Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да препорача пансион или хотел за разумна сума?
 
За колку луѓе ти треба ? за 3ца луѓе 40 евра од вечер апартман ти одговара ? во строг центар .

Цена до плафон, па и кажуваш колку луѓе примаш.
Браво.
 
Цена до плафон, па и кажуваш колку луѓе примаш.
Браво.
Кажувам дека креветите збираат до 3 луѓе ... ако можат нека се стуткаат 4-5 .. а за цената толку е .. гледам бара пансион или хотел сигурно нема да најде поефтино по хотелите ..
 
За колку луѓе ти треба ? за 3ца луѓе 40 евра од вечер апартман ти одговара ? во строг центар .

Не ми одговара апартмент, ми треба сингл хотелска соба или евентуално хостел.
Ќе правиме со еден колега тура со велосипеди за празников низ тој регион и го одбравме Охрид како некоја база. Колегата ќе престојува кај некои роднини таму, јас ќе морам да се снајдувам за сместување тие 3-4 дена.
Гледав низ booking.com и најдов соба за 17 евра од вечер во тој период, ама ќе видам и овие собиве што ги изнајмуваат на огласи како одат.

http://www.booking.com/hotel/mk/b-s...8-04;srfid=779f0defda214229aa544fcda6e0dc5aX5
 
Само за болдираното: „Уствари да споредуваш езеро со море, е тоа е више брукање, а тоа го направи баш еден ориџанец тука на форумов.“
Објасни зш е брукање да споредвиш езеро со море??? Поготово ако езерото е баш Охридско Езеро???
Еве ти некои факти за Охридското Езеро кои го покажуваат токму спротивното:
- најдлабоко езеро на Балканот со неверојатна проѕирност на водата (максимална транспарентност од 22 м во зима)
- едно од најстарите езера на светот (трето во Европа) заедно со Бајкалското Езеро и езерото Танганика, често нарекувано и музеј на „живи фосили“
- се наоѓа на надморска височина од скоро 700 метри (затоа се нарекува и воздушна бања)
- најзначен езерски екосистем во Европа, под заштита на УНЕСКО, дом на ендемични силикатни алги, зелените алги, плоснати црви, полжави и ракови; пет вида и еден подвид на сунѓери, 10 ендемични видови риба. Дом на пастрмката, автохтон вид кој го има само во Охридското езеро
- во Заливот на коските археолозите откриле траги од праисториски град на вода, кој денес е делумно реконструиран
- не случајно Сатурновата месечина Титан има свое „Охридско Езеро“, наречено во чест на истоименото езеро
- чистите води на езерото го прават едно од најголемите резервоари на вода за пиење во светот

И само за споредба на омилената скопска теорија „море си е море“ со која како да кажувате ама баш се, a посебно тоа дека на езеро треба да биде се поевтино отколку во било кое затуцано селце кое излегува на море и тоа само заради солената вода, резгледајте ги цените на сместувањето и туристичко-угостителските услуги на некое од следните езера: Женевско Езеро, езерото Комо, Тахо, Плитвице....
абе езероно мана си немит, луџето не чинет, луџетоооо:pos::pos:
 
Ме замолија д а прашам:
Кај се наоѓа Конгресниот центар?
Се оди ли пешки до Охрид?
Има ли продавници во близина?
Мерси
 
Ме замолија д а прашам:
Кај се наоѓа Конгресниот центар?
Се оди ли пешки до Охрид?
Има ли продавници во близина?
Мерси
Се наоѓа до плажа Метропол, на 6 колометри од Охрид, пешки се ојт, ама ќе требит да цапаш 40минути, доколку со автомобил или автобус за 5-10 минути. Продавница имаш на 20 метри.
 
Се наоѓа до плажа Метропол, на 6 колометри од Охрид, пешки се ојт, ама ќе требит да цапаш 40минути, доколку со автомобил или автобус за 5-10 минути. Продавница имаш на 20 метри.

Фала многу! Продавницата беше битна.
Значи да нарачам да ми донесат мастика :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom