Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Во ред се и критиките и голем дел се на место, освен тоа "скупото". Ама се упатени на погрешно место и зато на секое идаме до истиве расправии и идат до фрустрација кај охриѓани. Сите останати критики треба да се упатат кон централната и локална власт и сите заедно треба да се побуниме, затоа што Охрид не е само на охриѓани туку на сите нас. За да мрчиме сите знајме, а ко ќе требит да се дејствуват сите у грчка и спамај по социјални медиуми како плажите не се средени и нормално дека е скупо.
 
А зошто наместо да се поправат забелешките и критиките упатени од нас сиромашните скопјани, викате/викаат ако не ти чини не иди?"

Замисли бараш да се растерети гужвата од Скопје, да се најде некое решение, и некој да ти рече: Ако не ти чини, у Виница нема гужва, оди таму.

Пошо забелешките никогаш не се на место, секогаш се жалење за цената. За колку да го издава апартманот, за 10 еур вечер за да нема жалење? И не знам кај најде 40 еур членот, едно брзо пребарување по букинг дава апартмани за 25 еур со поглед на езеро.
 
А зошто наместо да се поправат забелешките и критиките упатени од нас сиромашните скопјани, викате/викаат ако не ти чини не иди?"

Замисли бараш да се растерети гужвата од Скопје, да се најде некое решение, и некој да ти рече: Ако не ти чини, у Виница нема гужва, оди таму.
Охриѓани живеат со тие цени цела година..И не можат да бираат. Мислиш не им одговара на нив самите да имаат цени за кафе како во Кочани? Јеби га, дишат друг воздух, имаат million dollar view, тоа е...
 
Јас многу пати тука сум застанувала на страна на Охриѓани, не дека имам некаква посебна врска со Охрид... Мене не ми е јасно кај ги наоѓате неѓубезните човечиња низ Охрид? Години одам во Охрид бидејќи случајно имам стан и знам и подолго да седам. Не познавам ниеден комшија и живеење во зграда како заедница секогаш е трики без оглед дали си во Охрид, Скопје или не знам каде.. Тоа не е параметар за класификација на луѓе од еден град.
Ама до толку плукање на домаќините стварно не разбирам... Што очекувате во кафана? Да ве третираат како Мијалков? Дека во Скопје им клецаат коленцава на конобарите кога ќе седнете?
Мене повеќе ми паднало во очи колку дрско и надмено се однесуваат тие што доаѓаат во Охрид.. Со ѓубришта позади нив, како племиња распослани по плажите.. Бараат ниво и не знам каква услуга а доаѓа со пластично со сецкана лубеница на плажа и спојува 6 пешкири.
Барем во Охрид има плажа за секого: сакаш музика, сакаш помирно место, не сакаш лежални, одиш на Лагадин ако сакаш да те видат комшиите...
Скапо било.. И? Се е ствар на избор, сакаш оди, ако не оди кај ти чини. Зошто се споредува?
На комшиите од север кога ќе им кажеш дека имаш имот во Охрид како на Long Island да имаш имот...
Малце позитива ни фали...
А не, не зборев за љубезност, тоа е инвидивидуална работа. Можеш да налеташ и на такви и на такви сегде. Пример работам на објект во Сарај и газдата ме части благо и сок, наjљубезен што може, ама атмосверата ти кажува дека сме во hostile territory :icon_lol:
Ја многу не замерувам за такви работи, идам пример во бугарија иако ни ја нејкам да ги глеам a ни они мене, чиста бизнис трансакција. Жалното е што во Охрид е наше место али ете така се развила работата.

За другото нз што да ти кажам, знам и кај да идам и што да очекувам. Дали на дивите плажи или шема местата. Дали скапо или ефтино. Луѓе идат за први август и прават слика за градот и луѓето врз база на тие денови. Така е тогаш сегде, опортунизам и бричење.
А за другите посетители не одговарам ја :)
 
Јас сум од Скопје и не сте во право со муабетиве. Кога можат во Берово, Пехчево, Кратово и сл. градчиња да издаваат соби (зборам соби) по 1500 ден по вечер зашто ви е скапо Охрид? Сте се запрашале ли што нудат тие градови а што нуди Охрид? Лани бев во Преспа и ми наплатија 1400 ден соба, поефтино немаше. Се разочарав, како кај мене во село да сум отишол. Реално Охрид за Преспа, па и сите другиве градови е Мајами. Нема ни маркет во другиве градови асален. А да не се лажеме во околината на Охрид може да се најде смештај и по 700-800 ден за апартманче. Е сега вие што сакате да најдете во центар за таа цена тоа е друг муабет.
Кога ќе дојдат странци во Охрид се чудат од убавината. За мене поубав град нема на балканов од Охрид, а и многу други го делат моево мислење. Ама тоа е кога не го цениме нашето.
И ако не ви се свиѓа толку што мора да коментирате, кој ве тера со сила да одите? Идете на друго место, имате голем избор не ви е само Охрид.
Ама има една стара изрека, колку пари толку музика.
 
Последно уредено:
Јас сум од Скопје и не сте во право со муабетиве. Кога можат во Берово, Пехчево, Кратово и сл. градчиња да издаваат соби (зборам соби) по 1500 ден по вечер зашто ви е скапо Охрид? Сте се запрашале ли што нудат тие градови а што нуди Охрид? Лани бев во Преспа и ми наплатија 1400 ден соба, поефтино немаше. Се разочарав, како кај мене во село да сум отишол. Реално Охрид за Преспа, па и сите другиве градови е Мајами. Нема ни маркет во другиве градови асален. Кога ќе дојдат странци во Охрид се чудат од убавината. За мене поубав град нема на балканов од Охрид, а и многу други го делат моево мислење. Ама тоа е кога не го цениме нашето.
И ако не ви се свиѓа толку што мора да коментирате, кој ве тера со сила да одите? Идете на друго место, имате голем избор не ви е само Охрид.
Ама има една стара изрека, колку пари толку музика.
Ја имам спиено во охрид за 250 денари од вечер .
Одамна беше али сепак. Муабетот е цените најчесто немаат врска со локацијата, ако вложил доста во смештајот нормално ќе си наплати. Во СК има апартмани за краток престој од 30-40 евра :icon_lol:

А и Берово е добра локација за во зима, без многу капацитети и логично е да наплаќаат толку.
И во други држави кога сум идел во поголем град имало повеќе избор секогаш.
 
Ја имам спиено во охрид за 250 денари од вечер .
Одамна беше али сепак. Муабетот е цените најчесто немаат врска со локацијата, ако вложил доста во смештајот нормално ќе си наплати. Во СК има апартмани за краток престој од 30-40 евра :icon_lol: Во Будимпешта платив 70 евра за 5 дена и сеа да речам Скопје е поскапо од Будимпешта..

А и Берово е добра локација за во зима, без многу капацитети и логично е да наплаќаат толку.
И во други држави кога сум идел во поголем град имало повеќе избор секогаш.
Да ама луѓево сакаат у центар да најдат за таа цена и комотно да им е.
Кога се формира цената се земаат повеќе параметри, меѓу кои еден од поважните е локацијата, да не се лажеме.
Не викам дека е лошо Берово, напротив сум бил и пак ќе идам. Ама муабетот ми е ако можат таму да имаат такви цени што очекувате за Охрид? Поефтино да е?
 
зашто имаат цени превисоки за ван сезона затоа
охриѓаниве сами почнаа тука да спомнуваат љубезност, цени у кафичи и кафани

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Охриѓани живеат со тие цени цела година..И не можат да бираат.
- Цените во Охрид на пазар, преку цела година се „туристички“. Пазарот во Битола (на пример) е 2 пати поевтин од тој во Охрид или платен паркинг на пример.
Тие што се заминаваат со туризам им е во корист да има што повеќе туристи, од тоа живеат, но не сите во Охрид се занимаваат со туризам.

Цените се формираат според побарувачката. Има за сечиј џеб. Истото се случува и со ресторани. Сакаат да седат во Далга со нозете во вода, а кафето да им е 30 денари. Е па и тата би сине
 
зашто имаат цени превисоки за ван сезона затоа
охриѓаниве сами почнаа тука да спомнуваат љубезност, цени у кафичи и кафани

Sent from my iPhone using Tapatalk
Ван сезона збориме за октомври-ноември или ван сезона ја рачунате сега околу Нова година?
А и имаш кафани и кафичи што не се на пристаниште, што се понастрана може и натака да се прошета нели? Цените се далеку по прифатливи. Ако гледаме така и во Скопје во Дебар маало и на плоштад цените им се у вис, ама за тоа никој не се буни.
 
Освен празници, јули и август се е ван сезона
Ке повторам никој не спомна цени за кафичи и ресторани, проблемот е што охриѓани не се самокритични и се бранат наместо да се корегираат, јас не сум видел до сега некој да брани и оправдува цени у дебар маало или до Ацета на плоштад кога некој од провинција ке се жали

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Најтрагично од све е шо досега во Охрид сме имале 4 Крадоначалници-Доктори 3 од Дпмне еден од СДС.Ево ја нивната ангажираност ,способност.
 
Најтрагично од све е шо досега во Охрид сме имале 4 Крадоначалници-Доктори 3 од Дпмне еден од СДС.Ево ја нивната ангажираност ,способност.
Блокот што си го викаме „заразно“ е во сосема иста состојба. Дел од Градска болница, каде што лежат луѓе од заразни болести. Нешто што само на хартија се нарекува „Оддел за болничко лекување“, инаку во пракса штала е културна институција за ова нешто.
 
Освен празници, јули и август се е ван сезона
Ке повторам никој не спомна цени за кафичи и ресторани, проблемот е што охриѓани не се самокритични и се бранат наместо да се корегираат, јас не сум видел до сега некој да брани и оправдува цени у дебар маало или до Ацета на плоштад кога некој од провинција ке се жали

Sent from my iPhone using Tapatalk
Со ова Охриѓани. :kafence:

30% газди на кафичи и дискотеки ако се од Охрид.

Се друго е од надвор.
 
Со ова Охриѓани. :kafence:

30% газди на кафичи и дискотеки ако се од Охрид.

Се друго е од надвор.

Во Скопје едно 10% скопјани ги држат локалите се останато од провинција и косовари

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom