само не знам каде е Acid да напише нешто на темава... да се надоврзи на патеписиве... :back:
Еве го Acid
Мене па другари ми се вратија со труење... Тотално разочарани. :nenene:
Стомачни вируси ја полнат охридската болница
Водата за пиење во Охрид е безбедна, тврдат лекарите, но треба да се внимава со храната. Поради неисправна храна, охридската болница се полни со пациенти. Во последниот период во Општата болница во Охрид се јавиле поголем број пациенти, кои се жалеле на повраќање, гадење и дијареја.
- Се јавуваат поголем број пациенти со стомачни вируси. Ние, додуша, секое лето имаме зголемена работа поради нив. Не се точни шпекулациите дека водата во градот е небезбедна, таа е здрава за пиење. Пациентите што ги примаме главно имаат проблем со инфекции предизвикани од храна. Не можам да кажам дека има тешки случаи. Но морам да апелирам да не се јаде брза храна, добро да се измиваат овошјето и зеленчукот и да се внимава како се чува готвената храна - вели д-р Лидија Љаткоска, началничка на одделението за инфективни болести во охридската општа болница.
На одделението за инфективни болести дневно помош барале над 30 пациенти. Меѓу нив имало и туристи.
- Мора да се одржува личната хигиена. Храната треба да се чува заштитена од инсекти, штетници и други животни – вели д-р Љаткоска.
Лекарите советуваат да се избегнуваат производи што не се термички обработени, како што се мајонези од домашни јајца.
Инспекторите запленија машини за крофни и за пуканки
Охридските тезгиња на кои нелегално се продаваше храна вчераутро беа отстранети. Инспекторите запленија 11 машини за производство на миникрофни, пици и на пуканки.
- Во одземените машини се наоѓаа и продуктите од кои се произведувала храната и беа полни со масло и со други работи. Тоа значи дека несовесните производители на храна ретко го менувале повеќепати употребуваното масло и покрај законската забрана за продажба на храна на отворени тезгиња, каде што не се исполнуваат ни минимално санитарни услови - велат инспекторите.