Ај еден апдејт и од мене:
По враќањето на про полека ја варам играва
И да ја завршам оваа сезона се префрлам на топ. Значи можам да кажам дека далеку посконцентрирано играм во одбрана се поретко и поретко примам голови, а давам доволно за победа. Си навикнав една формација за дома и една за гости или за чување резултат. Дома играм 4-1-3-2, а на гости 4-2-3-1. Руни ви кажав еднаш дека не го биваше 1 и пол сезона надолу му беше стрелката и го заменив со Агбонлахор, супер е. Сега сум 4-та сезона играм најдобро досега ама ме кини тоа што имам мноогу нерешени. Скорот ми е 15-12-5 и сум на 6-место со сеуште надеж дека ќе стигнам до ЛШ. Ако стигнам ќе продолжам и 5-та сезона со Манчестер. Првиот состав ми е:
----------------------Кушчак-------------------------
Рафаел------М. Ричардс-----Видиќ-------Бејл
------------------Флечер--------------------------
Валенсија------Хамшик---------------Нани
-----Суарез----------Агбонлахор-------------
Резерви:
Де Геа
Куртис Дејвис, Смалинг, Фердинанд, Ворнок
Обертан, Љаиќ, Родвел, Роу (еден црнец од француско го зедов дмф),
Хернандез, Крауч
50/50 во смисла на странци/британци
И да ќе заборавев на крај....ме очекува финале во ЛЕ, а на патот до таму ова се резултатите:
Манчестер-Монако 0-0 (0-0) 1-0 на продолженија
Ливерпул-Манчестер 1-4 (1-0)
Манчестер-Баерн 1-0 (2-0)
Феенорд-Манчестер 1-0 (0-3)
Финале со Фиорентина
Во првенството имав серија од 5 победи со гол разлика 8-1 и дојде Виган (редовно тоа од нив) ме плесна 1-0 али то е то се случува
И да има многу нелогичности на Мастер Лигава со тоа трансферите, парите и се тоа. Ако сакаат може да го направат не дека не може ама тие изгледа повеќе се сконцентрираат на гејмплејот и графиката. За реални трансфери/пари.....Football Manager 2011