Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Дап, најубај хамбургери прат во Панорама и тој ресторанот кај наспроти пожарнана шо е, според мене. Во касапче едно време убедливо најдобри беа хамбургерите, ги земаа плескавиците од месарата јарец7, ама сега шо знам, само просечни ми се...

Инаку, ако сакате да пробате ПИЦА (намерно со големи) ојте во Piccola Italia, се наоѓа кај Гица за патон онаму кај Лескоец, мислам дека ќе ме сфатите за кај зборвам. Човекот е од Италија шо ги прајт пиците и сите му се која од која пуба. Омилена ми е мене таа од четири различни сирења. :)


пс. Џенаро (така се викат човекот) за Јуве е. :)

Ќе му одам некој ден со дрес од Јуве.:icon_lol:
 
И кај Чичо Темеле во Палма хамбургерот 90. Мислам, знам дека е најубав, ама 90 е... Ај наздравје бричење да ни е сезонава. Порано ќе ја почниме.
Me зачуди сеа Џими, прв пат убо нешо за Палма да чујам, а и мене не ми се свиѓат, одев до пред некое време зш шефон компири не прајт, иако ваму ми ги даваја коа со вкус на риба, коа со вкус на скара.. Ме знаеја таму и уште некажано ми подаваја тососалама и компири.. Ама од ко најде едно момиче некој непознат објект не сум појавена таму, та викат заб било, мада не вервам, ама некое камче веројатно.
 
Дап, најубај хамбургери прат во Панорама и тој ресторанот кај наспроти пожарнана шо е, според мене. Во касапче едно време убедливо најдобри беа хамбургерите, ги земаа плескавиците од месарата јарец7, ама сега шо знам, само просечни ми се...

Инаку, ако сакате да пробате ПИЦА (намерно со големи) ојте во Piccola Italia, се наоѓа кај Гица за патон онаму кај Лескоец, мислам дека ќе ме сфатите за кај зборвам. Човекот е од Италија шо ги прајт пиците и сите му се која од која пуба. Омилена ми е мене таа од четири различни сирења. :)
пс. Џенаро (така се викат човекот) за Јуве е. :)

Паметно чоече,знајт за кого навиват :smir: Значи, од сега на пица кај Јувентино :pos2:
 
Мој другар имат најдено црв во зелената салата во хамбургер од Палма и од тогаш не сум јадел, иначе Горичан се викат местото наспроти Дон маркет, и кога ке пробаш ке осетиш олд скул хамбургер.
 
Вистина Горичан (порано беше кај портокалон еее пред години) е прав олд скул хамбургер,ама ако не е таа старата жена шо препрашвит по 34 пати шо да ти стам во хамбургерот :pos2:

Иначе ,браво за Ацета за забраните за митинг кај чичко Свети Климент.И против ВМРО ,ама и против СДСМ.Да не прает гужва.
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=30639
 
да ама колку ќе се почитвит кој знајт кога тогаш пак ќе дојдет двете партии на плоштад
 
Пашиња,како го поминавте првомајскиов "сончев" ден?Да не реча...:toe:
 
Пашиња,како го поминавте првомајскиов "сончев" ден?Да не реча...:toe:

Едно сонце од шо печеше од сабајле, не можев очи да отворам. :) :)
Станав во 3, глеав фудбал, сеа до на кафе и вечер Џез. Пауза од скара годинава. :)
 
Катастрофа денев, не личит на мај :).. И јас станав во 2 и нешто, до 5 фудбал гледав и после то на компијутер, од дома не излегов денес...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom