Отварање на картинг патека во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Duffy Duck
  • Време на започнување Време на започнување

Duffy Duck

Pilot Lovac
Член од
12 мај 2006
Мислења
196
Поени од реакции
10
СРЕДА 15ти Декември во 14ч 30мин ГОЛЕМО ОТВАРАЊЕ на АРТ КАРТИНГ ЦЕНТАРОТ заедно со Ламбе, Дани, Викторија Лоба, Ѓоко Таневски , Димитар Андоновски и Александар Тарабунов
 
Најдоа кога да ја отворат - кога мрзне и гомното :)

Инаку, браво за инцијативата. Кога ќе дознаете цени и повеќе информации, објавете тука.
 
Како што ми рекоа(сигурни информации(менаџерот е пријател на братучед ми)) цената ќе биде 250 денари и картинзите ќе бидат 100 кубика...А како што и ми кажаа најверојатно и базенот Младост ќе биде откупен и ќе биде дел од рекреативниот центар!
 
Да да почна реконструкцијата на базенот и тој ќе е дел од комплексот Борис Трајковски :)
Супер, конечно и ние еден модерен комплекс да имаме, а со тоа и добра картинг патека.
 
перење пари на велико... младост беше пред распаѓање и наместо да го направат они едвај почнале а ветуваа дека до јануари ке биде пола готов.. едвај се тренира цело скопје на олимписки.. ама тоа е у државава владее криминал и само криминал па со вакви отварања само ни прават заблуди у мозокот да мислиме дека праат добро а кузнај кој цифри се кријат позади..
 
Dobro e trebase edna ubava karting pateka vo Skopjevo da se napravi. Ona u park ne e karting nego ko u kolicka na sudaranje da se vozis
 
Убаво им текнало за картинг, ама во декември и тоа на отворено ?? тешко некако... загуби у старт ќе имаат :)
А за базенот неможам да не искоментирам иако не е за тоа темата...
Викса, помини некогаш од таму и ќе видиш дека на базенот секој ден има луѓе кои работат.
Се реновира и од надвор и од внатре, многу работи се исфрлени и се надевам дека после долго време ќе имаме еден добро среден базен, не многу голем ама барем среден како што треба.
За крадењето... па преку таквово веќе кој дојде се покраде, дечково доста млад, ама барем отвори куглана, пинг понг, теретана, еве и картинг сега па и базен. Ситни работи, но никој претходно не ги правеше... браво за него сепак.
 
250 денари? што? 5 круга?...2 круга?...круг?

Најверојатно ќе биде по минутажа.
250 денари = 10 мин.

Иначе, се планираше да се отвори пред почеток на сезоната, ама не им се чекало ете, парите да не им избегаат.
 
Да да почна реконструкцијата на базенот и тој ќе е дел од комплексот Борис Трајковски :)
Супер, конечно и ние еден модерен комплекс да имаме, а со тоа и добра картинг патека.

не мешајте баби и жаби...борис трајковски е спортска сала, која има и други дејности и активноси освен сала да биде за натпревар во кошарка или мини фудбал (куглана, билјард, продавници за спортска опрема и многу голем админстративен простор даден под кирија, на пример спортско радио 90,3 е таму). а базентот се вика младост и како таков и ке си остане. името или нарекувањето СПОРТСКИ КОМПЛЕКС БОРИС ТРАЈКОВСКИ не постои... такво нешто нема... не е базнетот под капа на директорот на салата... не е ни под ингиренции на истиот, туку на општината е, а може да биде под капа на салата, ако се нафати да го земе под рента... ако се деси тоа, тогаш и ке никне табла за водени активност во борис трајковски... ама сега за сега нема такво нешто...

второ... картингот, има ли некој цена за него... оние 250 денари спомнати за што се? 5 минути-10 минути или за што?
 
im tekna neso da napraat fala bogu al jbg kuznae i ova so ke e !!!!!!! a za dekemvri pa i ne e bas mesecov za karting na otvoreno
 
Како што ми рекоа(сигурни информации(менаџерот е пријател на братучед ми)) цената ќе биде 250 денари и картинзите ќе бидат 100 кубика...А како што и ми кажаа најверојатно и базенот Младост ќе биде откупен и ќе биде дел од рекреативниот центар!

Не ти се сигурни информациите!

Прво картинзите се 200 кубика, второ цената сеуште не се знае!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom