Охрид

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Дај изберите го пак Петрески, досадно ќе е без него :(
Нема да те изневерит.Барем дека ќе е кандидат:гомце::facepalm: Тешко тие шо би гласале за типов, а ги имаше многу пред 4 / 8 години :гомце: Значи, сепак појака испадна про-Петрески струјата во ОО Охрид.
Петрески со акламација и официјално избран за кандидат за градоначалник

Актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, на општинаката конференција на СДСМ што се одржа синоќа, со акламација беше избран за кандидат за градоначалник на претсојните локални избори.

Претходно од кандидатурата се откажа претседателот на општинската организација Науме Јованоски, по што делегатите му ја доверија довербата на Петрески по трет пат да ја предводи партијата на локалните избори, информираа од партијата.
Според најавите кандидатурата на Петрески за градоначалник, ќе биде официјализирана на митинг на СДСМ што ќе се одржи во Охрид кон крајот на месецов.
OhridNews​


22.07.2012 08:31

Прочитана е : 944 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Ми треба една информација од охриѓаните :) На 31 Аца Лукас ке настапува во Кадмо бич, е сега доколку знае некој да ми пише колку е картата ке му бидам благодарен многу, и да и каде може да се набави:)
300 денари ке е до 29 или 30 а после 400 и може да набавиш во кадмо или на плоштад ке излезат некаде на 26-27 :)
 
Член од
20 јули 2012
Мислења
242
Поени од реакции
364
Камп за обука за дијабетичари во Охрид
И оваа година се организира кампот за дијабетес во Охрид каде лицата со тип еден дијабетес се дружат се запознаваат со дијабетесот се едуцираат како треба да се мери шеќерот неколку пати во денот и како преку правилна исхрана и физичка активност да добијат еден поквалитетен начин на живот. Според податоците во Македонија има околу 80 илјади лица со дијабетес .

На кампот присуствуваат 45 лица од 14 -18 годишна возраст со дијабетес од Америка, Чешка, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија.


Кампот за дијабетес е организиран од страна на министерството за здравство а потпомогнат од Лајонс клубовите во Македонија и клиниката за ендокринологија.

www.sitel.com.mk
 

Cheross

COOL BOY
Член од
27 август 2011
Мислења
548
Поени од реакции
381
Зш ко имат мн гужва во нашиов град мн се нервирам?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Зш ко имат мн гужва во нашиов град мн се нервирам?
1.Зш морат нешо да се градит среде лето и да се прајт гужва :tapp:
kt.jpg
Па морат и цајкани да ставет на кружен тек :pos:


2.И да затворет пола улици в центар со дупло покачен паркинг.То после ние не знајме кај тераме по еднонасочни, не па други луѓе отстрана дојдени.
ЛЕТНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ, НОВА АТРАКЦИЈА ВО ОХРИД

Горе , долу, лево, десно. Ова не е рефрен од песна туку компарација за охридскиот сообраќаен режим. Откако новото сообраќајно решение од први јули стапи на сила, а со него најголемиот дел од улиците станаа еднонасчни, граѓаните на Охрид збунето кружат по градов незнаејќи кој правец да го фатат. За гостите пак движењето по охридските улици е нова туристичка атракција.

-Вртам кругови додека стигнам до дома, вели еден охриѓанец

-Не знам што е ова, ние сме туристи и не знаеме како да
стигнеме до апартманот, вели една битолчанка

-За да стигнам до дома влегувам во една улица, па излегувам од друга, па влегувам во трета, ова е вистински хаос

- Во градов веќе не се знае кој јаде кој плаќа, вели наш сограѓанин

Само после десетина дена од воведувањето на новиот сообраќаен режим се увидоа неговите недостатоци. Најдобар пример за тоа беше ул. „Македонски просветители“. Советот на Општина Охрид на седницата одржана на 31 Мај годинава донесе одлука за организирање на режимот на сообраќај со која за еднонасочна улица покраj останатите беше определена и Ул. „ Македонски просветители“ и тоа од пресекот со Булевар „Туристичка“ во насока према езерото до пресекот со улицата „Партизанска“. Но, со ваквото сообраќајно решение се создаде таков хаос по што локалците увидувајќи си го пропустот го тргнаа знакот за забранета насока. Но, се поставува прашањето како тоа оваа улица од еднонасочна повторно стана двонасочна без за тоа да се донесе одлука на совет.

Приказната за сообраќајниот хаос во градов ова лето не завршува со еднонасочните маки на г
раѓаните. Охриѓани и туристите доколку извозат по сообраќајниот лавиринт и стигнат до некој паркинг таму ги чека ново изненадување. Наместо 30 од џебот треба да извадат 50 ден.

-Тоа е тоа, што можиме да правиме, креваат раменици дел од граѓаните

-Секаде рампи имаат ставено и секаде се плаќа, срамота, вели изревотиран граѓанин

И ова решение е без одлука на совет, иако е добро познато дека за промената на висината на цената на јавните услуги мора да кренат рака градските избраници. Останува нејасно како концесионерот си ја определи цената од 50 ден за еден час. Граѓаните само можат да креваат раменици, да се чудат и да се прилагодуваат надевајќи се дека во иднина Локалната ќе носи подобри решенија.


http://www.tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/13206-nov-soobracaen-rezim-atrakcija-ohrid
И вакви работи се дешавет
http://www.tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/13208-betonski-topki-nesrekni-stefanoska

БЕТОНСКИТЕ ТОПКИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД НЕСРЕЌНИ ЗА СТЕФАНОВСКА

НАПИШАНО ОД ТАТЈАНА МАЛЕНКОВА НА 13 ЈУЛИ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Сообраќајното решение со фамозните бетонски топки по кеј маршал Тито се покажа повеќе препрека отколку помош. Една ваква топка, причина 80 годишната Елисавета Стефановска, да се сопне и да се здобие со скршеница, потрес на мозокот, удар на окото, грабнатини … Настанот се случил пред три дена на улицата која води до езерото, пред депандансот, каде поминува секојдневно.
Стефановска раскажува дека таа и нејзината снаа излегле да се прошетаат покрај езерото околу 08:40 часот. Виделе дека помеѓу депандансот и хотелот Палас има рампа, но не забележале ништо друго. Тогаш и заѕвонил телефонот на снаата, по што таа махинално се завртела на таа страна, се сопнала на бетонската топка и паднала. Стефановска неможела да се помести, но добро се сеќава дека први напомош пристигнале минувачите, некој повикал итна помош и веднаш била пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо. Таму после деталниот преглед на главата и раката и била пружена соодветната помош и дадена терапија.

„ Таа топка не смее да стои ако ништо друго требале да стават едно стапче што ќе означува дека тука има некоја забрана. Навистина не функционира градов. Секаде е заградено, но не е како што треба. А дете да ја шутне топката, што ќе стане. Зошто се случи тоа, зашто, не обранав внимание? Јас не сум свесна дека можело да се стави топка покрај ограда. Ако има рампа и чувар, барем тој да стои тука некаде, а не да се крие позади рампата“- вели Стефановска.

Таа додава дека после падот повторно кај нејзе се активирал високиот крвен притисок со што дополнително и се влошил здравстваната состојба ако се земе во предвид и тоа дека таа веќе има зад себе една операција поради срцево заболување. Стефановска е категорична дека ќе поднесе тужба до локалната самоуправа и концесионерот на паркингот.

„Најмногу ме налути тоа што барајќи кој беше дежурен од вработените на рампата, не сакаа да ми дадат. Јас ќе поднесам барање за оштета против градоначалникот и сметам дека многу одлуки се незамисливо лоши. “ - завршува Стефаноска.

Од првна гледна точка, адвокатите кои ги консултиравме велат дека жената има основа за тужба, со цел да оствари надомест на штата.
Инаку бетонските топки беа поставени со одлука донсена на Седница на совет на 31 мај, како дел од решенијата за новиот режим на сообраќај. По аминот од советниците дека на Кеј Маршал Тито динамичкиот сообраќај треба физички да се оддели од пешачката зона, стручните лица во секторот за сообраќај при локлната самоуправа го понудиле решението со бетонски топки. Од таму пак велат дека за ваквото решение позитивно мислење дале и од СВР Охрид.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Зш ко имат мн гужва во нашиов град мн се нервирам?
Зш во петок и сабота во јули и август се прает сите градежни зафати шо цела година се собирале, од дупки покривање до маркирање на зебрине. И плус оние прскалкине во 1 сатот се вклучвет да не мојт чоек да поминит покрај езеро.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Убо пишеше на ohridon.com, со топкине по кејон можит куглана да отворет :pos:
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Човек вас треба да ви црта изглеа... незнам шо ви е проблемот...
Ај цитирај го делот кај што сум рекол дека Охрид не е поскап од Скопје. Прашавте за цените и ја си реков дека пицата шо сум ја јадел у Охрид е поскапа од Скопје. За услугата заборавив да спомнам, ама еве тука ќе се дополнам. Пола саат чекаш за да нарачаш и уште 1 саат за да ти ја донесат пицата. Подобра услуга здравје. Незнам како од ова си разбрал дека сум кажал „Охрид не е поскап од Скопје“. Реков во Скопје е скапо таксито, ама и во Охрид не е без пари. Незнам и од ова како заклучи дека сум кажал „Охрид не е поскап од Скопје“. Изглеа толку читаш ти... да зеам да пробам да ти нацртам, ваљда така ќе разбереш...
Иначе толку напнавте со кафињата, да не може човек да ви се изначуди...
Споредувате цена на кафе во некој забутан дел на Охрид, со цена на кафе на кеј во Скопје. Па и во Скопје ако сакаш можеш да најдеш кафе за 20-30 денари. Знам во Буњаковец во еден кафич (ич не ми текнува за името) кафето беше 30 денари или така нешто. Во АМГ исто така нешто мислам беше кафето.

