Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Јас лично немам проблем пицата да 400 денари, ако е некој вида на пица шо ја немат во градов или ако е екслузивна само во Александрија, нешто иновативно да е.
Ама пицата иста ко таја во Ди Анголо а таму 230 денари ваму 400, само зато шо била 3.5 метра поблиску до езеро не е во ред.
А исти газда на двете :D :D
 
Газда на Ди анголо е онај шо го држит хостелон, од Варош.. А на Александрија не е сметководителон од Белевци ?
Порта, Александрија и ДиАнголо се од исти газда.
 
Сега летово како шо изгледа ситуацијата ни една земја нема да ни отвори граница, рачунајте цените пута 10 :)
Кога можат во оние селата на краците во Грција да го плаќаат кафето 5 евра :icon_lol:
 
Па не сметам баш дека на секој туристички град сезоната му трајт од-до. Можда на места кои се зависни 100% од временски услови, како летувалишта/зимски центри. Охрид има мртви периоди, ама мислам дека има посетеност и надвор од ударните месеци. Од април до септември секој викенд е посетен ( сеа нормално не со иста фрекфенција ), исто околу НГ... освен овошје/зеленчук ( шо исто така не сметам дека имат драстична разлика во поглед на останатите градови ), цените во продавниците се исти. Зборвам за Тинекс/Рамстор итн.

Угостителските услуги се поскапи, да. И имам и јас проблем со кревање цени до плафон, а притоа услугата да биде под ниво. Зошо Александрија да му биде 140 денари нес? Па на сликата шо ја постирав нема ни млеко во кафето, цело е со вода. Да, си со нозете во вода, ама од друга страна си на улица кај шо имат огромен проток на пешаци и коли. И Куба е многу, 120 мислам, ама таму бар си колку толку изолиран.
За цените во продавниците ака Тинекс/Рамстор се сложувам, но треба да се прошеташ низ пазар во Битола, Прилеп, Кавадарци и да се прошеташ низ пазар во Охрид, па да се увериш дали нема драстична разлика во цените.
Газдата на Милениум е истиот и во Битола и во Охрид, цените во Битола му се на половина од овие охридскиве :icon_mrgr:(ам аку охриѓани побогати се).

Со оглед на моменталнава ситуација со коронава и затворениве граници, летово во Охрид цените има драстично да одат нагоре, па тек ќе гледаме слики од фискални сметки.

П.С. Сите скенираат фискални, само сметките од Охрид се сликаат :icon_mrgr:
 
За цените во продавниците ака Тинекс/Рамстор се сложувам, но треба да се прошеташ низ пазар во Битола, Прилеп, Кавадарци и да се прошеташ низ пазар во Охрид, па да се увериш дали нема драстична разлика во цените.

Јас живеев во Скопје и цените на пазар беа исти во Скопје и Охрид.

Газдата на Милениум е истиот и во Битола и во Охрид, цените во Битола му се на половина од овие охридскиве :icon_mrgr:(ам аку охриѓани побогати се).

Сигурна сум дека ако газдата беше од Кочани пример разликата во цените ќе беше уште поголема, ама тоа е и поентата на цел муабет шо се водит во темава.
 
Ако носат патлиџани и пиперки од дома може и 10 да истераат
Aк носет месен нарезак, паштети, мојт и месец дена да се тука. Плус то во маќедонското е да се префатет некако, да се пребијет со нешто, гага нешто убавезно да се исфурат.
Али у Охрид скупо им е, они не доаѓаат тука. Они у Грчка.
 
Последно уредено:
И битно за цени да се прајт муабет, јер на македончето само то му е битно.
 
Подрани сезоната на сликање фискални од Охрид.

EZhv1_OXkAEVRpe
Цената немат да ја коментирам ама зш на вработените не им се дает 500-600 евра плата и осигурани и да имаат маици со препознатлива боја на кафичот или ресторанот.Ако платиш 140 ден да го видиш келнерот или келнерката расположени,насмеани и да те слушаат шо нарачвиш а не ти му викаш едно тој друго ти носит умот му е дали ке му остајш бакшиш или не.
 
Е за ова си прав.
Брат ми работеше во еден локал на широк сокак, и кога го поскапија кафето им вика абе газда арно кафето го поскапи, платата да ни ја крениш барем, се напрај дека не го слуша.
Башка кој осигуран на пола работно време кој ил, башка плата им се касни ама цените битно до плафон.

Лани со уште две другарки седнавме да ручаме во Потпеш и иди келнерот, се убаво расположен си беше, порачавме пред јадење салати малати, и нормално ракија со салатата. Батето ни ја донесе ракијата а салатата со ручекот, ја испивме на суво ракијата :ROFLMAO: Ми вика абе требаше да ми нагласиш дека сакаш салатата пред ручекот wtf хаха
Ај нејсе тоа, иди го носи јадењето, лажичката неизмиена, значи јас не се бунам за вакви работи ако седнам да јадам во некоја биртија, ама ако веќе ми лупаш цени како да јадам ручек во Париз тогаш држи стандарди како да си локал во Париз :)
Инаку храната беше превкусна и амбиентот беше супер да не испадни само критикувам :) Ама мора да внимаваат на некои работи.
 
бајрам со умо си праиме...какви кафани со короната....
 
Минатото лето седнавме Потпеш и му викам на келнерот донеси едно пиво, идат и ми велит - еј оди на шанк да си земиш. Јас онаков wtf, ојдов и си зедов на шанк, им велам вака и вака, ми рекоја - остај го тој нов е. :eek:
Ама како шо велиш, супер е местото, убо јадење имаше и со лагано расположение може човек супер да си помине.
 
Цените си се такви какви што се, и се сосема оправдани. Јас да сум 200 ќе го ставам кафето. Ако немате пари да одите у Охрид, мрш на Сицилија таму прајте се курнази со паштети и патлиџани од скопје.
 
Цените си се такви какви што се, и се сосема оправдани. Јас да сум 200 ќе го ставам кафето. Ако немате пари да одите у Охрид, мрш на Сицилија таму прајте се курнази со паштети и патлиџани од скопје.
Кажи му, кажи му :)
Таму и 20 евра ќе го плати кафето само за да го слика за на инста и да се испуфка дека бил Сицилија :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom