Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Епа очигледно на некои му е добро да го дупат во здрав мозок ;) За цените е сегде така, не е само во Охрид.Разликата е дека некој 10 дена е тука, а некој постојано.

Интересно како баш твојот роднина не е во тие 80% проценти бабарога Охриѓани, па супер работел и со ниски цени...а истовремено си барал смештај на друго место многу поскапо :icon_lol:
Него муабетов ми беше зошто скоро секогаш Охрид е оправдание за одењето кај долниве...ај комшии да ги речам?
[/QUOTE]

1. Ако си доволно паметен треба сам да сватиш дека не е убаво и културно секоја година да му се гагаш на твој близок... Таму уште од мал сум седел и тоа бил првиот одмор каде решив да одам со екипата на друго место...

2. Си има бидејќи се труди и работи... 90 % од муштериите му се срби и најчесто цела куќа ја изнајмуваат.

3. Зошто Грција е најблиску и најмали се трошоците за пат... Бугарија и Албанија немаат толку убави места а и не е толку ефтино може има ама не се запознаени повеќето од народот...

4. Можеш да го браниш туризмот во Охрид колку сакаш пошто гледам на темава ти си против сите и ги убедуваш дека рози цветаат таму... Сите сакаме во наш град да си одиме макар на 1 или 2 дена... Ама зошто постојано се пумпаат цените на се и сешто? Што трошок би имал ти ако спијам кај тебе 10 дена човече... Куќата да не ти ја срушам случајно? Сметка за вода да не ти стигне преку 20.000?

Зошто се прават рекламите на мтв 1 , сител, канал 5 за туризмот... Онака од заебанција? Се додека така размислувате ќе се води истата дискусија ти постирај колку сакаш на темава како се е убаво многумина нема да ги убедиш... поздрав
--- надополнето: 24 јуни 2013 во 01:18 ---
Тешко во Прага да налеташ на поефтино од овде.Ама е вредно за сите пари :)

Очигледно не си бил затоа неможеме да дискутираме :)
--- надополнето: 24 јуни 2013 во 01:20 ---

--- надополнето: 24 јуни 2013 во 01:21 ---
Не е проблемот за избор, проблемот е создавањето некаков си вештачки избор меѓу Охрид и Егејско Море.Па подобро нема да одам на одмор воопшто ако не сум баш при пари, сепак не е одморот за штедење.Доста слушам од луѓе во околина цела година жалопојки со финансиска позадина, па ете ги сега заштедиле за одмор.

Хаха дали се читаш што пишуваш... Ако не си при пари... Па секоја година ако гледаш населението се мачи да одвои некој денар за да се релаксира малку ... Ако не е до парите тогаш до што е... До љубовта ..
 
1. Ако си доволно паметен треба сам да сватиш дека не е убаво и културно секоја година да му се гагаш на твој близок... Таму уште од мал сум седел и тоа бил првиот одмор каде решив да одам со екипата на друго место...
Да, да, сФаќам.
Опааа!
А зошто да се гагаш бе пријателе ако ти е роднина?Така е македонската логика кај роднина секое лето гага?А и не морат да е роднина.И немој да се правдаш дека не сакал пари од тебе.:icon_lol:

2. Си има бидејќи се труди и работи... 90 % од муштериите му се срби и најчесто цела куќа ја изнајмуваат.
Е ова веќе е промена на цел муабети.Срби.Уште познати и како најголеми и најдоходовни потрошувачи, дури над Холанѓаните.

3. Зошто Грција е најблиску и најмали се трошоците за пат... Бугарија и Албанија немаат толку убави места а и не е толку ефтино може има ама не се запознаени повеќето од народот...
Ако сме комшии и ти викам цело време се најлошо кај и да те сретнам, дека си крив за сите проблеми во улицата и понекогаш ти давам ќотек, дали би идел дома кај мене со огромна желба и расположение?За Бугарија и Албанија, ова дека не било толку ефтино не знам и страшно ме врати на гага муабетот...а и не е страшно понекогаш да се видат нови места, без разлика колку мислиме дека ни се познати и блиску.

4. Можеш да го браниш туризмот во Охрид колку сакаш пошто гледам на темава ти си против сите и ги убедуваш дека рози цветаат таму... Сите сакаме во наш град да си одиме макар на 1 или 2 дена... Ама зошто постојано се пумпаат цените на се и сешто? Што трошок би имал ти ако спијам кај тебе 10 дена човече... Куќата да не ти ја срушам случајно? Сметка за вода да не ти стигне преку 20.000?

