- Член од
- 19 септември 2008
- Мислења
- 730
- Поени од реакции
- 62
Прво не ме интересира кај ти си седел 8 години и како си ги поминал, темата за тоа не е. Друго, МРЧАТОР не сум, а кога плаќам за нешто очекувам да ме услужат како муштерија, а не да се помирам со тоа дека се кретени на куб.
Трета работа, ја кај ќе одам другата година или во текот на привршувањето на ова лето, е мој проблем ама у Охридон нема да биде повторно, тоа ти го гарантирам.
И за крај препрочитај го убаво мојот пост кај шо има наведено дека имав договорено стан у Охрид од тука, само за да коа стигнав тамо момакот ми рече дека не сме се разбрале и заборавил да ми напомене дека унапред се плаќало ( читај - да ме бричи на суво ).
П.С. "Уштекан" сум на интернет. Не сум од Конче, Подареш или Волковија во тетовско, да носам вода со стомни дома, па прв пут сум излегол и сум неинформиран, а оттаму мрчатор. И јебига и на скопски кеј се бунам коа со Несот шо го плаќам 100 или 120 денари нема да ми донесат шеќер.
Баш ми е мило што нема да ги тормозиш охриѓани до година, туку ќе пишуваш на некоја друга тема на форумов или ќе се караш на некоја тема на некој грчки форум зошто си платил 5 евра нескафе, а на кеј во Скопје било само 120 ден

Второ немој да ги вреѓаш луѓето од Конче, Подареш или Волковија, тие се сигурно сто пати поработливи од тебе и од твојте нескафиња, немој да се навредиш и од мене се сигурно.
И јебига и на скопски кеј се бунам коа со Несот шо го плаќам 100 или 120 денари нема да ми донесат шеќер.
Овде дефинитивно докажуваш дека не си МРЧАТОР туку дека баш за парите си ја бараш услугата

Ај сега два вица баш за темава да ја ублажиме ситуацијава

Скопјанец го прашува Охриѓанец: абе што имате вие против скопјани?
Охриѓанец: па ништо ефикасно

Скопјанец се буни зошто топло пиво му носат, го викат келенерот, абе брат зошто топло пиво ми носиш.
Охриѓанец: абе брат логика море, логика употреби.
Скопјанец: шо бе логика, топло пивово тој логика?
Охриѓанец: логика море брат, да имаше ладно, ќе ти донесев топло?