Имат неколку дежурни на темава шо обавезно во секоја прилика се тука да фрлет некоја досетка за Охриѓани и како сме немале појма од туризам. Бујрум еве, со условите кои ги нуди земјава, што економски, што инфраструктурни, напревете нешто подобро. Ќе се трампаме едно лето колку да добиете идеја дека работите не се така црно бели. Најлесно е оп, Охриѓани вакви такви, а никој не го гледа или не сака да го види вистинскиот проблем и да го впери прстот.
Ќе почнам прво со очигледните пропусти на локалната/државната власт во изминативе години, како што имаше некој спомнато поназад, за немање стратегија. Не може во град во кој се одржува Охридско лето, истовремено да ечи Аца Лукас. Не знам кој издава дозволи, не знам кој упорно дозволува цел шлајм на Балканов да се собере во Охрид во еден викенд во август. Во интерес на сите е да се растерети градот и да има порамномерна распределба на туристи, а упорно со години уназад сите настани се туркаат во еден прозорец од 10 дена.
Не може ако претендираме да имаме некој елитен туризам, да чади лесковачка со тие глупите боксој. Секоја година си зацртуваат некоја цел, да имаме х ноќевања, y посети, ама пусто никаква стратегија како да ги остварат тие цели. Се нема таргет група, или ќе промовираш мирно место за одмор или лумперај, двете некако не оди.
Каменот од блиску доаѓа, и за жал цела штета на градот е направена од лични интереси на локалната власт низ годините.
Се е некако оставено така, што се нашло од природата супер, што изградил некој приватњак уште подобро, локалната ќе замачка нешто во мај колку да личи до септември и толку. На ајван плажа има отпад што стои тука 5 години. И ќе стои уште 5. Истите проблеми со години се актуелизираат во април, ќе излезе некој инспектор еднаш два пати колку да се рече ете излеговме на терен и толку. Градот има ОГРОМНИ проблеми со локални шерифи и непочитување на закони во секоја сфера. Од урбанизам, угостителство, сообраќај, you name it. Не може Парк да изгради плажа за 1000 посетители а да нема обезбедено паркинг. Секое зеленило во Прва Горица е зафатено од автомобил, тотално уништено. Исто и за Куба и за сите останати. Не може некој со години да ваѓа лиценци за превоз ( такси, автобус ), а истовремено да има диви возачи кои со години возат на истите делници. Да не почнувам за проблемот со плажите и концесиите, дискутирано е поназад.
Патиштата се посебна приказна. Колку е инвестирано од државната власт за подобрување на патиштата во Охридскиот регион? Источна Македонија се отворија делници/автопати колку сакаш, тука еден мочан автопат од 60 км се гради 10 години. Влезот на Охрид не е чепнат со години, кај Св.Еразмо патот е кола да искршиш. За накај Св.Наум патот не е чепнат од кога е изграден, барем еден нов асфалт да се постави колку да нема дупки. Патот за накај Галичица, исто.
Значи градот е оставен буквално на милост и немилост, со прст не е чепнато со години наназад.
За домашните туристи да не зборувам, посебна приказна. Качени сите по јахтите ама го тресат цигарето во езеро. Поминете Љубаништа во недела околу 6 часот, кога сите ќе си заминат, да видите колкава количина на ѓубре има по плажата. Се е ова одраз на културата што ја имаме како народ. Во Грција и Бугарија сите ќе си го соберат ѓубрето после нив, од кола нема да им текне цигаре да истресат, не па да фрлат нешо, таму се сите бубачиња, тука сите се понашаат ко шерифи.
Тоа е тоа другари, вина има од двете страни, примери за непочитување имам од двете страни. Само глупави се малце овие споредби демек Охриѓани биле алчни, кога истиве ситуации што ги опишувате во Охрид се случуваат насекаде во земјава, само со години уназад ние како дежурни кривци сме