Зошто се прават рекламите на мтв 1 , сител, канал 5 за туризмот... Онака од заебанција? Се додека така размислувате ќе се води истата дискусија ти постирај колку сакаш на темава како се е убаво многумина нема да ги убедиш... поздрав
Не бранам ништо, потенцирам една традиција, интересни ми се секоја година контрадикторности од типот:
1.Истиот муабет Охрид (Преспа, Дојран итн.) од лошо најлошо и пак секоја година зголемени бројки од посета и приходи.
2.Исто како и едни кои цела година пееле Излези момче во Борис Трајковски, пцуеле и се најлошо за комшиите и после одат во Солунско Поле...па не е културно да велиш се најлошо за некого и после му одиш на гости, дали Егејско дали Преспа, лицемерно е.
За среќа не издавам смештај.
 
пред 2 години бев овде
http://sunnybeachapartments.net/en/.../Standart_apart_hotel/Blue-Marine-apart-hotel

тогаш плаќавме 7.5 евра од човек од вечер у висока сезона 25ти јули отидовме, значи 4ца 30 евра од вечер беше од овие апартмани со 2 соби клима кабловска купатило базен и чуда... сеа малце поскапеле али ако се пробуричка нешто може да се најде за поефтино. Сеа вие направете ја разликата 450 денари од вечер а у охрид за 350 ке добиете СОБА не апартман, со кревети што крцкаат и телевизор од пред 50 години некој... погледнете ги сликите на линкот, нема споредба :)

eдит :
http://pochivka.bg/o-11830-апартамент_блумарин

еве 5 кревети 75 лева,15 лева од човек 7.5 евра = 450 денари !!! какао бич е на 5минути пешки, центарот е на 2км ама има автобуси на 10 мин 30 денари карта... туборг на плажа е 3 лева односно 90 денари, у охрид е 150 денари... и како да одиш у охрид кажи ми :D
 
Да, да, сФаќам.
Опааа!
А зошто да се гагаш бе пријателе ако ти е роднина?Така е македонската логика кај роднина секое лето гага?А и не морат да е роднина.И немој да се правдаш дека не сакал пари од тебе.:icon_lol:

Е ова веќе е промена на цел муабети.Срби.Уште познати и како најголеми и најдоходовни потрошувачи, дури над Холанѓаните.

Ако сме комшии и ти викам цело време се најлошо кај и да те сретнам, дека си крив за сите проблеми во улицата и понекогаш ти давам ќотек, дали би идел дома кај мене со огромна желба и расположение?За Бугарија и Албанија, ова дека не било толку ефтино не знам и страшно ме врати на гага муабетот...а и не е страшно понекогаш да се видат нови места, без разлика колку мислиме дека ни се познати и блиску.

Не бранам ништо, потенцирам една традиција, интересни ми се секоја година контрадикторности од типот:
1.Истиот муабет Охрид (Преспа, Дојран итн.) од лошо најлошо и пак секоја година зголемени бројки од посета и приходи.
2.Исто како и едни кои цела година пееле Излези момче во Борис Трајковски, пцуеле и се најлошо за комшиите и после одат во Солунско Поле...па не е културно да велиш се најлошо за некого и после му одиш на гости, дали Егејско дали Преспа, лицемерно е.

Под гага мислев поефтино а не дека таму седам без да платам... Ама роднина како роднина никогаш нема да ти земе полна цена без разлика колку и да го молиш да прифати... Ама затоа и сме блиски јас па на друг начин му враќам не е тоа муабетот...

Прво да ти кажам на луѓето многу им е гајле за политика... За некој што рмба 365 дена заслужува да добие квалитетен одмор... А ти што ги кажуваш статистиките ако гледаме така секоја година се повеќе и повеќе одат надвор што правиме за тоа?
Ама многу наши ипак како што пишав ке дојдат тука за викенд или за неколку дена да видат што има а за одмор одат на друго место има разлика... Има луѓе кои се доста успешни во Охрид и си даваат услуги затоа и си има некоја посетеност градот... Ама целиот муабет е како да се подобри туризмот ...

Чим ми спомнуаш патриотизам и го мериш со одморот на луѓето... Тогаш како еден политичар кој го бодри целиот народ за национално едиство ги прави сите мучки со кечињата? Ама тоа ако нели он е патриот, обичниот граѓанин е предавник.. (y)
А и тие шетаат по други земји за време на летниот период...

Ај ја усравме цела тема само се цитираме
 
Гајле им е за политика и на тие туристи од во Охрид (иако е бесмислено, никој не ги замарал за политика)Па надополнети се домашните.Трошат поголема сума, доста од нив и однапред им се закупени места.

Ама многу наши ипак како што пишав ке дојдат тука за викенд или за неколку дена да видат што има а за одмор одат на друго место има разлика... Има луѓе кои се доста успешни во Охрид и си даваат услуги затоа и си има некоја посетеност градот... Ама целиот муабет е како да се подобри туризмот ...
Епа да, постојат луѓе успешни и си работат озбилно, а сите се ставани во ист кош со неработници.Види поназад имам пишано за недостатоци.

Чим ми спомнуаш патриотизам и го мериш со одморот на луѓето... Тогаш како еден политичар кој го бодри целиот народ за национално едиство ги прави сите мучки со кечињата? Ама тоа ако нели он е патриот, обичниот граѓанин е предавник.. (y)
А и тие шетаат по други земји за време на летниот период...
Ај ја усравме цела тема само се цитираме
Е тие се посебна сорта.Дошол од викенд на Егејско Море и пишал колумна дека другите лошо било ако одат.Лицемерие на тони сегде.Или со вакви одлуки.
 
Секоја година се повеќе туристи и приходи а услови и услуги во надолна линија кој математика.
Малку шала од претходните постови.
Убаво е да има странски туристи во Охрид тие го прават поголемиот приход ако не се лажам.
Најколем кикс се и ќе бидат лежалките во Охрид. Зошто да мислат како да извадат пари со други работи изведени на плажите зимај таму парички од лежалка и не му а мисли појќе, па ако не пиеш ојде лежалката. Колку памтам имаше такви работи. Така туризам ЈОК.
 
ја незнам од кај инфото дека секоја година се повеќе туристи, охрид живее од 20ти јули до 5ти август максимум и таму за празникот 2ри август е најголема гужва лани се заебав останав неколку дена после празникот по тажен охрид не сум го видел 20 души на трета плажа на градиште у центар штама.... тажно беше за гледање
 
Секоја година истиот муабет, како не ви се смачи.

Туристичкиот пазар е слободен, секој оди каде што сака и каде што мисли дека за помала цена ќе добие поквалитетни услуги.

Ако Охриѓани заприметат дека повеќе не доаѓаат туристи, тогаш ќе ги намалат цените. Чим досега не се намалени цените значи се задоволни од приходите кои доаѓаат со сегашниот број на туристи.

Ај да пробаме вака. Нека направи овде некој ценовник, со кои цени за сместување, превоз и храна би бил задоволен да дојде на одмор во Охрид...
 
ја незнам од кај инфото дека секоја година се повеќе туристи, охрид живее од 20ти јули до 5ти август максимум и таму за празникот 2ри август е најголема гужва лани се заебав останав неколку дена после празникот по тажен охрид не сум го видел 20 души на трета плажа на градиште у центар штама.... тажно беше за гледање

Па тогаш е најубаво бе, или септември, од гледна точка дека идеш да одмориш.
 
Неофицијално, станари *од страна* скапа им била струјата :confused:

Обновено + Фото: Пожар им го расипа сонот на жители на станбена зграда на „Туристичка“
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif
Синоќа избувна пожар во станбената зграда бр. 4 на булевар „Туристичка“, но за среќа нема жртви и повредени.
DSC_0337.JPG

Како што ни изјавија жителите од зградата, пожарот избил нешто по 23 часот од броилата за електрична енергија по што одекнале силни експлозии. Густ чад веднаш го исполнил влезот и почнал да навлегува во становите кои жителите ги напуштале во паника со крпи на устите. Пожарот бил изгаснат со брза интервенција противпожарната единица од Охрид, која пристигнала со повеќе возила.
DSC_0327.JPG

DSC_0333.JPG

Дел од станарите и покрај неподносливата миризба останале во своите домови, додека други ноќта ја поминале кај роднини и пријатели. Како што денеска им било соопштено од ЕВН, проблемот со оштетената електрична инсталација ќе биде саниран во наредните 3 недели.
Се обидовме ноќта да ја поминеме во нашиот стан. Но подоцна поради неподносливата миризба, се упативме кај наши роднини. Утрово во разговор со електричарите од ЕВН ни беше кажано дека целокупниот процес околу поставување електрична инсталација ќе трае околу 3 недели. За среќа, жртви нема.“ - вели станар од зградата број 4 на булеварот „Туристичка“.
DSC_0341.JPG

DSC_0330.JPG

Силните експлозии кои одекнале доцна во ноќта ги вознемириле и жителите од населбата „Охридати“.
Се слушнаа неколку експлозии, а потоа прочитавме дека се работело за пожар на булеварот „Туристичка“. Денеска дојдовме тука да видиме што точно се случило, но ова е навистина страшно. Среќа што во тој момент никој не поминал оттука.“ - вели жител од населбата „Охридати“.
DSC_0323.JPG

Причините за пожарот ќе ги утврдува истрагата, но неофицијално тој бил предизвикан од краток спој. Жителите се сомневаат дека причина за тоа е човечки фактор, односно неовластено приклучување на елетро мрежата.
DSC_0329.JPG

Истрагата ќе ја утврдува и настанатата материјална штета во зградата и деловните простории кои се наоѓаат во приземјето каде избувнал пожарот.
OhridNews

24.06.2013 11:28

Прочитана е : 3007 пати

© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Охрид е многу убав град, ама со цените претеруваат :)
 
Повторно се плаќа паркингот во центарот на Охрид

Од денеска повторно е во сила наплатата за паркирање моторни возила во централното градско подрачје во Охрид.

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ од денеска ќе врши наплата за паркирање на дел од паркиралиштата во центарот на Охрид и тоа паркинг-простор што се протега на улиците „Македонски Просветители“ од пресекот на булевар „Туристичка“ до крај заедно со кружниот тек на сообраќај, потоа просторот што се протега на дел од ул. „Партизанска“ од пресекот со „Мак. Просветители“ до ул. „Кузман Јосифоски Питу“, од раскрсницата на оваа улица со „Партизанска“, па се до пресекот со Кејот „Маршал Тито“, заедно со париралиштетп зад хотелот „Ривиера“, како и паркинг-просторот што се протега на дел од Кејот „Маршал Тито’’ и тоа од пресекот со „Македонски Просветители“, па се до излезниот терминал кај паркинг-куќарка на истата улица.

Наплатата за паркирањето ќе се врши зонски односно со две тарифи. Во зоната „А“ во строгиот центар („Македонски просветители“, кружниот тек) надоместокот за паркирање ќе чини по 40 денари за првиот односно вториот час, како и по 30 денари за секој нареден час. Во т.н. зона „Б“ паркирањето ќе чини 30 денари во првиот и исто толку во вториот час, а за секој нареден час ќе се плаќа по 20 денари.

Директорот на ЈП „Билјанини извори“ Иванчо Цветкоски изјави дека ова се цените за наплатата за паркирањето за оваа летна туристичка сезона, односно дека постои можност цените за паркирањето да бидат намалени после 1 септември, но таа одлука ќе треба да биде одобрена од Советот на општина Охрид. Цветкоски појасна дека наплатата за паркирањето оваа летна сезона ќе ја вршат вработените на претпријатието со тоа што истите за наплата ќе користат фискални апарати, додека за во иднина се размислува за примена на алтернативни начини за наплата како користење мобилни телефони и друго.

Исто така тој соопшти дека Јавното претпријатие што стопанисува со јавниот паркинг-простор во централното градско подрачје ќе склучува договори за долготрајно користење користење паркинг-место, но исклучиво со заинтересирани правни и физички лица кои живеат односно работат на улиците каде се наплаќа паркирањето.
 
Охрид е многу убав град, ама со цените претеруваат :)

Епа тоа е си се лакоми народот само тогаш сака да лапа пари не мисли за идната година дека ќе нема никој..а со паркингот ништо ново не е..
 
Охрид е добро место за летен одмор, али реално, за слична цена со која што можеш да си поминеш во Охрид, можеш да поминеш и во многу поатрактивни, поубави летни дестинации кои ни се во близина. Кога охриѓани би размислиле малку, би ги погледнале понудите во Дојран и Преспа (пошо Охрид е од тој тип на туристички места, нели) мислам дека далеку повеќе туристи ќе им одат и охриѓани ќе заработуваат повеќе пари од туристите.
Сеа точно е дека во Грција е малку поскапо за разлика од Охрид, али сепак цената е слична и секако да напоменам дека Грција е увек во Топ 5 светски туристички дестинации во светот. Не може Охрид да се споредува со тој тип на туризам, и да има цени од тој тип. Нема смисла.
 
добро бе не ви досади истите приказни секоја година да ги вртите? кој ќе оди во охрид нека оди кој мисли на друго место дека е подобро нека оди тамо и чао пријатно...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom