Точно е.. у парк има пијаници... у парк има наркомани, курви.. даркери, рапери, металци, панкери, турбо-фолкаши (постои терминов!?

), фејкери, дркаџии, филмаџии, “мафијаши“, кремчишта, копиљаци, џаболебари, workaholics, старци, трезни, џандари, медицински сестри, студенти, пропалици, тепачишта, плачковци, педерчиња, цепачи, повлечени, срамежливи, насмеани, расплакани, гласни, тивки, прекрасни (девојчиња

), грди, убаво намирисани, усмрдени, неизбањати, пицнати, збунети, изгубени, со визија во глава, научници, луѓе што не знаат да собираат дропки...
Некои од нив седат на сепариња, некои околу фонтана, некои на клупи, некои на трева, некои само поминуваат накај Колосеум, Маракана или слично. .некои забегуваат и накај вторион дел... малце поинтимно местенце...
Некои пијат сокче, некои пиво-две.. некои 10-20.. некои бамбус, некој ракија... некој пуши цигари, некој пури, некој џоинтче.. некој... нешто друго

.. некој ништо...
Некои се тепаат, се караат.. некои се сакаат, не можеш да ги одлепиш еден од друг.. некои фаќаат сеир од страна... некои паѓаат у езеро..
Али, сите го сакаат паркон неизмерно... и доаѓаат пак и пак и пак и пак... и кажи ми дека после муабетов можеш да не го сакаш местото !? :smir: