Е за ова си прав.
Брат ми работеше во еден локал на широк сокак, и кога го поскапија кафето им вика абе газда арно кафето го поскапи, платата да ни ја крениш барем, се напрај дека не го слуша.
Башка кој осигуран на пола работно време кој ил, башка плата им се касни ама цените битно до плафон.
Лани со уште две другарки седнавме да ручаме во Потпеш и иди келнерот, се убаво расположен си беше, порачавме пред јадење салати малати, и нормално ракија со салатата. Батето ни ја донесе ракијата а салатата со ручекот, ја испивме на суво ракијата

Ми вика абе требаше да ми нагласиш дека сакаш салатата пред ручекот wtf хаха
Ај нејсе тоа, иди го носи јадењето, лажичката неизмиена, значи јас не се бунам за вакви работи ако седнам да јадам во некоја биртија, ама ако веќе ми лупаш цени како да јадам ручек во Париз тогаш држи стандарди како да си локал во Париз

Инаку храната беше превкусна и амбиентот беше супер да не испадни само критикувам

Ама мора да внимаваат на некои работи.