PayPal (официјална тема)

Член од
23 јануари 2012
Мислења
107
Поени од реакции
61
Ајде да ја поддржиме иницијативата што беше најавена пред месец-два, што поголем број се приклучат = поголем притисок врз институциите + поголема оправданост некој релевантен конечно да мрдне со мал прст:

Иницијатива: Пејпал за продажни места во Македонија
Основачот и со-сопственик на Логин Системи, Венко Глигоров, заедно со дел од фесјбук и твитер заедницата покренаа иницијатива за воведување на Пејпал (PayPal) како платежен сервис за продажните места во Македонија.

Извор:
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/inicijativa-pejpal-za-prodazhni-mesta-vo-makedonija

Постот на г-дин Глигоров:
https://www.facebook.com/VGligorov/posts/671248159732612[DOUBLEPOST=1498062341][/DOUBLEPOST]Надополнување: Втора добра вест на денот:

Според извршната директорка на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ, онлајн продажбата може да се забрза само со воведување на пејпал кој се смета за посигурен инструмент при онлајн плаќањето.
- Апелирам до надлежните органи во Македонија да се воведе инструментот пејпал кој се смета за поголема сигурност при плаќањето. Кога во Македонија ќе се овозможи плаќањето преку пејпал тогаш мислам дека ќе се забрза и плажањето и купувањето преку интернет, изјави Милутиновиќ.

Извор:
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=121532#.WUqdu9xLeHs
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
8.931
Поени од реакции
8.075
Еве понов Update.

Браво за новата влада, ако му праќаш пари на некого чисто за финансиска помош, а не за да му платиш за производ/услуга, сепак примачот ќе мора да плати данок на приход.

Уште малку и да почнат и секоја трансакција во банка да ја третираат како приход, па ќе можеме слободно да се вратиме на чување на парите под душеците.

Последно уредено:
Член од
23 јануари 2012
Мислења
107
Поени од реакции
61
Еве понов Update.

Браво за новата влада, ако само му праќаш пари на некого чисто за финансиска помош, а не за да му платиш за производ/услуга, сепак примачот ќе мора да плати данок на приход.

Уште малку и да почнат и секоја трансакција во банка да ја третираат како приход, па ќе можеме слободно да се вратиме на чување на парите под душеците.

Ако е за наш, ќе му пратиш преку банка :) Инаку Венко баш и не кажува се во секој твит. Иако онака како што е кажано е моменталното најбрзо и единствено логично решение за да се спречи перење пари во отсуство на механизми за утврдување на потеклото на сите примени средства преку ПП.... (ова го кажувам бидејќи веќе знаеш дека кај банкарски сметки, не се плаќа данок за прилив на средства пратени од физичко лице, без разлика од која држава е, но УЈП има тотален увид кое својство го има праќачот на средствата).... сепак останува да се види допрва како ќе го уредат тоа бидејќи моментално(***) данок за пари повлечени од сопствен акаунт на електронски процесор не подлежело на оданочување (***уште пред 2-3 години вработена во девизно во НЛБ ме уверуваше дека за тие пари не треба да се плати данок по некојси Закон).

Ако работава бидне, се знае другар, ќар имаат тие што заработуваат на овој или оној начин. А тоа што нема да можеш да пратиш финансиска помош преку ПП на наш човек верувам не е страшно воопшто :) Наместо 20% преку Фивер & Co + 2% Payoneer, мал напор да извлечеш клиент од таму и добиваш 10% данок + 2-3% Paypal receiving fees. Јас сум задоволен со тоа. И впрочем, на многу места не ни можам да бидам присутен бидејќи немам асален ПП. Сега кога ќе имам со задоволство и ќе си сработам и ќе бидам побогат и најчесно ќе си платам данок за средства префрлени од ПП на банкарска сметка без никакви проблеми. Штом бидне идам кај колега Тевдовски и ќе му бацам рака :) Инаку браво за новата Влада комплет (МФ, МЕк, МИО), уште пред 7-8 години кога најмногу ми требаше ПП чувствував дека некој од сегашната опозиција нешто намерно кочи (за CaSys ?) и дека треба промена на власт да дојде за да се реализира.
 
Денес 10%, утре 20%, заутре xx%, ти слободно бацувај рака на кого сакаш, со оданочување на трансакции од едно физичко лице кон друго физичко лице на PayPal, само ќе продолжи досегашната пракса на примање пари преку словенечкиот PayPal.

А бидејќи речиси половина народ веќе има татарски пасоши, остануваат и други опции отворени.
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
107
Поени од реакции
61
20ка ти е шпекулација.

Имаш грешка во напишаното. Не се оданочува трансакција од едно физичко лице кон друго физичко лице на пејпал, туку (според Венко) ќе се оданочува трансакцијата на релација правно лице Пејпал > твоја банкарска сметка.

Забораваш дека ако одреден вид трансакции станат предмет на оданочување, имај ти и од Нарнија пејпал - ако не платиш - затајуваш данок. А за Бугарија... таму поинаку е демек ? Или само криењето од тамошното УЈП (што значи и нашето, бидејќи тука ќе те прашаат дали си платил данок таму) е успешно ?
 
Денес 20% данок ми е шпекулација, ама за утре ни јас ни ти не знаеме.

Но досегашната пракса вели дека плавите жолтици милуваат да ги зголемуваат даноците кога се на власт, додека пвеводбениците милуваат да ги зголемуваат паричните казни кога се на власт.

Никаде во твитовите на Венко Глигоров не пишува ништо за релација правно лице PayPal-банкарска трансакциска сметка, пишува единствено дека приливите ќе се третираат како промет и ќе подлежат на оданочување како секој друг приход.

