A
Avenger99
Гостин
Винце ќе частиш и ти ко овај Бојан претходноЕ да си ми жив и здрав. Коа ќе ме носи патот частам пиво ти частиш пунење телефон
Брат, муабетот ми беше баш ова. Тие убавини за 5 дена највише се шетаат. Плажата и езерото се исто битни пошто сепак, град со огромно и убаво езеро е.и доста акцент се мава на тие плажи и слично. Треба сите аспекти да се фатат и максимум да се извади од местото. Планини имаме низ цела Македонија, цркви исто така. Водопади исто имаме 2 што се заборавени од нас за жал.
Езерото е многу битен фактор исто така. Таму ако се подоби ситуацијаа многу повише редовни туристи од Мк ќе има и ќе оставаат пари. Сепак мене ми е на 2 саати од дома охрид, секој викенд можам да идам и да оставам по 2000рки ако има услуга како што треба така? Знам дека 10% се за никаде, верувај кај нас се може 50%. Само лошо е што ради тие 10% "угостители" цел град со сите природни убавини го бие лош глас.
Лошо е што на плажите се случуваат сите "цигански" работи. По интернет се плукаме и така губиме и ние и вие.
Како и да е, остани ми со здравје![]()

Шала на страна, го имаш и св. Наум, Заум, плус бродски тури до скоро сите плажи во Охрид.
Охрид како таков не смејт да се свртит целосно кон плажарски туризам. Не викам дека не требит да го имат, ама не во ваква мера ко шо е сеа. Охрид не е море, и си имат поинаква убајна од море. Кој мојт да ја разберит и сакат да уживат ќе ги ценит овие работи, кој не нека терат Грција.
Имат планини секаде се сложвам, ама не сите се национални паркови. Патем, Галичица како таква убавица е единствена во Македонија со поглед на двете најголеми природни езера, ендемични видови шо ги имат во едно езерце горе на Галичица( незнам како се викаја

Покрај сево ова странците уживет и во благодетите шо ги имат охридскиот регион како клима и мир. Другар имат вила во Елешец а под него пар германци купиле вила и цело време се тука. Не би го менувале погледот и мирот што го имет таму за ништо на свет. Во зградата кај шо живеам, иам комшии од Скопје, викет идаме во Охрид само да се наспиеме ко луге, на плажа еднаш неделно одат.
Да не звучам самобендисано, ама реално ни еден град во Македонија неможит да се споредит со знаменитостите и убајните шо ги имат со Охрид.
Пс. Ќе заборавев, и рекреативно рибарски туризам, во последно време и ова е актуелно, не дека Охридското езеро е многу богато со риба, али за тепање време и кулирање е топ.