Стандард добри анимации и солидна графика, ми се допаѓаат деталите и арт стилот. Cartoon-ish графика нормално за да може и со тостер на Windows XP да се игра. Па пак и со овој енџин страшно добро изгледа.
Приказната им е доста слаба, по клише не може да биде. Добрите херои се борат против лошите во одбрана на земјата, ВО ИДНИНАТА! Каков твист, страшна работа. Не ја гледам потребата од приказна и беграунд за ликовите за пуцачина во арена, да имаше кампања како на Star Craft 2 на пример да разберам.
Сигурно ќе има одличен гејмплеј и ќе биде исполирана до бескрај, сепак игра на Близард е а тоа значи дека ќе мора да се проба да се задоволи радозналоста. Се надевам на Free to Play со микротрансакции но ОК е и еднократно плаќање ако е навистина добра и интересна, што ќе се види од бетата.
Само уште ова. За нешто повеќе од 1 година отприлика ќе ги дуплираат актуелните наслови. Првин беа 3 (D3, SC2 и WoW) сега ќе бидат 6. Со сите оние пари од претплатата на WoW и останатите микротрансакции, Близард во моментов е гигант, може да ангажира тимови и артисти да работат на повеќе игри симултано. Сите студија за игри идат на Gamescon и слични ивенти Близард си има своја конвенција, cause why not им се може. И на крај пак се вадат дека немаат ресурси да вадат контент пачеви и експанзии за WoW побрзо.
Ах колку пари имам фрлено на мивкиве и пак не ми доаѓа памет.