Bratot
Стоик и Машкртник!
Е не било мед и млеко...
ама стварно неможам да ве разберам, ова 'патриотиве' големи, како може да ви смета времето на кое Македонија го помина во СФРЈ под комунизам, кога тогаш дефакто почнавме да се составувме како независна држава, со јазик, националност и се друго.
И второ, НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ кои се знае дека биле на чиста македонска линија биле лево ориентирани т.е. социјалисти, комунисти или анархисти.
Имаш нешто против нив?
Сезналицо... токму најголемите македонски патриоти беа жртви на режимот. Не сквернави политичка идеологија со борба за национална кауза јасно!!?
Најголемата штета на земјава и е дојдена токму од страна на политичката поделеност, без разлика на која идеологија припаѓал.
И не се работи за патриоти или предавници, се работи за совест и човечки вредности, па потоа штитење на националните, културни интереси.