност е колку толку внесен. Треба да се помачиш, не дека не треба, АИ-то знае да биде ептен заебано, има багови, се нервираме, правиме грешки и се..ете и во реалноста Интер губи од Сиена, Ливерпул го ебаваат судиите, Реал две со ред на гости изгуби, тренерите се бесни кога губат од слаби екипи али затоа е вика РЕАЛНОСТ......али графиката кога ќе ја видам на новиве ПЕС, нешто што не можевме да го замислиме кога игравме ПЕС 6.

И Нокиа 3210 важи за еден од најдобрите телефони, ама сега сите сакате убав, фин Самсунг, Ајфон или ХТЦ, со тач, со интернет и се :) И Горењено мое џам слика вади, работи супер иако е стар 26 години али јас си сакам нов лед лцд телевизор, со хд, со усб, со лан и сл...мислам сфаќате шо сакам да кажам нели? :)
 
Прееска ми стигна репорт дека 6 играчи ми се повредени на Мастер Лигата.
Цел тим на Реал значи....Кака, Кедира, Касиљас, Рамос, Албиол и Алонсо.
Што е форава со повредиве? Преку 1 ноќ 6 повреди????
И уште ми доаѓа Кака во канцеларија и ми вика да не го ставам во прв тим пошто бил повреден, и дека не сум му правел замена затоа се повредил.....:tapp:
ЛОЛ???? Секој натпревар излегувам со различен состав и секогаш се грижам за кондицијата и одморот на играчите. Редовно ги менувам и ги одмарам сите играчи, а Кака беше тој што го менував најредовно.

После ми стигна нотификејшн дека сум добил ново име....
El Padron или како и да беше не е битно....
Добив и плави нови копачки. Абе совршенство од игра. Си вложив и 300 ГП поени за Роналдо да ми добие +3 на Attack :tapp: :tapp: :tapp:

Коментаторот катастрофа како и секоја година. Одам со Боатенг шутирам, ги гаѓам гулабите горе 100m над гол, а коментаторов се дере и вика "Omg what a chance for a GOAL!!!". :tapp:

И да, обична лига да неможеш да играш затоа што им текнало да ја отстранат????....нека се УБИЈАТ!
 
Нема опција за да си направиш свој куп/лига?
 
Да ве прашам, зошто не ми излегува силата на центаршутот кога центрирам? Автоматски си центрира. Што треба да оклучам/исклучам од помош што има за да ми излегува силата на центаршутите, т.е јас колку силно сакам толку да центрира а не он колку сака :D
 
Не сум баш сигурен, но мислам дека треба да го намалиш Pass Support.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom