Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Мајсторе јас напишав дека скокна од копно пред мене беше, а не како го барале крстот, во врска со твоево организирано се јако јбг ама со оглед дека 90% од годиниве уназад крстот го фрлале од кога ке испливаат оваа година беше далеку покорентно и рано го фрли крстот
Ако ја видиш официјалната снимка од преносот ќе видиш дека дури и едно свештено лице вели "види го овој безобразен".

Нека му носи среќа, ама во 1-2 години кога крстот го фрлаше Стефан или некој друг, само тогаш не го фатија од Варош.
Само ние имаме 3-4 во градов што официјално занимање му е фаќачи на крстот, онака како флекс некој му е :D
 
Минатата година, Тимотеј беше починат, а новиов не беше назначен, па Архиепископот Стефан го фрлаше крстот. Гоџо го фати по втор пат.

Инаку би требало да им се забрани ако еднаш го фатиле да учествуваат по втор пат. Ако сака нека си скока, нека се фрла, ама да не може да го фаќа крстот ако веќе еднаш го фатил.
 
На преносот на МТВ убаво се гледа еден ќељав околу 40тина година, како рипа од кајче блиску до пристаништето од каде што беа поповите и го фрлаа крстот, за да стигне за до местото кај што беше фрлен крстот за неполни 30 секунди и демек нешто бараше, ама очигледно беше дека чува територија за да не дојде случајно некој што не треба. Еден од поповите мафташе по него да не се фрла и да плива накај крстот ама џабе. Срамота е ова што го прават Варошани, ќе ја уништат целата манифестација и традиција. Мене јасно ми е дека 99% од луѓето што пливаат по крстот одат за здравје и за фер натпреварување, и веројатно не се свесни за местенките што се прават, ама со тек на време ќе се дознае и ќе им се згади на сите од ова и ќе престанат да доаѓаат луѓе. Една манифестација во државава немаме каде што не е со местенки и фаќање врски.
 
Имаше пренос на Јутјуб

Еве го моментот кога го фрлаат крстот снимка од Телма тв
 
Срамота е ова што го прават Варошани, ќе ја уништат целата манифестација и традиција.
Нема да се уништи. Повеќето луѓе, посебно постарите и средовечните, воопшто не ги интересира кој го фатил крстот, не ја сфаќаат работата како натпревар. Доаѓаат да уживаат, да бидат дел од ова големо случување, да ја почуствуваат светоста и духот на празникот. Видов многумина кои се капеа настрана, не ги интересира што се случува на пристаниште.
Повеќе е удар на реномето на црквата која не може да исконтролира и организира ваква работа. Иако, не знам што можат да направат, Варошани веруваат дека само тие имаат право да скокаат и да го фаќаат крстот, дека останатите тоа треба да го прават кај нив, дека ова не е туризам. Територијално гледиште, помалку и историјско (успеаа да ја сочуваат церемонијата и за време на комунизмот), нема да речам дека се во право, но ја разбирам нивната поента.
Охрид не треба да биде централна манифестација туку локална, централна само во скопје. Тоа може да ја спаси манифестацијата
 
Нека го фрлет тогаш крстот на Сараиште во 5 сабајле, како порано.
Да укинет парични награди сигурна сум дека следна година скоро никој немат да се пријавит.
 
Да, и тоа, да нема парични награди. Само симболично златник или нешто слично. Мислам дека ќе се пријавуваат и тогаш.
 
И низ други цркви во Охрид фрлале крст во тоа време, ама морало да биде пред 5 сабајле, не е ова зачувано исклучиво од Варошани.
Автоматски споено мислење:

Нека го фрлет тогаш крстот на Сараиште во 5 сабајле, како порано.
Да укинет парични награди сигурна сум дека следна година скоро никој немат да се пријавит.
Не е проблем наградата, ќе поминат со крстот по куќи и ќе се наполнат, тоа е цела работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom