Озборување

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Не озборувам јас што зад нив тоа и пред нив. Иако знам да бидам прилични жесток на речник некогаш, ама сум искрен и го кажувам тоа што го мислам.

Ама луѓето повеке сакат да им лижеш газ а не е битно шо говореш зад нивни грб...од искуство ти кажувам
 
Како и да е секој е различен и различно мислење и сваќање има.Неможеме сите да бидеме исти.Јас сум јас,а ти си ти.
 
Како и да е секој е различен и различно мислење и сваќање има.Неможеме сите да бидеме исти.Јас сум јас,а ти си ти.

Точно, глеаш како може да се слагаме?
Затоа реков ја дека е нон-сенс у 20 ебани страни сите да кажат дека не оговараат..
 
Дефинитивно мажите се многу подобри озборувачи од спротивниот пол :)
Не само што нас не ни веруваат кога озборуваме, туку и не ни се доверуваат и лоши сме во криење тајни..секако релативно.
Башка не признавам кога ќе ми речат дека никогаш не озборуваат (општо за сите зборам) ..затоа што некогаш и не сакајќи, потсвесно им се испушта да кажат по некој трач.
 
За тоа имаш право....

Да бе, и они лажат ама ти не нели.
Сите оговараат, без исклучоци.Понекогаш и несвесно ама сепак СИТЕ ОГОВАРААТ
и јас си оговарам со другарки кога сум, најчесто за школски, сега веќе за колешки и колеги и некои случки шо се десиле непосредно, нормално актуелни муабети.Само не е оговарање у стил кој како се облекол и бла бла бла ствари....
 
Озборување :zlo:
Мразам некој кога ќе рече дека не озборува, а озборувањето е составен дел од животот на човекот.Сите озборуваат како што кажа блекаут нема исклучоци.
Јас на пример седнувам по можност со братучедка ми и озборуваме се што мрда.Некогаш се случува и да отвориме на фејсбук и да ги бараме тие што сме почнале да ги озборуваме за да најдеме уште материјал.
Отворете Чек Дис Аут и ќе видите колку "не озборуваат".Од правење светци ми е преку глава.Сите се морални, воспитани, сите на мравка на газат...Нешто што најмногу ме нервира е тоа.Дволични личности за жал на секој чекор ги има.
Јас си признавам дека си озборувам и тоа свесно без грижа на совест си озборувам.:pipi:
 
Ја не сум пооговарањето. Да, факт е дека кога ќе се седне на кафе и ќе се раскажат најновите случувања секогаш се коментира, ама да седнам и да си го трошам своето драгоцено време на животот на некој што не го ни знам? Имам многу попаметна работа.

Мене, пример, многу ми е поинтересно кога на некој у фаца ќе му кажам што мислам за него, онака, без цензура. И после тоа знам декаме оговараат, ама ако, интересно ми е.
Со оговарањето можеш да дознаеш повеќе за себе. Така, пред некое време, слушнав муабет како пантолоните што сум ги носела на некое излегување пред три години, не ми одговарале на денешниот аутфит. А ја не се ни сеќавам ни кои се тие пантолони ниту пак кога сум ги носела!
Или, ситуација од пред некој ден: доаѓа една од главните дрољи од кај мене у клас, таа што е најопседната со пари, ме гледа, и ме прашува, од кај ти се пантолониве (всушност, тоа го претставува и единствениот разговор затоа што немаме исти интереси). Ја знам дека знае од кај ми се пошто секој ден ги шета продавниците за облека, знам дека знае и кога ги имам купено и колку пари се. И тука неможам а да и не и одговорам "од Зелен Пазар бе пеер, пред некој ден ми ги купија!". И многу ми е мило што после тоа од таквите луѓе слушам оговарања за тоа колку ја сум била "арогантна кучка која незнае да направи два реда муабет". А они се тие на кои им се смееш у фаца и не те капираат пошто се најпростите суштества кои постојат!
Се додека се замараат со мојот живот, значи, има нешто што е дискутабилно околу мене.

За тоа колку се оговара, подеднакво, можеби и машките повеќе. Во машко друштво секогаш можат да се слушнат најнови трачеви за нешто интересно што се случило. Женските гледаат само дали некоја носела чизми по најнова мода или од ланската сезона.

Додека пак, машките можат да те информираат за тоа дали некоја твоја познаничка имала групен секс со обезбедувањето на еден познат скопски објект во вецето на истиот и како примила double penetration. Што, морам да признаам, е интересен трач.
 
Ако те озборуваат значи постоиш... :baeh:
 
немам време да се замарам со туѓи животи и трачарења.. кој бил кај бил шо како со кој не ме интересира баш многу и многу, едностави си гледам право пред себе и за себе. оговарањето им го оставам на комшииве мои постари така.. коа ке се соберат на куп од мравка слон настануваат абе се се знае! кој кога дошол кај бил шо напраил со кој бил... најинтересни ми се рекла казала коа ке почнат ко расипан телфон. една ке слушне некоја информација па ке си додаде и ке пренесе на друга другата тоа го повторува у круг.. одат до бескрај!!!
 
Оговарам!
... До одредени граници. Никогаш не го кажувам позади грб тоа што после нема да можам да го кажм во лице.
 
Оговарањето или трачарењето обично се смета за женско "хоби", но секако дека и мажите се склони на оваа занимација.
Мажите се сметаат за поопасни пренесувачи на трач од жените, затоа што често повеќе нив им се верува. Им се верува повеќе затоа што се мажи, па од нив не се очекува да ги пласираат интригите и да шират невистинити приказни.

Колку се сложувате со ова и колку оговарате?:icon_lol:
Жените оговараат.
Мажите јадат гомна :)
 
„Големите умови расправаат за идеи, средните умови за настани, а малите умови за луѓе“ - Еленор Рузвелт
 
Машкиве знаат да бидат дабетер од женски,неколку пати проверено :)
Инаку,знам да озборувам..но никогаш мои блиски другари/ки етц.
Ако некој ми е смешно облечен или е wanna be drunk знам да го искоментирам,жалосно е то да му го плеснеш во фаца,а е отпоќе уфилман во тие моменти.
Но никогаш не сум се осмелила и нема да го правам она :

-Леле срц,најмило мое,многу ми те сакам,муце мало,пичуле едно..срце златно..најубава си,најдобра си,бла бла.(пред неа) и следува после... лижење,бацвење,лигаењеее.
-Уф неможам да ја поднесам,глупа,курва,ваква,таква потаква (зад грб)

Е то уште не го сфаќам.
Мајкому стара,ако не сакаш некој шо воопшто се дружиш со него,шо му кажуваш дека "го сакаш"?

Барем мене некој ако не ми се свиѓа,не му обрнувам внимание и гледам да го одбегавам.
За секој шо го познавам имам само едно мислење кое е и за мене и за него исто,а не пред него епитети во суперлатив,зад грб да кажувам колку ме нервира.
 
И мажите и жените оговараат ама кај жените оговарањето е повеќе изразено,оговараат со иронија,омраза итн итн,а додека кај мажите мислам дека оговарањето е поблаго,машкото оговарање е сведено на критики за одредени личности,нивниот стил на облекување,начин на однесување итн итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom