Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Кој срам и сквернавење е манифестацијава во Охрид, 35 години истиот шаблон. Како туристичко место и "Ерусалим на Балканот" место да биде најинтересно, да се привлекуваат туристи и христијани од цела држава или регионот овде се мести како третолигашка утакцмица во Русија за едни те исти фаци да го фаќаат крстот. Христијански нема што.
Мада тука ги кривам МПЦ и Дебарско Кичевската Епархија, срамота е да си верник и да местиш фрлање на крст, мислев дека со новиов митрополит ќе се смени практиката, ама очигледно останува истата навика.
Ви текнува Г.Г.Стефан неќеше да го фрли крстот пошто вакви местенки има? 10 пати го опомена да се вратат. Не е ни чудо што неќе во Охрид да дојде. Подобро му е во Скопје да го џитне во Вардар пошто неможеш со кајче таму да чекаш.

Не не бива како народ. Наредна година ист театар ке биде.
 
Заборавија да го исклучат микрофонот и се слуша како на попот му викаат еве го Мартин, фрли го таму.

Мислам, знам дека 90% влегуваат во вода ради здравје што се вика, ама ова е мочање на цела традиција и на пливачите. Сите пливачи тргнуваат од копно, а неколку одбрани од пристаништето или од кајчињата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom