Распадот и конфузијата во опозицискиот блок на македонската политичка сцена нема да го зајакне и такавеќе силниот рејтинг на владаечката коалиција, но нема ниту да го загрози нејзиното постоење и доминација, а најверојатано нема да има ни големи промени во однос на силите во самиот блок на опозицијата. Но, ваквиот опозициски заплет би можел да биде вовед и навестување на една нова приказна за партиските бирократии, сфаќањето на јавниот интерес и финасирањето на самите партии. Во објаснувањата на причините за крахот на опозицискиот блок во Македонија и последиците кои неминовно ќе имаме прилика наскоро да ги проследиме, се изроди помеѓу останатото и една синтагма – „политички хазард”. За толкувањето на овој поим не ви е потребен речник на странски зборови и поими. Имено, токму делувањето на самите протагонисти на овој блок ни дава експлицитно појаснување на состојбата која владее во нивните редови.
Во светот на политиката се подразбира калкулирањето и превземањето на чекори со одреден ризик се со цел да се постигне саканиот полтички резултат. Вака, се чини се е во ред. Впрочем тоа е и целата на секоја политичка платформа. И тука до некаде може да се појасни поимот „хазард”, но каде е тука „политиката”? Токму таму што сегашниот лидер на опозицијата СДСМ ги ”остави” истите партии да се обидат „самите” да си ја пронајдат својата позиција во опозицијата. Ваквиот однос на СДСМ е се само не наивен чекор кој секако не е без добра пресметка.
Ова е сосема доволно за почеток на една нова „сигурна приказна” за односите во триаголникот СДСМ – НСДП –ЛДП. Тешко дека на СДСМ би и одговарало да си ја смени сегашната лидерска позиција на опозицискиот блок.
На СДСМ, не и одговара на наредните избори да се појави во коалција со партии со кои доживеаа групен дебакл на претходните избори. На нејзе и треба сигурен статус во момент кога во Македонија се очекува да пристигне бран на криза од Западот и таа како партија се обидува на сите можни начини да се врати во игра од која излезе по изборите во 2006 година. На СДСМ, доколку се погледнат резултатите на релевантните истражувања и анкети, изборите најмалку и одговараат. Би било рамно на политичко самоубиство ако во нив уште влезе „носејќи ги на грб” останатите партии од опозицискиот блок. Најмногу што им одговара е да ги остави да настапат сами притоа следејќи ги континуирано во нивните настапи и резултати. Поради тоа што сестринските партии на СДСМ се дрзнаа да се осамосталат ги чека лекција која во себе ќе има доста поуки и ќе ги постави на своите места кои таа смета дека треба да ги држат. Реално, на следните избори партиите кои сега најавија самостен настап нема да остварат поголеми резултати. По тоа, матрицата ќе ги прибере повторно во јадрото и така, како мали деца кои згрешиле, ќе им ги прибере резултатите и ќе им овозможи со наведната глава да функционираат под нејзино водство и за нејзини цели под нејзин политички аранжам.
Колку да им покажат дека нивна добра волја е ваквото делување социјалдемократите демонстрираат тактика на калкулирање. Додека ги оставаат сега бившите коалициони партнери сами да настапуваат и се борат за свое место под македонскиот политички чадор, во меѓувреме СДСМ прави обиди за политички флерт со помалите партии од блокот на власта. Имено, СДСМ прави обиди да ги агитира во своите редови таканречените сателит – партии на Груевски, пред се тие што ги застапуваат помалите заедници. СДСМ им нуди на партиите на Ромите и Турците да настапат заедно на локалните избори, и покрај тврдењата дека сами ќе настапуваат на престојните избори.
Тоа пред се се прави во смисол на приходите кои се секогаш потребни, а расходите за политичките одмерувања се секогаш зелени како зелено светло на запуштена пруга, парите се адут за наметнување и примамување за секоја политичка цел која сака СДСМ да ја постигне.
Особено ако тоа може да се протне и во изборниот законик. А, последиците? Според СДСМ самите се поголема сила од се и за нив секој дил е добро пресметан. Политичкиот комар за нив е отворено поле за демонстрирање на својата долгогодишна трупана финасиска моќ. Кај нив владее законот дека секого го стига шамарот на нивната „невидливата рака”.
Ова, секако не е единствен пример на арогантното однесување на социјалдемократите. Грешките на СДСМ се далеку побројни отколку што тоа го покажува „медиумска статистика”.
Како што стојат работите се поизвесно е дека работите за опозиционерите на престојните избори ќе тргант на лошо. Доколку сега се погледнат дури и најоптимистичните калкулации опозицијата на престојните избори ќе го потврди својот политички крах. А тоа ќе се види мошне брзо. И што тогаш?
Сегашниот лидер на опозицијата преставена во ликот и делото на СДСМ ќе се појави пред опозицискиот блок како мајка и маќеа. Во исто време. Како суров и безмилосен џелат, кој без грам милост ќе си го земе тоа што според нивната смисла и толкување на нешата им припаѓа. И така работите ќе се постават на едно место се до најавеното доаѓање на месијата во мај 2009 година.