Колку не си го сфатила тој делот што го пишав за Археолошки музеј, за Александар Македонски и другите споменици у Скопје. Тоа беше онака на шала пишано, а целта ми беше дека ако имате вие таму езеро не значи дека сеа ќе го праите Охрид ко Монако. Ама ајде изглеа коа ќе нацртам се убаво, ваљда ќе разбереш...

И да ја не се брукам со ништо. Тоа што си го имам си го кажувам. Уствари да споредуваш езеро со море, е тоа е више брукање, а тоа го направи баш еден ориџанец тука на форумов.


Ја дечко сум бил у Грција само еднаш пред 15 години и од тогаш ни сакам да одам, а и не верувам дека ќе им стапнам таму, а Охрид има за што да се критикува и затоа ќе критикувам. Ако провериш поназад ќе видиш и зошто ја спомнав Албанија, ама ајде пак ќе ти објаснам. Еден член се фалеше дека таму плаќал 40 евра за никаква соба, и ја баш се погодив лани да одам таму и си кажав од лично искуство дека соба таму со пристојни услови јас ја плаќав по 17 евра. Друг пат пред да зборите убаво прочитајте, и преиспитајте се 2-3 пати дали убаво сте сфатиле.

garmin
Абе шо знаеме ние бе ...
Охрид си е злато бе, ништо не му фали. И да бараш неможеш да најдеш негостопримлив Охриѓанец. Услугата им е невероватна. Ти само што си седнал на маса, а еве го келнерот со мени и со насмевка. Уште не си завршил со нарачката, а веќе ти го носат јадењето, и ние уште дрско си зимаме за слобода да се жалиме. Ај тоа, па уште и скапо ни било...
Абе љубоморни сме зошто ние у другите градови неаме езера и сеа намерно ваква пропаганда им шириме...

Само за болдираното: „Уствари да споредуваш езеро со море, е тоа е више брукање, а тоа го направи баш еден ориџанец тука на форумов.“
Објасни зш е брукање да споредвиш езеро со море??? Поготово ако езерото е баш Охридско Езеро???
Еве ти некои факти за Охридското Езеро кои го покажуваат токму спротивното:
- најдлабоко езеро на Балканот со неверојатна проѕирност на водата (максимална транспарентност од 22 м во зима)
- едно од најстарите езера на светот (трето во Европа) заедно со Бајкалското Езеро и езерото Танганика, често нарекувано и музеј на „живи фосили“
- се наоѓа на надморска височина од скоро 700 метри (затоа се нарекува и воздушна бања)
- најзначен езерски екосистем во Европа, под заштита на УНЕСКО, дом на ендемични силикатни алги, зелените алги, плоснати црви, полжави и ракови; пет вида и еден подвид на сунѓери, 10 ендемични видови риба. Дом на пастрмката, автохтон вид кој го има само во Охридското езеро
- во Заливот на коските археолозите откриле траги од праисториски град на вода, кој денес е делумно реконструиран
- не случајно Сатурновата месечина Титан има свое „Охридско Езеро“, наречено во чест на истоименото езеро
- чистите води на езерото го прават едно од најголемите резервоари на вода за пиење во светот

И само за споредба на омилената скопска теорија „море си е море“ со која како да кажувате ама баш се, a посебно тоа дека на езеро треба да биде се поевтино отколку во било кое затуцано селце кое излегува на море и тоа само заради солената вода, резгледајте ги цените на сместувањето и туристичко-угостителските услуги на некое од следните езера: Женевско Езеро, езерото Комо, Тахо, Плитвице....



 
М

Мартин`

Гостин
Луѓе како се викаше нуркачкиов клуб во Охрид што е.. страна/фб страна ? знам дури имаше и понуди за рекреативци да научат да нуркаат. И така идам утре на неколку дена во Охрид па ако остане нешто ќеш да го пробам и тоа чудо да нуркам :)
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Луѓе како се викаше нуркачкиов клуб во Охрид што е.. страна/фб страна ? знам дури имаше и понуди за рекреативци да научат да нуркаат. И така идам утре на неколку дена во Охрид па ако остане нешто ќеш да го пробам и тоа чудо да нуркам :)
http://www.facebook.com/dcamfora
Ваљда на овој мислиш:)Барем јас незнам да имат некој друг...
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Кај ги одржвет вежбите, колку се плаќат? И дан морат да си полнолетен... Имам кејф за ова работа многу.
 
М

Мартин`

Гостин
Кај ги одржвет вежбите, колку се плаќат? И дан морат да си полнолетен... Имам кејф за ова работа многу.
Ако не се лажам според сликите вежбите (нуркањето) се изведува во близина на музејот на вода.. а тоа е во Пештани локалитет “Градиште“. Најефтиното нуркање ти е 35 евра.. до 6 метри длабочина + можност за фотографија.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Ако не се лажам според сликите вежбите (нуркањето) се изведува во близина на музејот на вода.. а тоа е во Пештани локалитет “Градиште“. Најефтиното нуркање ти е 35 евра.. до 6 метри длабочина + можност за фотографија.
35 евра колку време?
Јас повеќе прашував за да одржуваш вежби редовно, а не онака еднаш да нуркш.. Ако воопшто има таква опција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom