Најголем дел од туристите шо идат во Охрид не ни знат дека мојш да се капиш во езерото а камо ли да тераш плажарски туризам ко во Грција.
Еве дел ќе ти набројам па ти види си следен пат ко ќе идаш:
-Културно историски туризам( Самоилови тврдини, Горна порта, безброј мал работилници во стариот дел на градот, антички театар, заливот на коските, охридско лето како манифестација е од најголем и најважен тип во Македонија, дали воопшто си бил на било која културна активност од охридско лето?)
-Црковен : Дали воопшто требит да се пишит појќе на оваја тема?
-Авантуристички и планинрски : Ја имаш Галичица, и тоа што ме радува е све повеќе туристи одат во Охрид само ради турите шо се прат до Магаро и посета на националниот парк. Возење на велосипеди и оф роуд тури низ Галичица, возење на квадрицикли по Галичица, нуркање- Амфора мислам се викаше клубот за нуркање во Охрид, летање со параглајдер, исто од Галичица со приземјување кај Куба Либре
Етно туризам: Вевчани како едно од најубавите села во Македонија е на 20 минути одалеченост од Охрид, кој бил знајт за каков туризам се работит. Куратица, село исто некои 20 минути од Охрид со недопрена природа и преубај рибни ресторани.
Вински: за жал овај е најслаба карика од сите, постојат 1 или 2 места кај шо можат да се пробет различни типови на вина од ова поднебје.
Не е Охрид само езерото и лежалките на плажа