ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Учеше дека си само словен и дека немаш многу врска со Александар, луѓе како Павел Шатев, и сл. ти беа претставувани како предавници и бугараши, за Егејците учеше по еден пасус, ама затоа знаеше се за Његош, не смееше да дознаеш ништо за дивеењето и злосторствата на Србите на овие простори, итн.Аман бе, толку лошо беше?
Јас имам 38 години и поминав некаде 20 години во СФРЈ, не се сеќавам некој да ми правел проблеми...
и кога си цртав голема Македонија да му ја покажам во Црна Гора, Хрватска...
и на училиште кога си учев на чист Македонски јазик, иако сега има еден куп кои гледаат на исток и ми прават проблем дека не постоел тој јазик...
и си учев историја во која пишуваше за АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, со картите на неговите освојувања, иако сега има такви кои велат дека мора да се тргнат тие карти од нашите учебници...
...и еден куп други работи кои искрено направија држава од Македонија.
И НАЈБИТНОТО СИ БЕВ МАКЕДОНЕЦ БЕЗ НЕКОЈ ДА МЕ ФИРОМИЗИРА
Жално е тоа што има луѓе како тебе АДА кои не разбираат дека права држава имаме од 1945, а не 1991 година.
Понатаму, во главата ти беше усадувано дека си пред се Југословен, и дека да се врзуваш за нација е ускоградо, затуцано, погрешно.
Едноставно, суптилно ти беше истиснувана емоцијата која те поврзува со Македонија, и на нејзино место ти беше всадувана онаа за Југославија и "братските" ни народи.
Види, никој не ја негира економската благосостојба и напредок кои сме ги доживеале тогаш. Никој не ги негира благодетите на големата и од секој признаена република, од која сме биле и ние дел. Никој не може да негира дека во тие години и официјално сме добиле држава и литературен јазик. (и ако некој ова го негира, онда е стварно затупен).
Ама да ми збориш дека се негувал патриотизмот, се потикнувало Македонското чувство, дека се поздравувала Македонската различност, и тоа кога си контролиран од Београд...дај те молам.