Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли за празников водици нешто во Охрид освен фрлање на крстот? Нешто друго се случува?
Чекај ги крстополисти пред Зегин после рипање, чуја сам дека големи сметке праиф.Зимаф цели кафетин пакети.
Ке има нешто да се убо... скенира.
 
Од каде скокаат варошани, имаше една група позади од бродчиња влетаа, тие ли се?
 
Дерман се немат од овие варошаниве значит.
Гледаше на телевизија или во живо беше присутна ? Скроз коректно, го бараја крстот под вода не беше одма фатен, башка тие шо ги знам од Варош воедно и дечково, машини се за пливање не тој уш еден нема име да спомнам шо го имат фатено 6 пати крстот до сега, пријател шо беше до него призна машина е брз спремен голем човек голема плуќа :)))
 
Го гледав на тв, а видов и снимка како скокна од кајче откако го фрлија крстов, другиве дур пливаја од копно.
 
Како бе скроз коректно не лупајте глупости ко прв пат да е. Фелпс да дојде пак е џабе. Се гледа од кајче и од поблиска страна доаѓаат први варошани и чекаат баш Мартин да го фати, другите не ни бараја ваљда за блокада дошле ако стигнеше некој од копно порано. Најубав и најпосетен настан за празников во цел регион има градов, ќе го уништите со местење и глупирање.
 
Абе очигледно ако ви се другари ке ги браните. Охрид не е само Варош. Неможе секоја година истите да го ваќаат. Пробаа мои другари од Скопје и истото е што се пишува, делуваат како екипа ако видат дека некој друг ги стига ке те повлечат еднаш и толку треба за да успориш.

Ајде нека докажат дека не го прават за пари ова и нека ги донираат сите средства што ке ги соберат за хуманитарни цели? Срамота е вакви работи да се прават а воедно да се глуми дека си христијанин на овој ден. Типично македонче, кога станува збор за пари преку све е спремен да прегази.
Автоматски споено мислење:

Бог се јави.За многу годни!
За мн години!
 
Кој срам и сквернавење е манифестацијава во Охрид, 35 години истиот шаблон. Како туристичко место и "Ерусалим на Балканот" место да биде најинтересно, да се привлекуваат туристи и христијани од цела држава или регионот овде се мести како третолигашка утакцмица во Русија за едни те исти фаци да го фаќаат крстот. Христијански нема што.
Мада тука ги кривам МПЦ и Дебарско Кичевската Епархија, срамота е да си верник и да местиш фрлање на крст, мислев дека со новиов митрополит ќе се смени практиката, ама очигледно останува истата навика.
 
нажалост тоа е по партиска линија и наредба
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom