47 годишен охриѓанец е обвинет дека сторил казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, затоа што полицијата при контрола, не го пронашла дома.
Ете се сложувам, ликов знаел дека има позитивен корона тест, имал решение за да биде дома, а тој упорно и свесно си излегол надвор да си шета и можност да зарази други. Треба да биде и обвинет и казнет и сите адети кои одат со тоа.
НОоооооооооооооооооооооооооо,
Во нормална правна држава (како што не сме ние), законите и прописите важат за сите подеднакво.
СВР Охрид по клучот „овај ми е сопартиец, овој е на жена ми прв братучет од втората мајка, овој му е на комшијата баџанак и слично, дејствува спротивно од она што им се должности.
Имено, сопартиец добива позитивен тест, добива решение за изолација и тука завршува целата приказна. Во една недела нити полиција дошла да провери дали ликов е дома, дали ликов го почитува решението за изолација, нити ништо.
Крајно фрустрирачки е, од една страна да покажуваш мускули, „ете колку ефикасно си ја работиме работата и казнуваме“, а од друга страна глумиш лудило „штом не сум видел не знам“.
Демек овај сопартиецов сигурно ќе ги почитува мерките или затоа што во партија е главен лепач на плакати и прв купувач на буреци и ѓевреци нема да шири зарази.
Секој трет охриѓанец работи во полиција, а тие вечно немаат доволно кадар