Едно прашање.
Зошто газдиве на плажите на кои им се завршени договорите за концесија се жалат што требало да ги вратат во првобитна состојба?
Нели така пишува во договорот?
Знам дека многу пари се фрлени но никој од нив не работи од љубов, сите наклапаа тешки пари од тие исти објекти.
И зошто ако на Мујо му завршил договорот не ја отстапи плажата на Хасо за тој пет години има право да ја работи, плашата не им е доделена од господа па само тие да смеат да работат, ево јас можеби сакам да инвестирам а не можам затоа што некој не сака да се држи до договорот.
Јас како мал со моите одев на дивата плажа после Метропол, сега Акапулко која е уништена со парапетчиња, лежалки и грди платформи, се префрлив Потпеш затоа што ми е најблиску се до лани кога буквално ставија лежалки на секоја педа, едино место без е пред кајацине од каде што не избркаа лани затоа што тоа било место за кајаците.
Сега ми останаа Лабино и Парк, едната дива која не е нешто посебо затоа што кога одам после ручек сонцето мава директно и не се гледа ништо другата има место што е без лежали но загрижениве газди не го ни косат тоа место па се осеќаш како во ливада да си застанал.