Parks and Recreation

  • Креатор на темата Креатор на темата Anne.
  • Време на започнување Време на започнување
Серијава ја открив пред неколку месеци, и најискрено сакав да ја прекинам уште одма во првата сезона. Но продолжив, и не се каам дека е пресмешна. Сега сум до средина на 6 сезона, уште 20тина епизоди имам, но и тие брзо ќе ги изгледам.
Ликовите се супер, најмногу ми се допаѓаат Енди и Ејприл, пресмешни ми се.
Единствено што ми пречи во серијава е Бен Вајат, мажот на Лесли. И актеров ми е некако антипатичен, па и улогата му е таква, сегде го има, а најмногу ме нервира кога некој ќе каже нешто смотано и овој ќе погледне во камерата.
Еве вака:
tumblr_mtro12Vf3X1rlom02o1_500.png
Да не е он, серијава ќе имаше 10 од мене.
Но и вака се супер, Рон ѕвер, а Лесли ми е баш инспиративна, колку се труди и е посветена на работата, идол ми станува.
 
Почнав да ја гледам серијава и неможам а да не го замислувам Мајкл (од The Office), секој пат кога ќе ја погледнам Лесли, буквално се идентични, од начин на глума, до карактер, комични сцени и слично.
Незнам како е понатаму, ама ова на почеток што го видов премногу потсетува на The Office, а посебно Лесли која е иста ко Мајкл
 
Постои логично објаснување зошто Рон Свонсон не е главен лик? :D

btw
 
Добра прва сезона, феномални другите сезони, лоша последна сезона.
 
Моментално на 4та сезона.
Лесли беше толку мутава на почетокот, после прва сезона ја оправија, ама затоа сега нејзиниот лик е послаб со хумор.
Рон и Енди ми се најјаки, исто и Том си е ок. Ејприл и актеркава, и ко карактер и ко појава општо, ужасно ме нервираат, очај тежок е, многу го мрзам тој тип на "хумор".
Ваљда ќе ја завршам, немам уште многу епизоди, брзо тераат.
 
Back
На врв Bottom