Отуѓеност

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
ЧУдна е човечката психа. Чудно е да не фаќаат носталгии за нешто што не сме го доживеале. Сериозно, од кога се јави свеста “дека сме отуѓени“? Во доба на вакцини, микрочипови, куќи со брави заклучуваме дека треба да зборуваме со луѓето. Повеќето луѓе се зли. И слушаат турбофолк. Зошто би зборувал со некој што пее сатански стихови? Што го спречува освен законот, да ме убие кога веќе слуша турбофолк? А вака на интернет, површно (ох) не обземаат емоции едноставно да зборуваме со сите луѓе во сечовечки дијалог за решавање на проблемите. Срање!
Научниците најубаво работат сами.
Уметниците најубаво работат сами.
Чудно е да не фаќаат носталгии за нешто што не сме го доживеале. Дефинитивно. Нашите старци гомна јадат за тоа колку се било розево "тогаш". Како се патувало, дружело и шлангопрцало во оргијашко-животен занос. Чудни се луѓето кои го перат минатото и го шминкаат за да можат да живеат во него во својата глава, кога веќе не сакаат да се позанимаваат со сегашноста.

Реалност- интернетот ти отвара можности демек да се поврзеш со луѓе кои ги делат твоите интереси, без разлика колку далеку живеат и кои се нивните пипл скилс при тие судири лице во лице. Комшијата слуша турбо фолк. Кој го ебе. Ќе зборам со некој од Вукојебиново што ќе ги ислуша моите ментални мастурбации и ќе се согласи со мене. И ќе искочиме и ќе се дружиме, Вукојебиново и Богуизалеѓа, без некои реални врски помеѓу нас покрај неколкуте напушени муабети преку мсн и сл. и после ќе се чудиме што тие особи нема да се нацртаат кога ќе не фркне епилептичен напад дома, пошто можеби виртуелно се блиску до нас, но реално комшијата е најблиску, а нели него го одебавме.

Проблемот, Бадич, е комуникацијата преку proxy. Виртуелната елиминација на времето и просторот. Инстант муабет со Бангладеш, демек. А Кисела Вода ти останува мистерија... итн.

Тие што лажат ’дека треба да комуницираме лице в лице“ пробуваат да ти продадат нешто (како на пример партиите) или да ти го дигнат новчаникот во гужва во автобус.
Секој пробува да ти продаде нешто. Све е комодитет. Се се продава и купува. Него муабетот ми беше за слободната размена на мисли и дружбата, која е важна ако ништо друго заради опстанокот, бидејќи без мрежа на луѓе, колку и да е силна твојата уметност, колку и да си генијален научник, осуден си да згаснеш без твоите идеи да допрат до било кого.

Sith


 
Значи :
Интермец=ДЕВИЛС ВРК
Турбо Фолк=ДЕВИЛС ВРК
Компјуктур=ДЕВИЛС ВРК
Работа 6 дена во неделата=ДЕВИЛС ВРК
Родители ,баби и дедовци=Д ДЕВИЛ

Ајде бре луџе,шо не го мавате карактерот на чоекот,немаат врска овие работи,освен последната,стариве се вистина Д Девил,ама не отуѓуваат...
Ако имаш сила да ги забораваш срањата што ти ги прават,нема да бидеш туѓ со никој...нормално ке бидеш нешто друго...
 
Што е тоа отуѓеност во вашиот ум ???

Кога некој ќе ве запраша како се викате..?
Вие ќе му одгворите.. ЈАС СУМ .. па следува ИМЕТО ... па потоа Презимето... Па фамилијата ... Па градот.. Па државата .. Па работното место или завршеното образование и така натаму.. што на крај може да завршите со прашањето за која партија си !

Муабетот ми е дека од кога ќе се родиме ние сме - ЈАС СУМ. Немаме име, немаме ништо, освен Тело, Ум за да го контролира телото и Свест која е над умот и телото. Сите идентитети ни се даваат понатаму..не ги бираме ние..барем не во почетокот.

Во оваа наша држава имаме луѓе со различни вери, различни вредности, различни погледи кон реалноста и кон животот... имаме турбо фолкери, рапери, технаџии, рокери, педери, лезбејки, попови, директори, клошари, компјутерџии, преваранти... и други разни ИдЕнТиТеТи !
Меѓутоа во краен случај сите тие се исти, само со различни вредности и смисол за живот.

Кога збориме сега за отуѓеност.. дали е тоа отуѓеноста која ја чувствува твоето Его во потрага по храна ?? или е тоа отуѓеност на твојата свест која е во потрага по друга високо свесна личност со вистински смисол за вредноста наречена живот ???

Дали ја бараме вистината за нашето постоење и вистината на она - ЈАС СУМ, или го бараме одговорот кој ќе ја задоволи причината за нашето постоење од типот.. па еднаш се живее, па мене ми е важно шо иам у џеб..итн..итн..??

Дали сме ние Его со налепени идентитети ? или сме Свест која е подеднаква кај сите човечки суштества кога се доживува во вистинската смисла на зборот свест?

Според мене .... отуѓен може да биде човекот којшто осеќа дека му фали нешто, а тоа е нормално нешто материјално. Материјалното секогаш е потреба број 1 кај човекот во денешниов свет. Материјалното е секогаш број 1 потреба за да се осети задоволство (краткотрајно) кај човекот.

Со оглед дека материјалното е променлива форма на постоење, така и нашите потреби ќе бидат секогаш променливи, меѓутоа постојани ! Секогаш ќе ни фали нешто, или ќе сакаме секогаш нешто ново и модерно. А на крајот од краиштата тоа е само променлива форма на метеријалното. На подолг рок ние никогаш нема да бидеме задоволени во целост, и секогаш ќе ни фали нешто НОВО.

Некој ке рече не е се до материјалното, има нешто и во нематеријалното.., како на пример носталгии по минатото, по некој минат момент, или по некоја девојка/дечко што сме ги имале, па веќе ѓи немаме..

Што е тоа “бре“ минато ??? Што е тоа иднина ???

Проблемите, желбите, посакувањата и времето воопшто како поим постојат само во минатото и иднината на твојот УМ. Реално.., ако погледнеме сите сега додека го читаме постов ние немаме никакви проблеми.. Меѓутоа кога ке се сетиме (значи го користиме времето на умот) на некоја случка од минатото или на некоја емоционална потреба за иднината ние одеднаш добиваме ЧУВСТВО на потреба. Потреба за нешто да измениме, или создадеме да добиеме, да имаме...... и додека не го направиме тоа, ние се ЧУВСТВУВАМЕ незадоволни и како да сме во потрага или мисија по некоја работа...

Но, ако ги заборавиме сите тие потреби и желби, и СВЕСНО живееме во моментот кој е реалност за нас, а тоа е моментот додека постоиме.. и свесно се посветиме кон работата која ја вршиме, ние ќе дојдеме до посакуваната ситуација без чувство на чекање или без некои емоционални земјотреси коишто настанале од желбите, минатото, иднината, итн..итн...

Можеби муабетов на некој ќе му биде јасен, а на друг глупости.. во краен случај, вистината е една.. и таа е една за сите! А тоа ние како живееме или САКАМЕ да живееме немора да значи дека е вистината.. туку само некоја потреба на нашиот ум, нашето Его... и нашето општество..!!
 
Hello.
Is there anybody in there?
Just nod if you can hear me.
Is there anyone home?

Come on, now.
I hear youre feeling down.
Well I can ease your pain,
Get you on your feet again.

Relax.
I need some information first.
Just the basic facts:
Can you show me where it hurts?

There is no pain, you are receding.
A distant ships smoke on the horizon.
You are only coming through in waves.
Your lips move but I cant hear what youre sayin.
When I was a child I had a fever.
My hands felt just like two balloons.
Now I got that feeling once again.
I cant explain, you would not understand.
This is not how I am.
I have become comfortably numb.

Ok.
Just a little pinprick. [ping]
Therell be no more --aaaaaahhhhh!
But you may feel a little sick.

Can you stand up?
I do believe its working. good.
Thatll keep you going for the show.
Come on its time to go.

There is no pain, you are receding.
A distant ships smoke on the horizon.
You are only coming through in waves.
Your lips move but I cant hear what youre sayin.
When I was a child I caught a fleeting glimpse,
Out of the corner of my eye.
I turned to look but it was gone.
I cannot put my finger on it now.
The child is grown, the dream is gone.
I have become comfortably numb.
 
...
ЧУдна е човечката психа. Чудно е да не фаќаат носталгии за нешто што не сме го доживеале. Сериозно, од кога се јави свеста “дека сме отуѓени“? Во доба на вакцини, микрочипови, куќи со брави заклучуваме дека треба да зборуваме со луѓето. Повеќето луѓе се зли. И слушаат турбофолк. Зошто би зборувал со некој што пее сатански стихови? Што го спречува освен законот, да ме убие кога веќе слуша турбофолк? А вака на интернет, површно (ох) не обземаат емоции едноставно да зборуваме со сите луѓе во сечовечки дијалог за решавање на проблемите. Срање!
Научниците најубаво работат сами.
Уметниците најубаво работат сами.
Тие што лажат ’дека треба да комуницираме лице в лице“ пробуваат да ти продадат нешто (како на пример партиите) или да ти го дигнат новчаникот во гужва во автобус.

Лесно е да си мизантроп бе Бада. Многу полесно е гледаш од страна, да осудуваш и да обвинуваш отколку да пробаш да најдеш заеднички јазик со луѓето, да пробаш да ги најдеш убавите особини кај секој, на крај краева да прифатиш дека и ти си човек со доблести и мани.

Друго нешто, некој рече дека е заради темпото на живот, немањето време...Време? Не е толку дека луѓето немаат доволно време колку што е дека луѓето не сакаат да го "трошат" времето на НЕегоистичен начин.
 
Лесно е да си мизантроп бе Бада. Многу полесно е гледаш од страна, да осудуваш и да обвинуваш отколку да пробаш да најдеш заеднички јазик со луѓето, да пробаш да ги најдеш убавите особини кај секој, на крај краева да прифатиш дека и ти си човек со доблести и мани.

Друго нешто, некој рече дека е заради темпото на живот, немањето време...Време? Не е толку дека луѓето немаат доволно време колку што е дека луѓето не сакаат да го "трошат" времето на НЕегоистичен начин.

Немој да го обвинуваш Бада затоа што ја прикажува пореалната страна на ситуацијата во која што секој од нас, сакал или не се наоѓа.Без разлика на тоа колку ние можеме да бидеме фини, нежни и пријатни со луѓето во нашата близина, не секогаш (почесто) тие нема да бидат со нас.
Тогаш зошто воопшто би се труделе?
Се убива желбата на човекот да биде подобар од тоа што е, се убива апсолутно секоја потреба за зближување кога над глава му висат семејни и финансиски проблеми, а хипотеката на куќата сеуште не е платена, а децата бараат пари за на училиште.
Така што, отуѓеноста е резултат и производ на времето кое што го живееме, можеби, но повеќе е на нашата перцепција на работите, а тие што живеат без розевите очила, ја гледаат реалноста на Бада.
 
Можеби муабетов на некој ќе му биде јасен, а на друг глупости.. во краен случај, вистината е една.. и таа е една за сите! А тоа ние како живееме или САКАМЕ да живееме немора да значи дека е вистината.. туку само некоја потреба на нашиот ум, нашето Его... и нашето општество..!!
Одлично. Отуѓеноста на крајот на краиштата можеби и не постои. It is all in our hеads. Ние сакаме да мислиме дека живееме во свет во кој лугето се отуѓени, никогаш не сме пробале да го смениме начинот на комуникација можеби?
 
Одлично. Отуѓеноста на крајот на краиштата можеби и не постои. It is all in our hеads. Ние сакаме да мислиме дека живееме во свет во кој лугето се отуѓени, никогаш не сме пробале да го смениме начинот на комуникација можеби?

Можеби е така со оглед на тоа дека на некои им одговара таа отуѓеност, која други за сметаат за негативна. Секој си избира свој начин на живот, на крај краева.
 
Лесно е да си мизантроп бе Бада.
Ама фина комуникација и учество и дијалог. Како 17 годишна ученичка увиде дека ширам мизантропија, ја разби механиката (лесно било!) и контрадикторно заклучи дека е подобро да се вклучиме во комуникација (од после откако ги донесе сите заклучоци).

Ах.
 
Гледам дека сум повикан на темава



Знаеш дека ми се допаѓа оваа реченица.

Он топик:

Мислам дека не е се така црно. Не се отуѓуваме нити имаме проблеми со комуникација. Времето се менува и се менуваат навиките на луѓето и нормална работа е да не ги сакаме тие промени.
Проблемот е закоравеноста на старите и нивната желба ние да не успееме, и најголемиот проблем дегенреичноста на младината и апсолутната апатија во нивните таканаречени умови...да турбофолкот е проблемот ид а ова сите ќе го прочитат и да веер пак ќе кршат кичми на тоа.

Сусаро нејќам збор да чујам од тебе за ова:pos:



Види Јоцо, јас луѓето у живот посплотени не сум ги видел од кафана. Ако таму не се зближиш со некој не знам каде би можел.



Факинг социјализм... кретенското уредување каде сите можевме да се осеќаме како луѓе. Неееее... Ова е тоа, работиме форевр за да може “General motors to make juuuust a little more profit“ :tapp:Поздрав Сусаро :helou:



Викса, јас само ќе го цитирам Курт Кобејн убаво си рече човекот (ако е левак)




Имало алиенација и во социјализмот, Викторе. Не се знаело кој би можел кодош да биде и да "те каже" на најблискиот релевантен авторитет дека си зборел некои опасни глупости за ју ноу ху.
Комшијата можел да те прати на море (читај- Голи Оток) и мува да не го полази.

Се доближуваш до проблемот, ама за малце го утињаш. Знаеш ли кој е крив за алиенацијата? Ти си крив.
И јас сум крив.
И сите што ги знаеш и сакаш и мразиш и сеедно.

Како што животот добива на темпо и на брзина, се полесно е да се изолира човек од своите "ближни", што би рекол Господ. Капитализмот не е изговор. Конзумеризмот не е изговор. Ништо од ова не е. Луѓето отсекогаш биле лајна едни со други и не се приметувале. Мнозинството од нив секогаш и ќе бидат.
Онаа мала група што ни го обелува образот како луѓе и овозможува преку своите дела воопшто да се задржат во ова време поимите како пријателство, блискост, љубов- таа треба да ви служи за пример.​

Јебеш идеологии. Сакајте ги луѓето. Тоа е единствената идеологија која ви е потребна. И ако сакате, ќе одвоите време за нив. Алиенација, шмалиенација. Ако можат некои, можете и вие.​

Ајт преку к.р веќе од лигавење. Оттуѓени сме биле. Па викнете некого надвор, место по мсн да дрндате. Идете сабота на кампување. Направете нешто со себе.

Sith

едит: И уште нешто ми текна. Зборите за проблемот на оттуѓување како да живеете во најдлабоката јама на западниот турбокапитализам, каде што луѓето навистина се присилно оттуѓени едни од други, за разлика од нас, кои само се правиме курнази и од инает не се поздравуваме на улица, а не од што имаме нешто многу работа и ангажмани во животов. И од таков народ преку к.р.

Толку.
 
Одлично. Отуѓеноста на крајот на краиштата можеби и не постои. It is all in our hеads. Ние сакаме да мислиме дека живееме во свет во кој лугето се отуѓени, никогаш не сме пробале да го смениме начинот на комуникација можеби?

Отуѓеноста е само форма на емоција која ја осеќа нашиот мозок како производ на одредени настани и при тоа ни наметнува реалност која ние ја осеќаме како навистина таква! Меѓутоа.. кога во спротивност би биле НеОтуѓени, тогаш нашата реалност ќе ни биде со таа емоција.

Е сега тргни ги емоциите на страна како поентери на твојата реалност и види што ќе ти се мота низ глава во таква состојба и како ќе ја перцепираш реалноста...(?!) Ако тогаш не се осеќаш отуѓен или неотуѓен, како ќе ја отсликаш сликата на твојата душевна состоба ??? ... Јас, би ја окарактеризирал како СПОКОЈНОСТ.
 
Јас мислам дека во животот на секој човек имало барем еден момент во кој тој се чувствувал отуѓено, и барем еден момент во кој тој не се чувствувал отуѓено...

Дали ќе се чуствуваме така, или не, најмногу зависи од нас самите...
 
Јас мислам дека отуѓеноста е до некаде нормална работа..затоа што нема човек кој што еден во еден период од животот не се почуствувал така..А додека зборувате за онаа отуѓеност во капиталистичкиот период кај нас се уште не се отуѓени толку луѓето затоа што можеби капитализмот сеуште не е навлезен доволно во нашите психи и никој не е 24 часа зафатен со работа за да не може да му дозволи на некој да ужива во дружбата со друг или да нема време за своето семејство па за да се чуствува отуѓен..
 
Отуѓеноста е само форма на емоција која ја осеќа нашиот мозок како производ на одредени настани и при тоа ни наметнува реалност која ние ја осеќаме како навистина таква! Меѓутоа.. кога во спротивност би биле НеОтуѓени, тогаш нашата реалност ќе ни биде со таа емоција.
А каква е таа неотуѓеност?

Сакаш да кажеш дека целосно сами си ја формираме реалноста?
Дека не постои отуѓеност/неотуѓеност и други варијации и крајности, туку само наши привиди.
Односно гледаме и живееме само она што одбираме да го видиме и осетиме?
 
А каква е таа неотуѓеност?

Сакаш да кажеш дека целосно сами си ја формираме реалноста?
Дека не постои отуѓеност/неотуѓеност и други варијации и крајности, туку само наши привиди.
Односно гледаме и живееме само она што одбираме да го видиме и осетиме?


ќе ти одговорам коа ќе станам, ептен сум крш и ми се спие...а утре треба да трчам на кеј од сабајле :)

Позрав!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom