Ај и од мене еден пост, се надевам ќе им помогне на повеќето бидејќи и јас самиот сакав да верувам во тоа што ќе го прочитав на интернет, посебно од објавите на едни во ФБ групите со бизнис сметки, бизнис картичка итн итн итн.
Уште во тој период (околу година дена), ваљда гледавте објави, блог постови дека ПејПел за МК може да се креирал со бизнис сметка и бизнис картичка. Тоа не испадна точно зошто ПејПел ја нема Македонија како прифатена држава за примање пари. Пробувавме со различни картички, со различни фирми, со различни броеви и мелови, утепавме доста време за на крај официјално ПејПел да ни прати меил со објаснување дека не дозволуваат Македонски корисници (зборам за примање и повлекување пари). Али како и да е, одиме понатаму.
Кога и да пробував да се регистрирам на Пејпел, која и држава да ја ставев во последниве неколку месеци, секогаш не редиректираше на Македонскит Пејпел односно во УРЛ-то додаваше /mk, па со самото тоа, автоматски ги немаш сите привилегии. Завчера, пробав повторно и овој пат некако пројде до крај. Значи креиран е Пејпел на словенското УРЛ со држава Словенија, со ВИЗА картичка на наша НЛБ. Креиран е персонал профил, за подоцно да се смени во бизнис/индивидуал. Верифицирана е картичката, како и секоја друга со обичниот код што го праќаат на трансакциска.
Направив неколку трансакции помеѓу пријатели, ситни трансакции чисто да видам дали ќе пројдат. Беа успешни и побарав повлекување на картичка (0.37 ЕУР, толку останаа поради провизијата). Како и да е, до сега е све ок.
НО, каде мислам дека почнува проблемот (како и некои други што имаат кажано):
За да додадеш банкарска сметка и да ја верифицираш истата, во полето ја нема Македонија како држава. Што значи, неможеш никако да додадеш сметка. Постои опција да повлекуваш пари цело време на картичка а не во банка, но како и да е, мора во еден момент да покажеш сметка во банка од државата каде си го креирал профилот.
Значи ете, постои некоја опција за креирање на профил но дали и до кога ќе функционира, незнам. Очигледно е дека не е легит профилот но не ми е јасно како смее ова да постои. Која е логиката да се заобиколуваат овие закони на Пејпел кога пак на крајот ќе бидеш блокиран.
Ова не смее да постои и мислам дека е пропуст на Пејпел. Како толку јак сервис, треба да има некоја заштита кога ќе види картичка и број на телефон од друга држава, автоматски да те блокира или пренасочи на друг линк. Барем за првиот чекор за регистрација... па потоа корисникот ако има странски телефони и картички, нека ги додаде.