S
Sith_Lord
Гостин
Чудно е да не фаќаат носталгии за нешто што не сме го доживеале. Дефинитивно. Нашите старци гомна јадат за тоа колку се било розево "тогаш". Како се патувало, дружело и шлангопрцало во оргијашко-животен занос. Чудни се луѓето кои го перат минатото и го шминкаат за да можат да живеат во него во својата глава, кога веќе не сакаат да се позанимаваат со сегашноста.ЧУдна е човечката психа. Чудно е да не фаќаат носталгии за нешто што не сме го доживеале. Сериозно, од кога се јави свеста “дека сме отуѓени“? Во доба на вакцини, микрочипови, куќи со брави заклучуваме дека треба да зборуваме со луѓето. Повеќето луѓе се зли. И слушаат турбофолк. Зошто би зборувал со некој што пее сатански стихови? Што го спречува освен законот, да ме убие кога веќе слуша турбофолк? А вака на интернет, површно (ох) не обземаат емоции едноставно да зборуваме со сите луѓе во сечовечки дијалог за решавање на проблемите. Срање!
Научниците најубаво работат сами.
Уметниците најубаво работат сами.
Реалност- интернетот ти отвара можности демек да се поврзеш со луѓе кои ги делат твоите интереси, без разлика колку далеку живеат и кои се нивните пипл скилс при тие судири лице во лице. Комшијата слуша турбо фолк. Кој го ебе. Ќе зборам со некој од Вукојебиново што ќе ги ислуша моите ментални мастурбации и ќе се согласи со мене. И ќе искочиме и ќе се дружиме, Вукојебиново и Богуизалеѓа, без некои реални врски помеѓу нас покрај неколкуте напушени муабети преку мсн и сл. и после ќе се чудиме што тие особи нема да се нацртаат кога ќе не фркне епилептичен напад дома, пошто можеби виртуелно се блиску до нас, но реално комшијата е најблиску, а нели него го одебавме.
Проблемот, Бадич, е комуникацијата преку proxy. Виртуелната елиминација на времето и просторот. Инстант муабет со Бангладеш, демек. А Кисела Вода ти останува мистерија... итн.
Секој пробува да ти продаде нешто. Све е комодитет. Се се продава и купува. Него муабетот ми беше за слободната размена на мисли и дружбата, која е важна ако ништо друго заради опстанокот, бидејќи без мрежа на луѓе, колку и да е силна твојата уметност, колку и да си генијален научник, осуден си да згаснеш без твоите идеи да допрат до било кого.Тие што лажат ’дека треба да комуницираме лице в лице“ пробуваат да ти продадат нешто (како на пример партиите) или да ти го дигнат новчаникот во гужва во автобус.
Sith