Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
И послем зошто сите ја преферират Грчка, па што е ова бе Монте Карло цена. Цените од Скопје до Охрид се два пати поскапи, а да не зборам за од другите наши градови каде што е до пет пати поскапо. Да ги споредиш Дубровник со останатите градови од Хрватска нема да добиеш волкава разлика во цени.
Сега некој може ќе рече дека не е така дека и дека цениве не се вистинити. Може во другите локали не е до волку скапо, ама лани летото и сега за велигденските празници кога бев приближно вакви во скоро сите локали. Пица си платив 290 ден, точено пиво си плаќав по 130ден, нес кафе 120ден, палачинка над 200ден. Вакви цени кај нас може има само во Тренд, а во Охрид во секој можен локал.

makedonski-36.jpg

Коза Ностра? Се малку посолени со цени, ама...
... цените на Амстел-от, Далвина 0,75, (не)газирана вода 0,7, пиците до негде...се истите шо ги плаќаме цела година, по ресторани (Далга, Чун), Куба Либре (и поскапи се), Дак, Ликвид, Ноа, најголем дел ресторани по кејот итн.И Даб/Скопско е 130-40 во некои места, уште од зимата, да не дека специјално од инат за луѓето дојдени од страна се кренале цените.Да не се разбериме погрешно, не ми се и мене по мерак, ама нас ни се секојдневие лето и зима.
Еве и од една пицерија во близина
леонардо.png
Само за палачинките од 200 ми остана мисла...
 
Последно уредено:

Прегледај го приврзокот 153030
Само за палачинките од 200 ми остана мисла...
Ау не знам од каде е сметкава, на нет ја видов. Мислам ново место било од годинава ама не сум сигурен, да не те лажам. Алавда ви е со цениве ако се цела година, си држите европски стандард. :D За внатрешноста не знам како е, зошто знаеш турсити само покрај кеј се шетаат. Ма да еднаш бевме на ручек во едно ресторанче во внатрешноста ( не ми текнува како се викаше ) и пак солено си плативме.
А за палачинката во Објектив беше за велигден.
 
Коза Ностра? Се малку посолени со цени, ама...
... цените на Амстел-от, Далвина 0,75, (не)газирана вода 0,7, пиците до негде...се истите шо ги плаќаме цела година, по ресторани (Далга, Чун), Куба Либре (и поскапи се), Дак, Ликвид, Ноа, најголем дел ресторани по кејот итн.И Даб/Скопско е 130-40 во некои места, уште од зимата, да не дека специјално од инат за луѓето дојдени од страна се кренале цените.Да не се разбериме погрешно, не ми се и мене по мерак, ама нас ни се секојдневие лето и зима.
Еве и од една пицерија во близина
Прегледај го приврзокот 153030
Само за палачинките од 200 ми остана мисла...
Цезар 300 денари? Па во Камник со месо од Фазан е 250 денари...
Лазањите се некои 220-250 во Џино или ЛаТераца на плоштад.

Солени цени доста.
 
Хелоу. Планирам да одам Охрид некој викенд на плажа, да прашам за плажата Славија кај се наоѓа поточно за да знам кај да барам сместување да не ми бидит многу далеку и дали се плаќа за лежалка таму? Исто и за Кадмо и Потпеш лежалките дали се плаќаат?

Абе не заебавај од било каде во Охрид до Славија земи комбе, 30 денара е (aко и тоа не го качиле, лани бев толку наплаќаа до Славија) :) За 30 денара се клошариш поблиску/подалеку со смештајот? :D

Едит: Со кола евентуално ако одиш, види околу КАМ (близу луна паркот) може издаваат, најблизу до Славија која ти е одалечена од таму околу 2 километра отприлика. Ама па до центарот да појдеш у шетња, минимум пола саат :)
 
Последно уредено:
Кружнине се све само добри не. 15 минути од еден до друг кружен тек да возиш , ќе се мрдниш... Т

есни се едната од другата лента не е одделена ко кај кружнион Скопје кај католичка, секој си префрлат од една во друга лента ко најлесна работа на светов да е..
Пешацине се посебна приказна, наместо ко во други градој по Европа, да копет подземен тунел за пешаци, пешачкиве ги напраја околу кружнион па уше толку ја комплицират работава
 
Не се проблем кружните, проблем е неписмениот народ што вози а богами и пешаците што сега морале да кружат 3.5 метра. Кога си возел 15 минути од кружен до кружен?
 
Стока народ никогаш нема да го користи така да џабе е! Премините си се екстра, 3 метра на влез и излез, проблемот е што поминуваат како овци без општа култура, трчаат и мислат дека се главни. По закон секој шофер кај и да згази пешак е виновен поради точката "неприспособена брзина според условите на патот" . Затоа овците си земаа сила.
 
Најубо е да не пишиме овде наши мислења, зш идиотине од општина све контра прает.:kuracc:

Па то трубиме бе пријателе цело време овде.За да не одат истовремено, стариот начин со нормална раскрсница или подземен/надземен премин.Немаш мешање пешаци и возила, минимални шанси за глупости.Вака ак се десит нешто две страни се ем криви ем настрадани на некој начин.
Сега или нек го затворет пешачкион на средина меѓу двана кружни кај Охридска и ПроКредит или нека го остает само него, во секој случај заебано.Посебно на излез од КТ, викаш 3 метри е доволно.Да, за да забрзаш ко ќе излезиш од кружен со колата и кочиш пак на пешачки, пак забрзвиш после 50 метри нов пешачки и после 50 уш еден.
Да споредиме поекстремен пример, Партизанска во Скопје, место брз булевар испадна со 600 пешачки и 180 семафори.
Најлесно е засега да се изведит (од ко веќе испадна глупоста со КТ) еден надземен - едниот крај меѓу ЕВН и Охридска, другиот спроти, над средишнион остров меѓу кружнион тек и ‘точкана‘ кај шо беше Јарец.И не е 3 и пол метри кружење ак ојш од банка кон гимназија, требит да се качиш до Јарец па да слегвиш пак надолу.На 3 кружни текој така, нервират.Не да ги оправдувам пешаците, ама за разбирање се.И не се само пешаците некултурни, многу појќе имат со коли (и посебно пролет/лето СКУТЕРИ!) шо не пазет на пешачки, ко шо се изрази некој поназад -мали куриња :cool:
 
Последно уредено:
Затоа овците си земаа сила.
Еден пастир управува со стадото што блее под негова диригентска палка. Се раширија како болест по цела држава. Така ќе биде додека не дојде волкот.
 
Ме интересира дали стандард стојат тезгите со книги во Охридов? Пошто планирам накај сабота да слетам, а тој братот шо работи таму, има дел од литературава шо во посраниов Прилеп не се најдува.
 
Не се проблем кружните, проблем е неписмениот народ што вози а богами и пешаците што сега морале да кружат 3.5 метра. Кога си возел 15 минути од кружен до кружен?
Ко си одев од работа пред некој ден
 
Ме интересира дали стандард стојат тезгите со книги во Охридов? Пошто планирам накај сабота да слетам, а тој братот шо работи таму, има дел од литературава шо во посраниов Прилеп не се најдува.
Стојат, имат свашта. :D

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom