PES 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата kpb
  • Време на започнување Време на започнување
На топ играта е благо речено невозможна, посебно против Барса. Баш сакам да го видам некој од програмерите кои ја праеа да го седнам да игра против Барса. Со посед им се држев 49-51, ама со шутеви на гол нема шанси. Тие 14 јас 3...си изгубив 3-0 од кои третиот беше нормално идеален слободен удар од Виља иако Фердинанд ми беше залепен до статива.
Ајде ајде, ти плачеше и за ПЕС 2010 дека не можеш да победиш никој на Топ, не пак на оваа нова. Има време, вежбај, ќе научиш. Фала Богу дека нема да може одма прва утакмица да тепаш 5:0, против најдобриот тим во играта...

Јас прва утакмица лагано го победив Милан со Барса 3:1, на Топ и 10 мин. Ибра имаше 3-4 фаула од опасни позиции, 3 пати над гол, еднаш фати Валдес :D

Него за голманите. Одете во Extra Content и отклучете ја новата „тежина“ во играта, појјака од Top Player, не знам сега точно како се викаше. Таму голманите бранат солидно.
A ако не сакате да се замарате, да собирате поени, симнете го ова и копирајте во My Documents/Konami/PES2012/save и ќе имате се отклучено.
 
Земаш Барса, на тој начин го успиваш противничкиот тим и даваш повеќе од 5 гола. Меси = Господ. Претерале.

Голманите се смотани, низ чатли им даваш голови. Неам PES играно од 6ката и малце се привикнувам сеа на одбраната али нападот е ептен лесен. Лесно голови се даваат, според мене. Ова на Professional.
 
На топ играта е благо речено невозможна, посебно против Барса. Баш сакам да го видам некој од програмерите кои ја праеа да го седнам да игра против Барса. Со посед им се држев 49-51, ама со шутеви на гол нема шанси. Тие 14 јас 3...си изгубив 3-0 од кои третиот беше нормално идеален слободен удар од Виља иако Фердинанд ми беше залепен до статива.

Ја ЛШ почнав со Барса да игра, у 1/8 од Интер губев 4-0, Пандев ми даде 3 гола со глава, ги надскока и Пујол и Пике(WTF x2?!). Валдес ја гледаше топката во сите 4 наврати. Доброто е што после се вратив колку толку, па даов 2 гола.

Иначе претходно изгубив дома од Баер 0-3(again WTF?!)
 
Само што го постигнав голот :pos:
 
Чекам да излезе англиската верзија(Релоадед/Разор) па да почнам да играм и да видам што направиле.
Инаку според коментариве гледам дека голманите биле ептен слаб. Послаби ли се од демото на Топ? Ако е така тогаш не знам зошто се жалите дека е невозможно да дадете гол.
Интересно ќе биде да се игра и да се земе пердизвиков бидејќи ПЕС играм после 6ката а да речеме дека сум повеќе наклонет кон ФИФА но оваа година ФИФА12 ме нервира најверојатно поради тоа Tactical defending и играта ми станува одбивна(затоа што сеуште неможам да научам да го играм) па ќе инсталирам ПЕС12 да видам, поздрав :)
 
во арсенал фабрегас и насри ги има ... некој ако може да ми даде пач да ги среди фудбалерите како што се
 
Најдобро е да си почекате уште неколку дена па тогаш ќе излезат пачеви со тренсфери, дресови, имиња... Инаку моментално се прави и Бундеслига пачот.
 
Ја играм од вчера и да кажам импресии.
Ако немаш џојстик, тешко дека ќе можеш да го осетиш вистинскиот Feeling на играта.
Со тастатура тешко дека ќе можеш да си ги распоредуваш играчите на теренот, а уште помалку да правиш дриблинзи и солидни акции.
Пас-системот ми се свиѓа, има одлични додавања и се прават перфектни акции.
Голманите се поправени во однос на демоата иако реакциите на моменти се сеуште катастрофални.
Одбранета топка пуштаат од раце и им влегува во гол тоа ми се случи вчера.
Блурот е останат во германската верзија и треба дополнително да се среди. (За наша среќа тоа е барем лесно).
Шутевите ми се допаѓаат, и играчите одлично се прилагодуваат и реагираат во сите ситуации од каде што може да се упати удар.
Незнам само мене дали не ми се свиѓа, али и мрежите се зафркнати...иако не се којзнае каков фактор во играта...така да сето тоа е речиси незабележително.

Новиот одбранбен систем е одличен. Го има она старо држење на X (Pass), али најчесто резултира со фаул, така да ќе треба да се користи новиот систем.
Единствената работа која што најмногу ме нервира е изведувањето на слободни удари, каде што компјутерот незнае да промаши, без оглед дали се работи за позиција од 30, 40 или 17м.
Од вчера до денес изиграв којзнае колку утакмици и компјутерот не промаши ниту еден слободен удар.
Секоја топка оди во аголот од голот, па дури и голманот да се фрли на вистинската страна нема теоретски шанси да ја одбрани топката.
А во случај одлично да го покрие аголот голманот, компјутерот ќе даде пречка-гол, така да пак ќе бидеш во негатива.
Колку сака нека биде тешко, бедно е да направиш секоја топка од слободен удар да влегува во голот. Тоа е дефинитивно надвор од реалноста.
Како и да е...тоа е тоа...и сега ќе се чека пач од песедит, пошто играва со сигурност многу ќе се игра.

Се на се, ми се допаѓа играва и одлична замисла имале КОНАМИ како треба да изгледа.
Се што треба да се направи е да се купат 2 џојстика и да се има барем малку skill и нерви :)
 
Ако може линк за торент крак ова она све шо треба по ПП ке бидам многу благодарен :)
 
А како го применувате тоа за да нема блур? Пошто нели стартно во играва нема китсервер. Спуштив еден и само го копирав и го додадов внатре тоа дт04.имг за анти-блур. И толку? Не гледам некоја разлика. А примерив при првото пуштање дека на онаа огромната камера нема блур и се гледа чисто само што играчине се мравки :)
 
Пуштив МЛ си го купив Пато :D
Неговата презентација следи подоле(1 слика, 2342342 зборови)
Pato.png
 
Ако некој ја има најдено играва NTSC-U формат за XBOX со АНГЛИСКИ јазик нека пише ПП. Фала!
 
For now...bullshit!!!
BullShit.gif
 
После изиграни неколку утакмици уште неколку pros and cons....

Добро: Кога ќе видат играчите дека е аут или офсајд не трчаат ко будали по топката него застануваат со што се штеди на енергија. Има одлични анимации при земање на топката за аут, Меси е феноменално направен, БОГ (ко у живо нели ;)).

Лошо: речиси е невозможно да се направи добар пас напред на сам играч без да ти ја земе некој топката, што беше 60% од мојата игра (на пес 2011).
Исто така потврдувам тоа што го кажа членот горе дека ако противникот шутира слободен 99% ќе даде гол или ќе погоди бар пречка, ми се нема десено да утне до сега...
--- надополнето: Sep 27, 2011 5:19 PM ---
А и Ноер е еден од најдобрите голмани во моментот, на 10-11 натпревари како игра во баерн, нема примено ни еден гол, а овде брани ко Мартин Богатинов.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom