Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Се сложувам во целост. Од Корнер до пристаниште цела пешачка зона(y) и да се направат велосипедски патеки од двете страни на улицата.
Амаааааааааааааааааааааааа кај си ја сечат кокошката шо му несит златни јајца. Еден проста пресметка колку пари дневно се слеваат во касата од наплаќање паркинг простор. (Имаш делови и по 100 ден на час:icon_mrgr:). А таа катната гаража беше и остана пуст влажен сон на охриѓани :vozbud:

Што се однесува до изградбата, ако се гради со брзина со која се гради ул. Абас Емин, тогаш Македонски просветители ќе биде пуштена во употреба во декември 2025:pipi:
И катните гаражи ќе се со наплаќање, нормално.Плус, сигурно со поголем капацитет.
Ама вака им е на готово работата, све е изградено одамна од некој друг.

Патем, дали некој некогаш воопшто паркирал во подземнана гаража по пазарОН?
 
@Darklady Знаев дека ќе спомниш пак за Абас Емин :pos: Прејѓе поминав да си клам гумчина нови на колана во Тубелес, она улица уште долго не се прајт.
 
Секогаш постои можност за петиција :) Некогаш пали... Ако граѓаните се побунат и побараат пешачка зона можеби ќе се смени нешто.

Петиција? Од Охриѓани? :pos: :pos: :pos:
 
Јас пак баш ги сметам за галамџии... Еве во Карпош таква тактика пали нпр..

Галамџии за оговарање и кажвење умој сме само. За вакви конкретни работи,акција некоја,пиј си кафе, пиј си тутун...
 
Секогаш постои можност за петиција :) Некогаш пали... Ако граѓаните се побунат и побараат пешачка зона можеби ќе се смени нешто.

Во Охрид петиција никогаш не поминала, нити ќе помине.
Еве конкретно со пример. Утре Рудници и Емка покренуваат петиција за пешачка патека, па треба да се собираат потписи.
Ќе се потпише Трајче и Петко на листата со потписи, па доаѓа Мите „ам како да не, оние вмровцине се потпишале, ова е партиска работа, не се потпишвам јас“.
Доаѓа Менка, „аууууууу Ристе се потпишал над мене, не се потпишвам јас со тој комуњарот“.
Па ќе слушнеш „да беееее јас ними ќе му се потпишвам, тие пари ќе си лапет, јас ќе му се потпишвам“ и слично има уште за набројување.
За заедничко добро, никој никаде го нема, а за рекла кажала муабети, први сме :icon_mrgr:
 
Општина Охрид , Влада , партии и све такво слично.
Истото важит и за 15-ти корпус, а посебно за оние еднонасочни уличиња Видобишта, краци по Абас Емин и Кленоец итн.



Убо велиш ама ај кај имат паркинг во близина на било кој дел од Питу Гули?
Иначе, децата од Христо родителите не ги научија да го користат онај мостон кај школоно за да не се преминвит кајгоде.
Ама зато ги носет и враќет и паркирет со 4 жмигавци пред школо и на сама раскрсница, а и до Марко Нестороски многу пати.
Паркирет натре со си кола и то во Благој Ѓорев ондека кабиљ да е и в дуќнан ќе влезат натре. Другите на постојкана настегани кај шо требит АВТОБУС да се наместит за да се качат сиве шо се за наработа Костал/ЛТХ/ОДВ и нормално од стандардниве шо возат за Лакочереј, Лескоец, Велгошчи, Сруга итн... Да сум застанвам со автобусот до нив го гасам и си заминвам ич око да не ми трепнит и 10 коли да ги блокирам.
 
И катните гаражи ќе се со наплаќање, нормално.Плус, сигурно со поголем капацитет.
Ама вака им е на готово работата, све е изградено одамна од некој друг.

Патем, дали некој некогаш воопшто паркирал во подземнана гаража по пазарОН?
ИмаТ подземна гаража?? :eek:
 
Општо праев муабет.
Иначе ова паркирање на улица се решават лесно, ама полицијава наша ќе излезит еднаш, ќе пишит една казна, и таа сосила, и останатото време ќе си грицкет семки на кеј.
Не ми е јасно стварно, колку вработени имет во полиција, шо прает внатре, се бркет?
Не по четворица се возат во оние спаркојне нит ваму нит таму и кркај буреци и тостој кај Спасета, Фул..
А ти чуди се како ќе се спуштиш или како ќе се качиш за Горна Порта со кола, зш и од лево и од десно настегани испаркирани.
Две од озгора идат ти одоздола нит тие нагоре нит ти надолу мојш да се вратиш, катастрофа ебаим газот мајчин нивни.
 
ИмаТ подземна гаража?? :eek:
Имат, ко ќе влегвиш од старион паркинг од кај рибарницине влезон.Е сега дали е сто посто спремно не знам, а надвор имат семафор стално црвено светит :ROFLMAO:
 
Имат, ко ќе влегвиш од старион паркинг од кај рибарницине влезон.Е сега дали е сто посто спремно не знам, а надвор имат семафор стално црвено светит :ROFLMAO:
Типично македонски....денојве ке одам ке истражам баш ме интересира дали е достапен за нас смртниците или има заврзлами некакви.
 
Molci vozduhov ne e zagaden, ama ako bese so ke praevme :confused: red zone
 
Во Охрид петиција никогаш не поминала, нити ќе помине.
Еве конкретно со пример. Утре Рудници и Емка покренуваат петиција за пешачка патека, па треба да се собираат потписи.
Ќе се потпише Трајче и Петко на листата со потписи, па доаѓа Мите „ам како да не, оние вмровцине се потпишале, ова е партиска работа, не се потпишвам јас“.
Доаѓа Менка, „аууууууу Ристе се потпишал над мене, не се потпишвам јас со тој комуњарот“.
Па ќе слушнеш „да беееее јас ними ќе му се потпишвам, тие пари ќе си лапет, јас ќе му се потпишвам“ и слично има уште за набројување.
За заедничко добро, никој никаде го нема, а за рекла кажала муабети, први сме :icon_mrgr:
Тоа е проблемот со мал град и што секој секого го знае (а и рекла казала нормално).. а како што спомна сантели дека тоа поминува во Карпош, сигурно таму не е таков случајот(пошто и Скопје нема многу рекла казала туку секој си брка работа).
 
И друг пример во то со потписите.

Велат ми е страв дан ме прочитат на список некој во општина/министерство па да го кркаме, пошо доста примери имало кога реагирале луѓе и со тие ретки потписи и другиот ден одма инспекција во приватен бизнис ило најмалку сообраќајна контрола и ремет.
Шо е најјако , во нив имат и луѓе шо ги гласале моменталните на власт, ама страв.
Или можда им вработиле некој...октопод држава!

И на тие трибини со јавноста во општина шо 5 до 12 добиваш термин и ако случајно си среќник таму ќе налеташ на 70% од поддржувачи на моменталните кои и да се, чисто онака ставени за публика.
Еве денеска прочитав дека уствари имало јавна расправа за Македонски Просветители утре во 12, а пријавување до сабајлево...:)
 
Некоја експлозија преска негде некој дан слушна ? По кејон деца така слушнале и Вик од Видобишта исто имаше пишано. :) ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom