Си го тера бизнисот повеќе од 5 години и засега не делува незадоволен или загрижен.
Уште долго да си го тера бизнисот, и му посакувам успех и многу повеќе заработка. Не верувам дека се споделува со тебе, бидејќи е неисплатливо, причината ти ја кажав погоре, ама повторно ќе ти објаснам.
1. Дали ќе добиеш легална трансакција, или ќе извршиш фантомска трансакција и ќе купиш производ, државата има увид во тоа кога производот доаѓа на граница.
- Секој купен производ оди на царина, во случај вредноста да биде под 45 долари, подлежи само на проверка / отварање што се наплаќа дополнително.
- Секој купен производ над 45 до 100 долари, подлежи на 10% царина од неговата вредност што е = на данокот на заработка.
Заклучок = Win
- Времето потрошено во чекање, при продажба на неотпакован производ може да биде надополнето со одредена додатна заработка. = 2xWin
- Во случај да е користен производот падот на цената е од минимум 10%, и сега си во загуба.
- Секој купен производ над 100 долари, подлежи на 10% царина и на 18% данок, што веќе поминува над тие 10% што ги земаат од УЈП и си во загуба -18% од заработката.
- Повтори ја постапката од горе, само додај константна загуба.
2. Државата може да ти побара потекло на финансиите преку кои е купен производот, што мене лично ми се случи.
3. Другарчето твое може и всушност тоа му е и бизнисот, купи - продај со процент на заработка од негови лични трговски канали.
Во секој случај, дајбоже сите да успееме во оваа свера на е-бизнис бидејќи реално пазарот е огромен, а и заработката е повеќе од задоволувачка, PayPal ние нема да намирисаме за скорo...