Една слика Еве и историја Современиот Охрид е наследник на античкиот
Лихнидос (
Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот
Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната
римска сообраќаjница на
Балканот.
Бригијците и
Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и
Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот
Персеј,
Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и
30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Охридската област во краjот на
6-тиот век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на
7-миот била целосно колонизирана од словенското племе
Берзити. Лихнид оттогаш добил името Охрид.
Охридскиот краj уште во втората половина на
8-миот век станал привлечно подрачjе за
бугарската држава. За време на бугарскиот цар
Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку "комитати". Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во
886 година
Климент (Охридски) по краткото задржување во бугарскиот двор бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена
Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна
Македонија и Јужна
Албанија, со главните градови Охрид и
Девол.
Како учител и епископ Климент заедно со
Наум ги поставиле основите на т.н.
Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на
9-тиот век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот
Самуил и
Бугарското царство, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента
1015 година византискиот император
Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот
Јован Владислав, наследникот на
Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на
Охридската архиепископиjа.
Во
1202 година Охридскиот краj заедно со другите jугозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во
1334 година српскиот крал Душан презел градовите Охрид,
Прилеп и
Струмица. Во
1378 година, била доградена црквата
Света Богородица Перивлепта ( Свети Климент) во Охрид.
Забелешка: Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (
9-ти век), додека во местото
Плаошник близу градот се наоѓа рестварираната црква
Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од
13-тиот век.
Кон самиот краj на
14-тиот турскиот султан
Бајазит I успеал речиси насекаде во Македониjа да jа наложи своjата власт.
Охрид има
аеродром,
Охридскиот аеродром кој функционира преку целата година.