Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.869
- Поени од реакции
- 89.683
Здраво дечки
Сакам да купам тигрица(машка) и сега сакам да ми објасни СЕ што треба за нив...зошто гледам има 80 страни пишувано и ми е малце многу да читам од почеток до тука за да ги најдам потребните информации.Значи што ме интересира...
-Дали е подбро да се земе младо папагалче или возрасно(има разлика?) и како се одредува староста?
-Дали се осетливи на промаја и дали треба да бидат на место без промаја?
-Нешто околу исхраната
-Како да го припитомам?
-Дали се многу досадни птици? дали пее по цел ден или зависи инвидуално ?
-И се друго како за почеток,а што ќе ме интересира понатака ќе си прашам![]()
1. Подобро е да се земе млад папагал, полесно ќе го припитомиш, и ќе го научиш да зборува (се разбира ако имаш желба за тоа)
2. Ептен се осетливи на промаја, одма се разболуваат
3. Ќе побараш во пет-шопот да ти дадат Просо и Витамини за папагалот, и садче за вода
4. Одкако ќе го купиш остај го 3-4 дена во кафезот да се привикне на новата средина, потоа пушти го, сигурно ќе ти одлета на некои од лустерите по куќата. Многу е важно да не го замараш и здивуваш првите денови, со тек на време папагалот ќе се привикне и ќе почне да се опушта во домот
5. Ептен се досадни кога ќе ги сприпитомиш, нема да ти се тргнат од рамо : ). Тигриците не се многу по пеењето, ама имаат свои "кризи" кога ќе почнаат да гракаат едно 20 минути без престан : )