Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Катастрофа. Прво огромна критика за СВР Охрид, други години полиција и во фрижидер да отворев ќе најдев, годинава никој никаде. Вчера цела чаршија ја поминав, цел кеј до Куба, ни еден полицаец не видов, ни еден. Ни за регулирање сообраќај, ни за почитување мерки. По пешачката зона на кеј си се возет со мотори охридските прчој, никој не носит маски, ужас. Во која дупка се пикнати цела полиција јас не знам.
Друга работа, со кој памет се пуштени на одмор 15-16 годишни деца во услови на пандемија? Нула свест на родителите, нула. Баш оваа возрасна група не почитува апсолутно ниедна мерка, јас се осеќам како идиот шо ја носам маската на секое а некој друг се шета и се заебава на сметка на тоа.
Ова е една од сериозни забелешки... Вчера во Куба се што е средношколец од Скопје беше таму. 6 деца на метар квадратен. Изнајмуваат стан и се пикаат 7-8 деца внатре. Родителите се за ќотек и секоја осуда.
Не можам ниту да замислам како ќе изгледа викендов...
 
Сето тоа се средува, ако се сака. И, тоа воопшто нема да му штети на туризмот, напротив. Градот, со своите инспектори, со асистенција на полицијата многу брзо и трајно можат да го решат проблемов. Разбирачка нема и, нема да има. Само големи казни!
Јасно ми е дека кај нас менталитет се менвит само со казни, ама стварно осет да се немало.
 
Имам сто пати кажано Охрид си го сакам, имам шетано сегде низ светот ама за градот си имам посебно место во душата :)
Треба многу работи да се сменат во градот, за тоа си има вина и локалците и власта, што од лакомштилок што од не знаење го уништуваат и она што остана во градот.
Угостителите се арогантни, секоја чест на исклучоци а ги има не викам дека не.
Две вечери барам приватен смештај на интернет, имаш понуди од секаков вид, ама она што ми боди очи е тоа што секој жител во Охрид сака да изиграва угостител а не секој има услови за тоа.
Ставил оглас дека издава апартман,отворам огласот мизерија жива, кревети од пред 100 години со механизам за спуштање ги начукал во една соба три такви со стап да врвиш низ соба, подот се распаѓа со стари искинати теписи, тоалетот катастрофа, никаква уредност и естетика а бара 30 евра за една вечер за собата.
И се почесто ги има такви, од секоја шупа сакаат да извадат пари без да вложат цент, е не можи така, во Битола викаме " со сув газ риби не се фаќаат" :)
Нека земат пример од соседите, ете не мора Грција, Албанија нека ја земат.
Лани бев прв пат Албанија и смештајот е одличен, за 40 евра од вечер имаш цел стан комплетно реновиран со спална со дневна со сите нишани за цела фамилија комотно да се смести, имаш комфорт шо е најбитно, за чистота и гостопримство да не прајме муабет.
Охриѓани години наназад се бават со туризам и пак се понашаат како од марс паднати.
Треба власта и надлежните, поточно инспекциите повеќе да се ангажираат кој се не издава соби, е од такви паѓа рејтингот во градот.
Мене не ми е проблем да платам ама за возврат сакам да ја добијам потребната услуга, а не да ми го гасни бојлерот оти многу струја му трга и слични ствари :)
Пак ќе речам жалосно шо не знаат да ги искористат максимално убавините кои ги нуди овој град.
Да беше на пример Охрид во Словенија или Хрватска ќе беше туристичко место број еден на Балканот.
Видете Грција од какви рибни села направија туристичка атракција,ние секоја година со Аца Лукас кадеее бе :)
 
Таква некултура и сељачана одамна не сум видел во градов.
Eпа сеа ќе дознаете што све низ годиниве идело по Црни Гори, Бугарии, Албании...
 
За смештајот малце оф топик
Турите на Крф од нашиве агенции. 150и нешо евра од Ск (од другите градови поефтино се фати, 140 и нешо беше како што кажаа тие таму што ги запознавме).
Превоз од Ск до Крф со траект со се, 2 платени екскурзии плус 9 ноќевања. Имавме апартманче во куќа, со тазе измиени тањири, чаши, ножеви, вилушки. Телевизорче со грчки канали, клима со доплата (не плативме не ни требаше), шпорет прилично нов, фрижидерче ново, цело време топла вода, дворче со дрва, сенка насекаде, места за седење одлични, и тераса 2-3 метра долга и 2 метра отприлика широка, 3 пати во тие 9 ноќи некој ни мењаше постела шо бевме ние зачудени, сепак апартман е, да не речам една голема куќа направена во апартмани. сега ти рачунај од 310 евра за 2 особи, одземи пат траект и слично колку би дошло за тој апартман од ден за 9 ноќи?

За споредба, во Охрид кога гледав, во таква шупа ко ти што ја збориш,тв има антена нема, топла вода има увек ама в'енѕеро, оделни 2 кревети од време на СХС итн. ни побараа 500 денари од кревет. 1000 денари за 2 особи. 9 ноќи - 9000 - 150 евра. :) Нормално не прифативме...
 
И во Скопје аку е "кратка" релација не те земет?
Да , стари странци од 60+г сакаа од Хотел Карпош до Сити Мол да идат и на телефон како за чудо сите диспечерки баш тогаш немаа слободни коли. Инаку ако не им кажеш од каде до каде уопште не ти ни бараат кола.
 
За Илинден стандард цените дупло за смештај :) Имам другарка издава апартмани во Пештани, вика и 100 евра од соба да побарав ќе земаа оти немаше слободна соба за иљач лани.
Оваа година бетер ќе биди дека се границите затворени.
 
Охриѓани наместо да бараат подолга сезона они бираат гости, погодни и непогодни. А би требало да знаат дека најскапа соба е празната соба.

И дека има лоши гости, има, ама тоа се решава, ако се сака, полицијата и инспекцијата заедно со Општината може да решат секој проблем и да го сменат Охрид за 180 степени. За ова не ви се криви скопјани.

Пример одиш Сани Бич или Кавос, и знаеш дека таму нема полиција, само брза помош, и нема љутиш, хаос е, ама сите се среќни.

Си кажавте погоре, Охрид нема стратегија, нема контрола, нема ни капацитет да опслужи 100% исполнетост на сместувачките капацитети.

Топ ми е Охрид, ама после 2ри август.
 
Охрид до лани беше прилично чист барем низ центар и поблиска околина. Оваа година сите паметни родители „ги тргнаа“ децата од Скопје и ги пратија во Охрид. Гужвата и нередот најмногу ја создадоа децата кои оставаат купишта ѓубриња и празни шишиња бидејќи се шетачи и не трошат пари по кафичи.
Викендов ќе дојдат и фамилиите па ќе се комплетира хаосот.
Изнајмувањето оваа сезона е надвор од контрола бидејќи луѓево се со загрозена егзистенција и секој се обидува да извлече денар повеќе. Не ги осудувам, тежок е периодот и пробуваат да си уновчат тоа што имаат да понудат.
 
За корелацијата меѓу туризмот и Охрид можам само да кажам нека одат охриѓани во Турција и да научат нешто..
Не им треба баклава, си имаат ѓомлезе...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom