Не знам како не ги губите живците играјќи ја играва.
Додека играв успеав да го скршам џојстикот и да го отперам предниот дел на куќиштето.
Буквално бев
ваков на секој направен пас. А судијата па... значи колку ме нервира што пола саат чекам да свирне за да ја шутнам топката да му ебам тролот да му ебам! Го уништува и онака спорото темпо на игра, ми се влечат по теренот да им ебам се...
Ќе си играм фифа...
Хехехе знам друже како се чувствуваш и јас го имам искусено безброј пати истото
Ама сега можам и јас конечно да се пофалам со нешто...играм ПЕС 2011 од кога излезе демото. Сум играл преки 30+ сезони со екипи како Манчестер, Валенсија, Интер, Борусија Дортмунд и со некој помали како Катанија, Бетис...Со Манчестер имам изиргано 10+ сезони ама никогаш не освоив лига. Се нешто малку ми фалеше, сум бил безброј пати втор, трет, сум губел титула на број на дадени голови
не на гол-разлика туку на дадени голови?! Сум освојувал ЛЕ и ЛШ во тек на сезона ама ама да бидам шампион на лигата никогаш не успевав. А играм на топ, не се сум се откажувал. Имало безброј нервозни моменти, ситуации од типот: WTF како е ова можно??!?!! Па промашени пенали, па примени голови во 90+ минута....се до последниот пач од Пес едит 3.5 кој го инсталирав пред две недели и во кој ја има руската лига
И почнав сезона со никој друг туку Терек Грозни
играм играм, полека додека ги научив играчите кој на која позиција игра...купив еден Фернандо од Порто, а после и еде Кожанов од Металист двајцата со по 60-65 оверал и плус играчите шо си беа во тимот и си играм....полусезоната ја завршив на 10-то место. Не купив други играчи пошто немав пари, само 700 000
и почна втората полусезона...од кај средината негде каква серија сум направил... 8-3-0.... на 4 кола до крај ги стигнувам првите, ЦСКА и Динамо Москва кои ми бегаат 5 односно 4 бода. И таман кога помислувам дека имам шанси за титула јас играм две со ред дома нерешени 1-1 и пак се паѓа во вода...навидум...пошто последните две кола ги играм на гости со Анжи и Зенит. Ги победувам Анжи 1-0 со автогол
и пред последното коло разликата до Динамо е 1 бод, а со ЦСКА имаме исто бодови. И му гостувам на Зенит кој пак е на 4-то место и се бори за ЛЕ. Ги победувам и нив 0-1 и не знам шо се случува на другиве утакмици....кога по последниот свиреж мојве играчи скокаат се радуваат...и коментаторот вика: And now they are champions....а јас се радувам како мало дете
не ми се веруваше дека со обичен просечен тим како Терек станав шампион на Русија каде тимови како ЦСКА, Зенит, Динамо Москва имаа мил. буџети и јаки играчи. Е ако ова може да го понуди ФИФА кажете
Со ова собрав 20 мил. доволно за засилување на тимот за во ЛШ
П.С. Инаку титулата освоена во мурињовски стил, 90 % од утакмиците ми завршуваа со 0-2 гола
А не играв да речиш дефанзивно, 4-4-2.