Воопшто не ми беше целта да ја посочам Бугарија како даночен рај - бидејќи не е, туку поентата ми беше дека на луѓето со татарски пасош отворени им се границите на сите држави членки на ЕУ, каде што нема потреба од вадење дозвола за работа или работна виза.

Со пакувањето на парталите и заминувањето во било која држава членка на ЕУ - а ги има 27 без Велика Британија која се подготвува за напуштање на ЕУ - било која личност со државјанство од држава членка на ЕУ ќе може да отвори трансакциска сметка во банка од било која држава членка на ЕУ.

Всушност, можеме и да го баталиме пакувањето на парталите и заминувањето во било која држава членка на ЕУ, со татарскиот пасош доволен ќе биде и еден евтин повратен лет до било која држава членка на ЕУ со ниска даночна стапка - далеку пониска од 10%, поради што на новопечените македонски татари пак ќе им биде поисплатливо да си тераат бизнис преку словенечкиот PayPal или било кој друг PayPal, освен македонскиот PayPal.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.523
Поени од реакции
1.848
Всушност, можеме и да го баталиме пакувањето на парталите и заминувањето во било која држава членка на ЕУ, со татарскиот пасош доволен ќе биде и еден евтин повратен лет до било која држава членка на ЕУ со ниска даночна стапка - далеку пониска од 10%, поради што на новопечените македонски татари пак ќе им биде поисплатливо да си тераат бизнис преку словенечкиот PayPal или било кој друг PayPal, освен македонскиот PayPal.
Која е таа земја во ЕУ со даночна стапка далеку пониска од 10%?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.931
Поени од реакции
8.075
Која е таа земја во ЕУ со даночна стапка далеку пониска од 10%?
Не знам, не се разбирам од даночните системи на 27-те држави членки на ЕУ, но знам дека досега никој не се пожалил на темава за примање пари преку словенечкиот PayPal, вклучувајќи ме и мене - за цела 1 (ЕДНА) трансакција која ја имам направено од поодамна.

Ај да видиме што навистина планираат да воведат плавите жолтици, можеби ќе ни се усреќи, па ќе ги оданочуваат сите трансакции од над 150 или од над 200 евра месечно.

Но да се оданочува секој денар кој пристигнува преку македонскиот PayPal ќе биде чист идиотизам и да бидам искрен, јас би останал со словенечкиот PayPal во такви услови, иако воопшто не го користам за примање пари.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
11.446
Поени од реакции
13.582
Еве понов Update.

Браво за новата влада, ако му праќаш пари на некого чисто за финансиска помош, а не за да му платиш за производ/услуга, сепак примачот ќе мора да плати данок на приход.

Уште малку и да почнат и секоја трансакција во банка да ја третираат како приход, па ќе можеме слободно да се вратиме на чување на парите под душеците.

И сега се плаќа пари за примање на пари од физичко лице на транскациска, јас ги пријавувам тие приходи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.931
Поени од реакции
8.075
И сега се плаќа пари за примање на пари од физичко лице на транскациска, јас ги пријавувам тие приходи.
Јас еднаш примив пари преку словенечкиот PayPal, сумата беше пониска од 100 евра, никогаш не ја пријавив и до денешен ден не сум имал никакви правни или финансиски проблеми поради тоа, а беше пред повеќе од 3 години.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
11.446
Поени од реакции
13.582
Јас еднаш примив пари преку словенечкиот PayPal, сумата беше пониска од 100 евра, никогаш не ја пријавив и до денешен ден не сум имал никакви правни или финансиски проблеми поради тоа, а беше пред повеќе од 3 години.
Абе јас ти кажувам како треба, а сега дали си пријавил или не то е сосема друга работа.

Така да сосема нормално е да се плаќа данок за префлање на пари на физички лица преку PayPal, исто како да ти ги префлраат на трансакциска сметка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.931
Поени од реакции
8.075
Абе јас ти кажувам како треба, а сега дали си пријавил или не то е сосема друга работа.

Така да сосема нормално е да се плаќа данок за префлање на пари на физички лица преку PayPal, исто како да ти ги префлраат на трансакциска сметка.
На мене безброј пати ми имаат префрлувано на трансакциска сметка и никогаш не сум пријавил приход. За волја на вистината, секогаш станувало збор за суми пониски од 100 евра и за трансакции од физичко лице на друго физичко лице, а не за трансакции од правно лице на физичко лице.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.081
Поени од реакции
948
мислам дека трансакција помеѓу две физички лица не се оданочува. ако пак трансакција е за плаќање на завршена услуга тогаш треба да ја пријавиш.
ако роднина ти прати пари не со оданочува, ако некој ти прати пари за нешто што си му продал преку огласи, издавал соби итн. тогаш тоа се оданочува.
 
За издавање на соби е во ред, а за продажба преку огласи е чист идиотизам, бидејќи бесмислено е да се плаќа данок за предмет за кој претходниот сопственик веќе платил данок.

Утре ќе го продавам телевизорот или компјутерот за кој веќе сум платил данок, па сега новиот сопственик повторно да плаќа данок е чист идиотизам. Но за среќа тоа е идиотизам кој може да се избегнува, бидејќи купувачот му ги дава парите на продавачот на рака и со здравје нека си ги троши.

И јас се согласувам да се плаќа данок за продадени производи - на ново, а не на старо, како и за услуги преку PayPal, но да се плаќа данок затоа што некој роднина или пријател ти пратил пари од едно физичко лице на друго физичко лице, е чист идиотизам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom